Коментари

Победата на Мицковски е без преседан

jasmina-gj

jasmina-gj
Јасмина Ѓорѓиевска

Новиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ е избран со акламација и изборот е ратификуван од општото членство. Избирачите ја остварија алхемијата на повторното откривање на надежта и довербата.

Нова страница во долгата историја на ВМРО – ДПМНЕ се отвори.

Во политиката лидерот на партијата е најмоќниот функционер и делува како претставник на партијата, има водечка улога во развојот и сервирањето на партиската политика.

Непосредно по изборот Мицковски  ја презентираше својата пријателска визија за европска интеграција или европска Македонија пред јавноста и убедувањето за примената на механизмите на рационализацијата  на одговорноста со која ќе се обезбеди контролирана автономија во политичките задачи.

Со  досегашно делување преку чувството за одговорност, бранејќи ја каузата со личен пример, Мицковски по природен пат наметна чувство на почит и авторитет меѓу поддржувачите и соработниците.

Со својот оптимизам, енергија, знаење и правилна градација во професионалната кариера, новиот Претседател на ВМРО-ДПМНЕ носи убедлив капацитет за воспоставување и обновување на меѓу-човечките релации и врски со што го поместува размерот на поделбите и раѓа надеж за јавување на позитивна аритмија за разгорување на политичкиот систем во Република Македонија.

Со поголема демократска благост во досегашните изјави, Христијан Мицковски веќе успева да го амортизира нивото на пристапот кон политичкиот тероризам кој во моментов со нечуена жестина се чувствува притоа без да посегне по фундаметалните човекови права на политичките противници, што не води до разумен заклучок:

– Достоинството на човекот е недопирливо и секоја јавна власт е должна да го почитува и штити.

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top