Коментари

ВО 1947 ГОДИНА ВО БУГАРИЈА УЧЕБНИЦИТЕ ПО ИСТОРИЈА БИЛЕ МЕНУВАНИ ВО НАСОКА ЗА ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ

aleksandar-donski

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

Неодамна потпишаниот договор за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија наводно предвидувал промена на делови од учебниците по историја во македонските училишта и нивно прилагодување за потребите на бугарската страна.  Нема да коментирам ништо додека да видиме што и како ќе се случува. Овде само ќе потсетам на еден интересен момент кој е малку познат во нашата јавност, а се однесува на упатстви за промена на текстови во учебниците по историја, но не во Македонија, туку во – Бугарија! И  тоа промена во насока на признавање на македонската нација и историска посебност. Еве како се случило тоа.

Познато е дека од април 1941 до септември  1944 година бугарската војска држеше под окупација делови од вардарска и егејска Македонија, а секако и пиринска Македонија која се наоѓа под бугарска власт од 1913 година. За овој мрачен период, кај нас се користи терминот „бугарска фашистичка окупација“, но некои субјекти во Бугарија посочуваат дека, формално правно гледано, во Бугарија тогаш не била на власт фашистичка партија (како што бил случајот со партиите во Италија, Германија, Хрватска и други), туку дека во тогашниот бугарски Парламент  мнозинството биле независни пратеници кои биле прогермански настроени, па затоа изгласале влегување на Бугарија во Тројниот пакт. Неколку пратеници биле и опозиција. Во тоа време во Бугарија постоела националистичка организација (Ратници за напредок на блгарштината), но таа не била во извршната власт. Меѓутоа,  ако  зборуваме за факти, тогаш дури и да не биле, формално гледано, фашисти на власт во Бугарија, нејзината влада „фашистички“ се однесувала (била сојузник на фашистичка Италија и нацистичка Германија, во самата Бугарија биле прогонувани,  апсени и убивани сите што биле против Тројниот пакт, се форсирал агресивен национал-шовинизам и присилна денационализација против Македонците и против сите други народи кои не биле Бугари и сл). Освен тоа  во самите бугарски воени документи од тоа време пишува дека врз Македонија била извршена „окупација“. Впрочем, поради сојузништвото со Хитлер, Софија и други градови во Бугарија биле повеќекратно бомбардирани од страна на англо-американската авијација во 1943 и 1944 година со голем број воени и цивилни жртви.

Во септември 1944 година режимот што соработувал со Хитлер бил срушен и на власт дошол Отечествениот фронт на Бугарија (кој претставувал сојуз на неколку политички субјекти, т.е. не биле само комунисти во него). Соработниците на претходниот режим (независните пратеници од претходниот бугарски парламент и други високи службеници) биле апсени и најголем број од нив биле осудени на смрт и стрелани од новата бугарска власт. Вардарскиот дел на Македонија е ослободен благодарение на борбата на македонските партизани, создадена е македонска република, по што помеѓу Македонија и Бугарија почнува најсветлиот период во односите помеѓу двата народа и држави. Во пиринска Македонија Македонците се признати како нација, се отвораат училишта и културни институции на македонски јазик и се подготвува терен за обединување на пиринска и вардарска Македонија во рамките на поширока југословенско-бугарска федерација. Во склад со добрососедските односи и официјалното напуштање на бугарскиот шовинизам во однос на Македонија и Македонците, Министерството за народна просвета на Народна Република Бугарија во ноември 1947 година упатило Циркуларно писмо до училиштата во Бугарија за исправки во учебниците по историја во насока на признавање на македонската нација и историја. Во ова Циркуларно писмо, помеѓу другото, пишува:

Изработката на новите учебници по историја по 9.IX.1944 година беше извршена во посебни услови. Поради тоа се допуштени сфаќања карактеристични за великобугарскиот шовинизам. Во други случаи одделни прашања не се доволно целосно разјаснети. Таа околност дава можност таквите места да скриваат опасност од двосмислено и шовинистичко толкување. За да се исправат допуштените грешки и да се избегне секоја можност за толкување или заклучоци во духот на великобугарскиот шовинизам, учителите по историја треба во нивната работа  во своите одделенија да ги извршат следниве исправки:

  1. 1.Во учебникот по историја за III  клас

Стр. 40 и 41

– Самуиловата словенска држава не треба да се претставува како „Западна Бугарија“.

Таа се појавува врз земји кои навистина навлегувале во деловите на Бугарија, но по својот етнички состав биле чисто словенски. Да се објасни дека Самуиловата држава е типична феудална формација во која нема и не може да има каква било националност. Самуиловата држава е пред се држава на македонските Словени.

  1. 2. Во учебникот по историја за VII  клас

Стр. 34. Племенскиот сојуз на словенските племиња во Македонија на чело со кнезот Пребонд треба да се истакне како прв обид на македонските Словени за создавање на своја државна организација.

Стр. 65. Климент и Наум да се истакнат како јужнословенски просветители и писатели.

Стр. 209 и 219. Браќата Миладиновци како и другите македонски просветители и писатели не треба да бидат третирани како претставници на бугарската просвета. Во времето на Преродбата заедничките интереси на Бугарите и Македонците ја обусловуваат и нивната заедничка борба насочена кон заедничкиот непријател – фанариотите. Затоа едни исти книги и весници служат како идеен израз на борбата што ја водат браќата Бугари и Македонци.

Стр. 296-297. Текстот даден под наслв „Национално движење во Бугарија“ треба да се појасни во смисла дека „македонското движење“ за „ослободувањето“ на Македонија не било оформено и организирано движење, туку обична појава на симпатии од страна на прогресивните средини во Бугарија спрема поробените Македонци“. (Подвлекувањата се мои, з.м. Примерок од ова Циркуларно писмо се чува во Архивот на Македонија, Фонд на Министерството за просвета на НРМ, 1947 г. и истиот е објавен во едицијата „Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава“ Том 2, УКИМ, Скопје, 1981 год. стр. 688).

И што сега? Имаме ОФИЦИЈАЛЕН БУГАРСКИ ДОКУМЕНТ во кој се дава упатство (наредба) да се исправат оние делови во бугарските учебници по историја кои промовираат шовинистички  ставови кон Македонцте (а кои учебници, секако дека во голема мера биле наследени од претходниот поразен бугарски режим – сојузник на Хитлер).

Денес, пак, над седум десеции по овие светли времиња на братски односи помеѓу Македонците и Бугарите, имаме обратна ситуација. Сега Бугарите НАМ ќе ни кажуваат што да пишувало во нашите историски учебници за да се задоволат нивните апетити. Оние македонски историчари што ќе се осмелат да се зафатат со ваква „мисија“, сигурно дека ќе треба да ги имаат предвид и укажувањата од 1947 година дадени од бугарски официјални субјекти.

Инаку, секој што сака да помогне во разјаснувањето на историските односи помеѓу Македонците и Бугарите, може да ја погледне следната веб-страница преку која се собираат средства за документарната емисија посветена на односите помеѓу овие два народи.

https://www.gofundme.com/no-sharing-history-with-bulgaria

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top