
Александар Џеповски
Проблемот на МПЦ не е сегашен туку многу одамна и од многу страни замешани уште со изградбата на првата црква.
Но едно Македонците не знаат. Проблем немаше да има доколку домашните изроди не превземаа се, првенствено парите за нив и поткупот од комшиските држави и цркви. Кога и да загустеше, се повикуваа на Австралиските закони и посочувајќи го комунизмот како џокер, тие победуваа за себе и својот џеб, на штета на МПЦ и Македонија.
Со еден збор од 1957 година, кога се изгради првата црква во Мелбурн, а името Алтис ( христијанско албанско ) преиначено во Алтин, за да на крајот биде погребно напишано Христос Алтис … нека ви ги отвори очите.
Црквата не беше под Македонска јурисдикција, туку под Бугарска. Аналогно Бугарите си ја добија црквата судски (но се смета Алтис дека примил пари) и секогаш МПЦ се избегнуваше или беше во игра кога требаше Грците и Бугарите од љубомора да почнат да му фрлаат на Алтин и компанија убави суми. Сето ова подржано од Масоните тогаш, како и од останатите нивни сојузници, ја прави Македонија да помине низ една голгота.
Денес има седум Владици кои ја разнишуваат МПЦ и моше да кажеме дека Третиот Илинден започна. Бегање нема и мора да има чистка, сакале ние тоа или не, истовремено со Заевци и шарените.
Доколку ова настојуваме да го избегаваме и да не го соочиме машки и многу студиозно и сериозно, ќе лета државата и ќе ја бараат следните генерации. Кривците ќе бидеме ние неодлучните и полупесимистите.
Време за чекање нема. Нема да дозволиме еден обичен монах како и цивил со астономска црковна плата,да бидат поголем од поп, Владика, Поглавар, МПЦ па дури и од Господ. Со неговата секретарка која ги бранат Грците и не убедуваат дека сите наши имиња се од грчко потекло, со еден збор дека Македонија е грчка, знаете сега од каде дува ветерот. Од монахот и неговите претпоставени, двајцата мохиканци струмичани.
На здравје !!! Со трет илинден и напред со Господ, или Македонија ќе ја нема.