Коментари

Исус имал еден Јуда, а Ние 43

Dzeposki

DzeposkiАлександар Џеповски

Фамозни 43 под контрола на Рама. Од нешто што беше најзаостанато и најпримитивно во Европа, а денес центар на каубојизмот и одгледување и препродавање на дрога, ценетата им Албанија на Јенките … дојдовме до најниско дереџе да ни крои капа никој друг туку дрогиран премиер на спомената земја облечен во одело и патики.

Овие 43 ” наши ” кретени дозволија дури и јавно да бидат исмејувани од Рама и Албанците затоа што дозволија самите епитет да им се залепи – 43 Јуди. Исус имал еден Јуда, а Ние 43.

Толку е голема нашата болка и мака во овие моменти.

Капак на се е и изјавата на плејбојот Димитров, кој замислете го “охрабрувал многу” Нимиц да ни даде демек име. На татко му е Македонија а црквата на Заев мајка му, па сега охрабруваат и молат за чивија да им влезе. Па дури и опозицијата ја советува да се приклучела во компромисот од кои треба тие да профитираат, а Македонија да изгуби.

Едно нешто е приметливо за целиот свет.

Македонија од Империја на Александар, па со тапија докажано од Турците Османлии дека е цела со Егеј, Пирин и Вардар, сега ете се разделува на уште два дела … па самите се прашуваат каде е тој “ирендетизам” на Македонија ? Да му одземеш се на некого и да го судиш дека тој ќе ти земе или поточно си го бара своето, тоа е безобразлук и најголем цинизам.

Господи Боже, сега се е буквално во твои раце.

Ти виде грдни маки од еден Јуда, додека Ние ги тргаме истите маки од 43 Јуди.

Ќе реагираш или треба да умре Македонија па да воскрсне?

Ако умре бар да воскрсне исто така, за 3 дена … не за подолго.

МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА. АМИН !!!

Најново од: Коментари

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

Непокорниот дух на Македонците – до кога ќе ги трпиме неправдите?

Македонија преживеала војни, поделби и туѓи владеења. Низ сите тие премрежија, Македонците го зачувале својот јазик и култура и изградиле своја држава. Секогаш кога ќе се спомене таа издржливост, се наметнува едно прашање. До кога од нас ќе се очекува да трпиме неправди и да правиме отстапки за прашања што го засегаат нашиот идентитет? Еден […]

Името Македонија од античките записи до уставните измени

Сребрена тетрадрахма од Амфипол со натпис „ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ“ („на Македонците“), 158–150 година пред нашата ера. Музеј на уметност во Кливленд.   Името Македонија е запишано уште во V век пред нашата ера. Од Херодот и библискиот повик до апостол Павле, преку старите карти и делото на Мисирков, до Уставот од 17 ноември 1991 година. Меѓу најстарите […]

Пресказание на Голем Александр (Александар Македонски)

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

To top