Коментари

ИЛИОН ОД ЧАИР

branko-sotirovski

branko-sotirovski
Автор: Бранко Сотировски

ШТО ЗНАЧИ ПОВТОРНО ДА СЕ РОДИШ?

Пред многу години, според пронајдените артефакти најмалку од пред 500.000 г., а пред појавата на потопот на умот, Единствениот Зет ДОН го прима словото божјо директно од Богa, под најкуса права линија од врвот на светата планина Водно. Единствениот Зет-ДОН, ДИОН, ДИОНИС во Македониа им го предава-пренесува на Македонците божјото знаење, божјата наука. Знаењето служи за добробит не само за македонскиот народ, туку и за другите племенски заедници низ светот. Затоа Зетот – ДОН ќе го сметаат за чудотворец, првиот глобализатор на светот. Македонците ќе го прогласат за Единствен ЗЕТ, ДОН, ДИОН, ДИОНИС, (Врвниот ПАН- Крал), на Планетата Македонија.

Македонците кои живееле покрај реката со бистра вода-бела и дароносна ја нарекувале Бела Река или ВАРДАР, ДОН, ДУН, ДУНАВ, ја обработувале почвата покрај самата река. Тие биле силно импресионирани поради високите приноси од земјоделските култури, употребувајќи ги советите на Единствениот ЗЕТ-Крал. Во градот Чаир живееле Македонци ариевци, наречени според почвата која ја обработувале – АР. Обработувајќи ја почвата АР, според советите на Единствениот Зет, тие остварувале огромен аир и ќар. Меѓу населението во Чаир (Ќаир) живеел стариот локален Зет Илион со неговата Невеста Марија. При обиколката на Врвниот Зет-Крал на Македонија, пристигнал во градот Чаир.

Точно на пладне, кога сонцето е највисоко а денот најсветол, Стариот Илион го посетил Врвниот Зет-ДОН, кој само што се вратил од врвот Крстовар од планината ВОДНО, за да се информира за најновите божји сознанија.

„Единствен наш Кралу“ – му се обратил Зет Илион на кралот, „Знаеме дека си ти единствениот кој го Кралот ДОН, ДИОН, ДИОНИС тогаш му одговорил, дека треба повторно да се роди за да стигнам во Македонија рајот во вселената.

„Но, како е тоа можно?“ – прашал Зет Илион.

„Ти повторно ќе се родиш само со почитување на божјото слово, работа, песна, добра мисла и добри дела, и преку оганот на запалената клада. Телото како и духот божји ќе се качат на пламените јазици, ќе те однесат на Сонцето за прочистување на гревовите, а потоа прочистен, повторно роден, ќе одиш во вечниот живот во Македонија рајот во вселената. По деведесет дена повторно ќе се родиш на Планетата Македонија, кога твојот дух божји Македон ќе биде пратен на Планетата Македонија преку молњата и ситната роса. Мајката Марија, Мадона-господарка, Планета Македонија, Богородица, повторно ќе те роди во Рајот, како син божји Македон“.

Илион тешко можел да го сфати најновото божјо откровение, затоа Единствниот Зет-ДОН продолжил: „Божјата светлина како молња ја прима Зет Асклепиј со неговиот стап-симбол на молњата, крлук или литиус, околу која е обвиткана змија, симбол на реинкарнација и вечната Планета РАЈОТ Македонија. Стапот е антена – божја молња, а змијата е Македонија. Така преку стапот, и змијата „М“ – Македонија и молњата, божјите синови – Македонците патуваат во РАЈОТ Македонија во вселената и од вселената патуваат во Македонија РАЈОТ на Планетата Македонија, секој кој го слави СЛОВОТО БОЖЈО, како реч божја МАКЕДОНИЈА, (словарницата цутна, кирилица и латиница), цифрите пролетни, музиката со 7/8-мински такт, и оној кој работи, пее, и ја поседува добрата мисла ќе го има вечниот живот“.

ilion1
Асклепиј со крлук, литиус, божја молња, енергетска антена, преку која пристига духот божји Македон, околу неа е свиткана змија симбол на реинкарнација и Македонија

Уште од времето на камениот период, Македонците кои верувале во светите божји зборови пренесени од Единствениот Зет-ДОН, а тоа се „Работа со божје слово, песна и добра мисла“, биле напаѓани, ограбувани и поробувани од одродените и одметнати безбожници, групирани во племенски заедници, кои за жал опстојуваат до денес. Денес модерните робовладетели, можат да се покаат и да се вратат кон македонската вера Право-Славна, само со верба во единствениот Бог Сонце ИЛИЈА и ја почитуваат Мајката, Марија-Мадона, Македонија, само на тој начин можт да го добијат вечниот живот.

Единствениот Зет ДОН му објасни на Зетот Илион истакнувајќи ја важноста дека:  „Големата Мајка, Марија Мадона-господарка, Богородица, Планета Македонија толку си ги сака своите деца Македонците, да на денот 25-ти декември го раѓа својот син младото сонце Зет, ИС, Р’С, Р’СТО, (рстот на денот), Р’СТОС, ХРИСТОС, Исус, за спас на сите Македонци и останати племенски групи, да никој, кој верува во божјото слово, работата, песната со божја мелодија и добрата мисла, не биде уништен, со тоа што ќе талка во вечниот мрак и гори во вечниот студ и топлина, туку да има ВЕЧЕН ЖИВОТ во РАЈОТ Македонија во вселената“. Така Единствениот Зет ДОН во Македонија во градот Чаир јасно кажал дека: „Спасението е во рацете на Таткото младото Сонце, Планета Македонија и синот обожествениот Господ Македон“.

По завршениот разговор со Илион, Единствениот Зет ДОН завршил со следните зборови: „Ти дојде кај мене кога е најсветло, со светол и јасен ум, за разлика од одродените кои ме посетуваат во темнина. Сега оди во мир и добра мисла“.   

Според најновата догма во христијанството повторно ќе се родиш со крштевање. Така е прекрстен ИСУС пред 2000 г. во светата бела вода во реката Вардар, истото ни се случува и денес.

ilion2
Горе: Змија, буква „М“- симбол на Македонија, Dendera Temple of Hathor, 1.500 г.м.е.п.п.х, Египет.

Доле: Мегалитски ѕид Перу, на кој е претставен патот на духот божји Македон од Сонцето кон Планетата Македонија и обратно, преку симболот змија.
Десно: Марија, Мадона-Господарка, Богородица, Планета Македонија, 1.700 – 1.450 г.м.е.п.п.х, Палата Кносос, Крит.

ilion3

Доказите за распространетоста на Македонскиот народ ги среќаваме на пет континенти. Тоа е змијата во форма на буквата „М“ – Македонија.

Книгата „Зета Македониа“, отпечатена е во второ дополнето издание и превод од македонски на англиски јазик, истата може да ја прочитате во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје, во националните библиотеки во Берлин, Загреб, Будимпешта, Анкара, Hong Kong – 香港 и др.  Книгата ја има во продажба, но исто така може да се купи од авторот на меил
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
или на телефон +389 78 264 106.) За други интересни теми, можете да се информирате на сајтот: www.zetamcedonia.com

Големиот интерес за книгата „Зета Македониа“ со превод од македонски на англиски јазик се должи од стравот за разоткривање на западната лажна историја, во однос на нивното македонско потекло.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top