Коментари

НИКОЛА ГРУЕВСКИ ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ

aleksandar-trajkovski

aleksandar-trajkovski
Александар Трајковски

ВМРО-ДПМНЕ е партија која ја живее 26-тата година од своето постоење. Никола Груевски е на чело на партијата од 2003 година, веднаш по катастрофалниот изборен резултат на партијата на парламентраните избори на 15-ти Септември 2002 година.

По изборите на ВМРО-ДПМНЕ и се пишуваше лошо сценарио, многумина велеа дека партијата е во клиничка смрт а пак други започнаа да ги менуваат партиските книшки и да бараат излез за себе, за моќ и функции во други партии. Мал беше бројот на искрени и чесни ВМРОвци кој останаа до крај верни на идеологијата на партијата и му ја дадоа поддршката на Никола Груевски.

Слободно можам да кажам дека во ВМРО-ДПМНЕ по доаѓањето на Никола Груевски започна новата ера. Во партијата имаше место за секој оној кој е чесен, посветен, вреден и работлив човек кој сака да работи за доброто на Република Македонија.

Од година во година доаѓаа предизвиците, се случи авионската несреќа на претседателот Борис Трајковски и кандидатурата за претседател на Република Македонија на Бранко Црвенковски, се случи и нов удар врз партијата кога поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски одлучи да ја напушти ВМРО-ДПМНЕ и да формира своја партија.

Новата ера во ВМРО-ДПМНЕ почна да биде препознавана кај граѓаните, тимот околу Никола Груевски беше тим со луѓе образовани, луѓе кои зад себе немаа транзициско минато, луѓе кои не припаѓаа на боржуазијата. Првиот реален предизвик на новото раководство предводено од Груевски беа локалните избори во 2005 година на кој ВМРО-ДПМНЕ и здружената опозиција победи во 22 општини низ Република Македонија.

Првите парламентарни избори на новото раководство беа во 2006 година кога партијата, новото раководство и Никола Груевски ја сменија сликата за политичарите и политиката во Република Македонија. За прв пат во историјата на нашата држава одредена партија и лидер излегуваат со изборна програма во која се наведени конкретни рокови за реализација и потребни финансиски импликации за реализацијата на истата. Никола Груевски ја смени сликата за политичарот во Република Македонија. Тој постојано е на терен, помеѓу граѓаните. Изборниот резултат на тие избори беше 44 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија.

Минуваа годините, се нижеа предизвиците. Од година во година         ВМРО-ДПМНЕ стануваше се посилна и посилна.

Никола Груевски е човекот кој ја крена Македонија на нозе.

Тој е човекот благодарение на кого Република Македонија започна да се менува и да чекори напред, тимот кој тој го предводеше ја симна невработеноста во Република Македонија на рекордно најниско ниво, во негово време Македонија ја живее ренесансата и обновата насекаде се градат патишта, се вложува во образованието, земјоделството, здравството, институциите СЕ!

Македонија се менува!

Никола Груевски ја прероди ВМРО-ДПМНЕ!

Никола Груевски ја врати довербата кај народот во Татковината!

Пустите желби на душманите и шаката изродници на Македониот народ за заминување на Никола Груевски ќе останат само желби кои нема да се остварат ниту во нивните соништа.

И за крај, порака, порака до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски:

Претседателе Груевски,

Македонија, народот и ВМРО-ДПМНЕ памети. Знаеме како беше порано а како е сега. Делата се видливи, неможе да има успешен стратег за односи со јавност доколку нема дела. За Вас претседателе делата говорат! Изборите кога и да се случат а ќе мора еден ден да се случат ќе бидат РЕФЕРЕНДУМ на кој народот на Македонија како никогаш до сега ќе гласа РЕФЕРЕНДУМСКИ ќе гласа ЗА МАКЕДОНИЈА НА ЧЕЛО СО НИКОЛА ГРУЕВСКИ!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top