Коментари

Македонија и Македонците не постојат од вчера!

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

„Како надомест за вашите паднати херои и пролеана српска крв од која никна слободата на наша Македонија, ние Вам, на нашиот Александар Македонски, му се предаваме себе си, а своите молитви ги упатуваме до Бога за среќа на Србија и нејзиниот Александар Велики и на српската победничка армија“ – ќе каже егзархискиот митрополит  Аксентије во својот говор пред српскиот Претстолонаследник по ослободувањето на Битола во Првата балканска војна.

Во пресрет на разговорите околу името со Атина, стана пракса одредени личности поврзани со актуелната власт да даваат изјави со кои се негира името, идентитетот и поврзаноста на денешниот македонски народ со Александар Македонски.

Така, денес имаме изјава од М. Грчев за грчки медиум во која вели дека „приказната за вечно национално постоење е луда приказна“ и дека  „оваа апсурдна врска меѓу нашата модерна нација со Александар Велики и Филип, пред 2000 година, едноставно, е смешно“. Што се однесува пак до македонската нација, тој ќе напомене дека „Нацијата на Македонците постоеше пред 1944 година, бидејќи имаме книги и текстови на нашиот јазик. Во тоа време, се разбира, малкумина го нарекуваа нашиот јазик македонски. Тие биле образовани луѓе, кои имале свое мислење и го запишале. Ова започна во 19 век. Постојат писма од 19 век, книги и весници дека луѓето во овој регион се нарекуваат Македонци“,

Жалосно е што еден интелектуалец, кој е професор и образува млади кадри, не знае или не сака да ја каже вистината за да не го навреди јужниот сосед.

Имено, Македонија и Македонците не постојат од вчера. Тоа се провлекува низ вековите, па дури и кога земјата е поделена и поробена. Во историските документи постојот голем број на докази дека името Македонија во континуитет се појавува а населението во Македонија се изјаснувало според територијалната припадност.

Во 1891 г. кардиналот Ј. Рitrа објавил зборник на документи, на број 155, кои се однесуваат на Охридската црква во време архиепископувањето на Димитрија Хоматијан во периодот од 1216 до 1235 госина. Разгледувајќи ги документите од овој период Д. Ангелов („Принос към народностните и поземлени отношениа в Македониа“, стр. 11 – 12 и сл.; 43).  доаѓа до заклучок дека мнозинството од населението го сочинувале Македонците. До ваков заклучок Ангелов дошол врз база на проучувањето на синодалните акти за народноста на поданиците на Епирската држава. Имено, тој заклучува дека „вториот по значење и по бројност народносен елемент во границите на Епирскиот деспотат во даденото време биле Македонците, за кои во актите на Архиепископијата станува збор многу често (повеќе од 50 споменувања)”.

Од синодалните акти на Охридската архиепископија (Ив. Снегаров, во „Историа на Охридската архиепископиа“, I, стр. 250, – док. бр. 72), ги изнесува доказите во кои се гледа како Иван Иеракар на почетокот на XIII век, се изјаснува дека по род е Македонец и дека потекнувал од с. Власто, сегашното Велесто, во Охридско.

Постои и од славјанскиот запис во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Горен Козјак, во кое лицето Братан во средината на XIV се потпишал дека е од Македонија. Од ова може да се види дека без разлика дали со Македонија владееле Византија, Србија или Бугарија, населението од Македонија, се изјаснува како Македонци по род. Вакви примери има повеќе.

Исто така, името на Александар Македонски било длабоко врежано во меморијата не само на Македонскиот народ, туку и кај сите славјански народи на Балканот, Особено желбата за слобода ги оживува спомените на Александар Македонски и на неговото македонско царство во 15 и 16 век. Истовремено името Македонија, кое никогаш не било заборавено, не само што се споменува туку почнува да се истакнува на видно место. Потврда за тоа се македонските грбови кои се појавуваат во овој период.

Македонскиот полк во Украина, списоците на војниците кои се изјаснуваат како Македонци и имињата на населбите како Македонов, Македоновка, Македони, Скопиевка, Куманово, Малаја Каратовка, Новиј Полог и други, се дециден факт дека македонското име и идентитет континуирано се провлекува низ вековите.

Денес, се тврди дека македонската нација започна со формирање во 19 век и дека тогаш почна да се зборува за посебноста на македонскиот јазик. Меѓутоа, за овој период познат како преродба може да се каже дека дојде до повторен изблик на македонштината, изразена во борбата возобновување на Охридската архиепископија и Креснеското востание.

Меѓутоа, создавањето на бугарската Егзархијата, наместо возобновување на Охридската архиепископија, ги придушува тој израз, иако поединци знаат повремено да ги пренесат чуствата на македонскиот народ.

Почетокот на Првата балканска војна, македонскиот народ ја пречека со воодушевување. Македонците активно земаат учествуваат во неа со свои чети и очекуваат со помош на своите православни браќа Срби, Бугари, Црногорци и Грци да се ослободи од вековното ропство и повторно да ја обнови својата славна македонско држава.

Интересен е написот „Балканска војна“ со поднаслов „Александар Македонски“ објавен во Политика од  12 ноември 1912 година. Во овој текст на српски известувач, испратен на 11 ноември 1912 г. во 6:20 часот попладнето од Скопје, се вели:

„Вчера во 10 часот претпладне во битолската егзархиска црква одржана е свечано заблагодарување по повод победата на нашата војска и парастос за изгинатите српски херои за ослободување на Македонија. Чинодејствуваше митрополитот Аксентиј со многу свештеници. Присуствуваше и Н. Кралско височество Престолонаследникот со својот штаб и неколку илјади граѓани.

Митрополитотот го поздрави со долг и трогателен говор Престолонаследникот како ослободител на Македонија и спасител на македонските христијани. „Како надомест за вашите паднати херои и пролеана српска крв од која никна слободата на наша Македонија, ние Вам, на нашиот Александар Македонски, му се предаваме себе си, а своите молитви ги упатуваме до Бога за среќа на Србија и нејзиниот Александар Велики и на српската победничка армија“. Така заврши говорот на митрополитот Аксентије.

Заблагодарувањето е одржано за  долг живот и среќа на Рускиот цар Никола втори, Кралот Петар, Престолонаследникот Александар, кралот Фердинанд, Кралот Ѓорѓе и Кралот Никола. „Ти благодарам Господи“ пееја нашите воени свештеници. При парастосот на нашите паднати витези цела црква клечејќи и плачејќи ја испеа „Вечна му памјат“. Наследниковата армија кај Битола зароби уште 51 топ, и таа со себе ќе однесе во Србија повеќе од 200. Досега турски заробеници кај Битола има повеќе од 10.000, а постојано се предаваат цели табори.“

Во својата благодарница до српскиот престолонаследник и неговата војска за ослободувањето на Битола, бугарскиот егзархиски митрополит Аксентиј ги спомнува двете имиња кои се во колективната меморија на македонскиот народ, Македонија и Александар Македонски. Меѓутоа, набргу, наредната 1913 година тој ќе биде протеран од Битола од српските власти, а територијата на Македонија ќе биде поделена меѓу Србија, Бугарија, Грција и Албанија.

balkanski-rat

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top