Коментари

Атентатите во Македонија

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

„Цел свет знае дека положбата во Македонија е многу тешка. Македонскиот народ – во трите дела од Македонија – е лишен од политички и уставни слободи. Страшен бел терор цари насекаде во Македонија. Насилства, прогонувања, грабежи, убиства и др. – ете така може да се карактеризира таа положба.“ – пишува Д. Владиславов во весникот „Балканска Федерација“ (,,La Federation Balkanique”), во август 1926 г./

Под псевдонимит Д. Владиславов се крие името на Димитар Влахов (8 XI 1878 – 7 IV 1953), македонски револуционер, општественик и државник. Во текот на својот живот тој бил деец на Македонската револуционерна организација, Народната федеративна партија, Солунската социјалистичка федерација, ВМРО (Автономистичка), ВМРО (Обединета), Бугарската комунистичка партија, Комитерната и Комунистичката партија на Југославија. Покрај името Д. Владиславов тој се користел со повеќе псевдоними како Д. Казановски, Д. Калиновски, Данаилов, Константин, Марсел Валтер и др.

По завршувањето на Првата светска војна, Димитар Влахов ја вршеше должноста бугарски генерален конзул, прво во Одеса, а потоа во Виена. Во 1920 година Влахов како преставник на левото крило бил избран за резервен член на ЦК на ВМРО (Автономистичка). Потоа бил испратен во Варна од Тодор Александров за да оствари контакт со Советска Русија. На барање на ВМРО Влахов, заедно со зетот на Тодор Александров, Михаил Монев заминале во јули 1923 година за Москва, која покажала симпатии кон македонското ослободително движење и желба за продолжување на контактите.

Во 1924 година тоj бил испратен со препораките на ВМРО како трговски претставник на Царството Бугарија во Виена, каде бил еден од организаторите на потпишувањето на т.н. Мајски манифест во Виена со кој ВМРО се согласува да дејствува заедно со комунистичките партии од Балканот. По потпишувањето на Мајскиот манифест, со кој требаше да се смират спротивставените водачи на ВМРО, Димитар Влахов бил отповикан од бугарската влада.

Но, наместо да ги смири страстите, тие уште повеќе се разгореле. Под притисок на Софија. Тодор Александров го повлекува својот потпис и бара од Влахов и Петар Чаулев да го суспендираат објавувањето на Манифестот и веднаш да се вратат во Софија. Меѓутоа, Влахов останува во Виена и започна со формирањето на ВМРО (Обединета).

Влахов ги изложува своите идеи во списанието  на „Балканска федерација“ (француски: La Fédération balkanique). Весникот излегувал од 15 јули 1924 до февруари 1932 година, а го редактирале Димитар Влахов, Георги Димитров, Никола Харлаков и др.

Весникот пропагира ослободување и самоопределување на балканските народи и нивно федерирање. Авторите се застапувале главно за Балканска федерација. Исто така, весникот имал особено значење за популаризирањето на македонското прашање во светот. Првиот број излегува специјално за публикување на Мајскиот манифест.

По убиството на Александов во август 1924 година, несогласувајќи се со меѓусебните чистки меѓу левицата и десницата, како и методите на дејствување на ВМРО, кое во тој период потпадна под влијание на Ванчо Михајлов, како и состојбите во сите три дела на распарчена Македонија, Влахов под псевдонимот Д. Владиславов објавува статијата „Атентатите во Македонија“ во весникот „Балканска Федерација“ (август 1926 г.), во која меѓудругото вели:

„Минатата година, кон крајот на месец октомври, поради еден пограничен инцидент на бугарско-грчката граница, грчки редовни војски и башибозуци навлегоа во Петричко, убија неколку десетини македонски селани, уништија стотини куќи и причинија пропаст на неколку стотини домаќинства. Тој „инцидент”, кој за малку ќе се претвореше во војна меѓу Грција и Бугарија,се сврши со замешувањето на Друштвото на народите. Грциjа беше призната за виновна и беше осудена да плати 30 милиони лева како оштета и макар „инцидентот” да беше свршен, причините што го предизвикаа не беа отстранети.

Одвај ако поминаа неколку недели од тој „инцидент” непознати лица фрлија неколку бомби во една кафеана во Лерин (Македонија под Грција). Како резултат на тој атентат беа ранети неколку невини граѓани и затворени неколку десетини Македонци, набедени како соучесници во атентатот и изведени пред суд. Тројца беа осудени на смрт и егзекутирани. Освен нив, 25 македонски селани од разни села во Леринско беа испратени на заточение на еден од островитево Егејско Море.

На 1 мај таа година, на Велисабота, билефрлени неколку бомби во Сгрумица (Македонија под Србија), во собата на еден хотел, каде што заседавал Месниот комитет на бандите на Пашиќ. Од тие бомби беа убиени двајца граѓани, а 11 ранети. Атентаторот успеал да избега.

На 23 јуни биле фрлени неколку бомби на една кафеана во Петрич во центарот на градот, од кои биле ранети неколку граѓани. Атентаторот или атентаторите избегале.

На 4 минатиот месец бил убиен во Битола (Македонија под Србија), пак во центарот на градот, директорот на весникот „Јужна звезда” Хаџи-Поповиќ. Еден од убијците бил фатен. Затворени биле над 30 битолски граѓани, обвинети како соучесници во атентатот. Според соопштенијата на српскиот печат, убиецот на Поповиќ, В. Николов-Липитка, признал дека тој го извршил убиството, по заповед на организацијата на Протогеров, зашто Поповиќ бил ренегат и предавник на својот народ. Меѓу затворените бил и К. Леондев, бивш македонски револуционер, кој пред десетина месеци беше и се предал на српската влада, и се ставил во услуга на српската прлиција. Тоа убиство крена голем шум, којшто уште продолжува…

Отпрвин, убиството на Поповиќ и се припишуваше на грчката влада. Владиниот печат во Бугарија, препечатувајќи ги соопштенијата на српските весници, се трудеше да објасни дека убиството е навистина дело на грчката влада. Но откако српските весници соопштија дека тоа е

дело на Протогеровата организација и ја повикаа владата на Узуновиќ да преземе постапки пред владата на Љапчев, за да им кладе крај на тие атентати – тие се помачија да ја фрлат на нас одговорноста за битолскиот атентат. В. „Зора”, личен орган на Љапчев, во кој соработува поз-натиот мракобесник и главорез Наум Томалевски, пишува: „Ако убиството е инспирирано од К. Леондев, тогаш на друго место треба да се бараат неговите организатори; а на 16 јули истиот весник пишува дека Леондев бил другар на Чаулева, со него „скитал” низ Европа и пишувал нешто во „Балканска федерација”. Убијците се толку подли, што немаат храброст да ја земат одговорноста за своите злосторства.

Кои се авторите на тие атентати? Нема никакво соменение дека тие се дело на Македонци, орудија на балканските империјалистички влади.

Атентатите во Струмица, Лерин и Битола се дело на црната ВМРО, која што е извршен терористички орган на бугарската фашистичка влада, – вчера на Цанков, денеска на Љапчев. Атентатот во Петрич и разните напади на српско-бугарската граница, на македонската земја, се дело на агентите на Пашиќ и на здружението на Каламатиев, Терзиев и Риндов.

Каква цел се сака со тие атентати? Кој има полза од нив? Кому му служат тие?

Цел свет знае дека положбата во Македонија е многу тешка. Македонскиот народ – во трите дела од Македонија – е лишен од политички и уставни слободи. Страшен бел терор цари насекаде во Македонија. Насилства, прогонувања, грабежи, убиства и др. – ете така може да се карактеризира таа положба. Освен тоа, во грчка и српска Македонија, населението е лишено од секакви национални и културни права. Таму грчката и српската влада спроведуваат систематски една политика на денационализација и асимилација. Докажано е уште дека никоја од сегашните балкански влади не сака да ја измени сегашната положба во Македонија. Никоја од нив не сака македонскиот народ да биде слободен и обвинет. Напротив, секоја од тие влади, како империјалистичка, се труди не само да го задржи делот од Македонија што го владее, но таа прави се што е можно за да создаде во деловите од Македонија, што неговите соседи ги владеат, една таква положба, при која таа би можела да го зголеми заграбениот дел од таа земја. Едно од средствата за создавање на таква положба се атентатите што тие ги инспирираат. Ете кому му служат тие атентати…

Атентатите што се вршат само ја влошуваат положбата на македонскиот народ. Со атентатите Македонија не ќе се ослободи. Дури ако самите атентатори и нивните инспиратори беа луѓе кои, вршејќи го тоа, веруваат дека на тој начин искрено му служат на македонскиот народ, ние пак ги осудуваме. Зашто ние не познаваме ни еден пример во историјата, кога со атентати можело да се постигне ослободувањето на еден народ. Но нас не обзема чувство на омраза кога гледаме дека Македонци, кои се ставиле во служба на балканскиот фашизам, се готови да извршат и најголеми злосторства кон својот народ, ако нивните господари им го заповедаат тоа.

Тие Македонци, агенти на балканскиот империјализам, се обични банди и ние како такви ги третираме…

Колку за потфрлањето на бугарскиот владин весник за некакви врски на К. Леондев со нас, ние имаме да изјавиме дека „Балканска федерација” нема ништо општо со Леондев. Нашиот однос кон него е определен: од моментот хога тој се стави на услуга на српската реакција и великосрпскиот империјализам, тој престана да биде македонски револуционер, тој се претвори во агент на српската реакција и влада. Меѓу него и Циклев и Риндов нема разлика како што нема разлика ни меѓу последните и протогеровци. Само тие се агенти на непријателите на македонскиот народ.“ (La  Balkanique, IIe Аппее, № 1 (Аоиt, 1926), р. 831/32)

Влахов не беше ориентиран ниту кон Бугарија, ниту кон Југославија (која тогаш водеше политика на крут централизам), туку кон Советскиот Сојуз, со чија помош тој се надеваше да постигне обединување на јужно-словенските народи каде Македонија би формирала одделна, автономна федерална единица.

(извор: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје 1981, стр. 18 – 20)

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top