Коментари

ВМРО ДПМНЕ како партија секогаш била прва на браникот на татковината


Свекрва

ВМРО ДПМНЕ 26 години на политичката сцена

Од Основачкото собрание на 17 јуни 1990 година до денес, ВМРО ДПМНЕ како партија секогаш била прва на браникот на татковината.

Во текот на своите 26 години постоење, како и од осамостојувањето на земјата до денес, партијата секогаш вложуваше во напредокот на земјата и секогаш ги исполнуваше ветувањата дадени на народот. Всушност ветувањата не беа само декларирана љубов кон својот народ и татковината, не беа само празни партиски ветувања, туку реалност која ги потврдуваат резултатите на политички и економски план.

Заслугата што денес Македонците имаат самостојна и независна држава, своја армија, своја валута, сопствена дипломатија и македонски репрезентации во повеќе спортови, кои ја афирмираат земјата во светот, ја имаат голем број македонски патриоти токму од редовите на ВМРО ДПМНЕ, од кои многумина за жал денес не се меѓу живите. Нивните жртви, нивниот самопрегор беа пример за младите поколенија, кои се нафатија да го продолжат нивното дело, да ја развиваат демократијата во земјата, да ја изградат Македонија во модерна европска земја.

Од своето формирање ВМРО ДПМНЕ го оправда своето име и како партија направи многу за осамостојувањето и независноста на Македонија, како и за нејзината изградба. „Вложи најмногу од било кој не само за осомостојувањето и независноста, туку и за напредокот на земјата, економски, политички, демократски, патот кон ЕУ и НАТО,националното единство, но и реформите, изградбата на земјата, решавање на најмногу проблеми на граѓаните, делата“ ќе изјави по повод роденденот на партијата нејзиниот лидер Никола Груевски.

Во последнта деценија, трудејќи се да ја направат земјата пристојно место за живеење, ВМРО ДПМНЕ како партија на власт успешно се спротивставуваше на политичките, економските и безбедносните кризи, кои во процесот на глобализација ја зафатија Македонија. Предводени од лидерот на партијата Никола Груевски, ВМРО ДПМНЕ застанаа не само во одбрана на идентитетот, туку и во надминување на последиците од транзицијата на социјалдемократите кој ја опустошија земјата непосредно по нејзиното осамостојување.

Сваќајќи дека на народот не му се потребни празни ветувања и декларативна љубов, туку љубов потврдени со дела, раководството на ВМРО ДПМНЕ заедно со народот, рамо до рамо, се зафати со низа проекти да им се олесни животот на граѓаните – да се намали невработеноста во земјата. Резултатите кои беа постигнати во последната деценија беа импресивни, што резултираа со доверба на народот континуирано изразена на редовните и вонредни локални, парламентарни и претседателски избори.

Денес благодарение на раководна гарнитура на ВМРО ДПМНЕ земјата е огромно градилиште. Се градат нови автопатишта, регионални патишта, нови железнички линии кои земјата треба да ја поврзат со истокот и западот, се отвараат нови капацитети во стопанството, здраството и образованието, а за разлика од времето на владеењето на СДСМ, невработеноста рекордно се намали. Сето тоа обичниот народ успеа да го разбере. Македонскиот народ препозна дека ВМРО ДПМНЕ ги води кон поубав живот и конечна европеизација на земјата, но ваквиот успех и зајакнување на земјата го уплаши СДСМ и некои надворешни фактори.

Меѓутоа, додека големите политичари го водеа народот кон успех, малите почнаа да го заведуваат и отвараат фронтови на внатрешен и надворешен план за да направат од македонските граѓани безимени и неми послушни граѓани, а од Македонија темен вилает во кој ќе ги скријат своите неуспеси. И додека лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски со својот тим грабеше напред кон подбра и посветла европска иднина, лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, со надворешна поддршка и соросовите здруженија во земјата, започна ретрограден процес на разградување на идентитетот и сопствената земја.

Народот вели дека нападот е најдобро оружје за да се скријат сопствените слабости. Оттука и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, без да има понуди, решенија за подобра иднина на народот, со т.н. бомби започна да го заведува, за потоа преку шарена револуција да се обиде да влезе во власта без избори. Едноставно, сето се прави, за да се сокриат своите и темни петна на СДСМ.

Потврди за ваквото однесување на челниците на СДСМ има многу. Но, сепак најдобра потврда дека опозицијата нема решенија за подбра иднина на земјата говори нивното барање за воведување цензура на медиумите во земјата. Со евентуално воведување на цензура во медиумите, опозицијата сака да ја укине демократијата и да направи од граѓаните безимени и неми послушни граѓани, а од Македонија темен вилает во кој ќе ги скријат своите неуспеси.

Меѓутоа, ВМРО ДПМНЕ решително се спротивставува на барањето за укинување на демократијата и будно го следи секој обид на опозицијата и надворешниот фактор за разнебитување на Македонците. На секој нивен потег одговара со нов проект од интерес за граѓаните. А народот тоа знае да го цени што покажуваат рејтинзите на партиите и едвај чека својот одговор да го даде на избори од кои СДСМ бега како од ѓавол.

Драган Богдановски денес би се гордеел со постигнатото на својата партија која на чело на земјата направи вистинска ренесанса во Македонија.

Тој би се гордеел со ВМРО ДПМНЕ која ја изнесе земјата од темниот вилает во кој опозицијата упорно се обидува да го врати македонскиот народ. Но, како поборник на демократијата и македонско национално единство, Драган Богдановски сигурно би се чудел дека во независна и слободна Македонија сеуште има луѓе кои упорно работат против интересите на сопствениот народ и земја и дека некои го заборавиле аманетот од нашите претци кој парафразиран вели: „Македонски борци бевме и до крај да се бориме за македонскиот народ, а не да се бориме за Бугарија, Србија или Грција. Ние што сме од македонска земја, треба за Македонија да работиме. Штом сме македонски раководители, за македонскиот народ да работиме, а не, да не можеме да се разбереме и да се тепаме меѓу себе“.

ВМРО ДПМНЕ во својот мандат како владеечка партија, од 2006 до денес, постигна многу. Сепак најголем успех е намалувањето на навработеноста од тогашните 38 % на само 24,6 %. Со новите проекти се очекува овој тренд да се зголемува. Ако тимот на ВМРО-ДПМНЕ и во услови на политичка, економска и безбедносна криза успеа да реализира најголем дел од предвидената програма, тогаш може да се очекува и во иднина дека ќе може успешно да ги реализира предвидените проекти.

Така со мудра политика, воздржаност, толерантност, чесност, ВМРО ДПМНЕ ја отвора перспективата за Македонија кон нови видици. Тие го прават секој граѓанин на Македонија да се чувствува горд што е Македонец, да работи неуморно за својата цел – да се зачува името и идентитетот на македонскиот народ и да се залага за доброто на секој граѓанин на нашата земја.

ВМРО-ДПМНЕ нека ти е среќен 26 – тиот роденден!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top