Коментари

Александар Македонски стои ‘пред лицето на денешниот Македонец како национална гордост!

aleksandar-makedonski

aleksandar-makedonski

Александар Македонски

Грците на македонскиот народ му го оспоруваат македонското име, идентитетот и историјата. Сметаат дека македонскиот народ нема право да се повикува и да се идентификува со античките Македонци. Бараат од македонскиот народ да се откажеме од Филип и Александар Македонски бидејќи наводно античките Македонци биле Грци, иако Демостен во своите „Филипики” јасно и недвоспимслено ја изразува разликата со зборовите: „Филип”, тој.човек не само што  не  е   Грк,   туку  по   ништо  ие  им   е  сличен  на  Ѓрците. Факт е дека ни Филип, ни неговиот син Александар ни античките Македонци не биле Грци. Тоа може да се види од јазичните разлики бидејќи античките Грци не го разбирале јазикот иа старите Македонци.

Грците тоа го знаат многу одамна, уште во времето на создавањето на нациите, кога народите на Европа ја кампонираа својата национална свест. Во тоа време Русите своето потекло го бараа во Сарматите и Скитите кои некогаш ја населувале Јужна Русија, Бугарите го вадеа своето славјанско потекло од Индусите, Хрватите од старите Илири и кралицата Теута, Италијаните и Романците од старите Римјани, Германците од старите Тевтонци, а Грците се повикаа на старите Елини. Тоа е појава што ја следи секоја нација во настанувањето.

Грците за време на формирањето на својата држава на почетокот на 19 век биле свесни дека Филип и Александар Македонски никогаш не биле Грци по род, па затоа се повикаа на старите Елини, по кои се именува нивната држава. Тоа е време кога Грците и горенаведените историски народи, со богата средновековна државна традиција, нуркале во стариге времиња и барале оправдување за своето постоење.

Ако се има во предвид дека дури и многу развиените европски народи во вакви услави прескокнале цели епохи, само за да дојдат, до што пославно минато, тогаш неосновано е на македонските преродбеници да ,им се припише како „грев” или како „незнаење” сврзувањето за старомакедонската слава, кога македонскиот народ ја населувал Македонија.

Во времето на револуции сосема е нормално, како Ригас де Фера кој ги повикува Грците под знамето на Херкул и Ромеј, така и Ѓорги Пулевски да ги повикува Македонците под знамето иа Александар Македонски. Всушност тоа им го дала самата земја на која македонскиот народ бил населен со векови. Како и секој народ што ја сака својата земја на која живее и ја смета за дедовска и света, така и македонскиот народ не можеше да биде индифирентен и да не чувствува љубов за татковината, за нејзината славна историја и нејзините славни синови.

Оттука потекнуваат и одговорите како на оној солунчанец кој го бележи солунскиот учител Стефан Салганџиев, а во кој се вели “Јас не сум Бугарин, ниту Грк, ниту Цинцар; јас сум чист Македонец”, какви што беа Филип и Александар Македонски и Аристотел Филозоф”. И самиот П. Славејков ќе ги забележи овие зборови: „Многу слушавме од Македонците дежа тие не се Бугари, туку Македонци, потомци на старите Македонци…“.

Живеејќи во земјата во која некогаш живееле античките  Макадонци, во средината на XIX век народот во Македонија почна да се конституира во нација, како потомци на овој славен народ. Потврдата за нивната автохтоност тие ја наоѓаат во Херодот и Страбон и практично стануваат постар народ не само од Србите и Бугарите, туку и од Грците. Сето тоа, како и славното минато и величествена историја на античките Македонци, им влеваше сила на македонските патриоти кои и пред ова време се наречуваа Македонци.

Не само Исаија Мажовски, туку и Горѓи Пулевски говорат за поголемата старост на македонските Славјани и од Србите, и од Бугарите, и од Грците, што особено дојде до израз во неговата „Славјано-македонска општа историја”, која денеска се чува во Народната библиотека во Софија.

На ваквите позиции стоеја и најголемиот дел од Македонците. За ова не известува и Горѓи Пулевски, кој врз основа на овие историски преданија ги повикува Македонците под „воено македонско знаме” во борба против Османската тиранија, бодрејќи ги луѓето со зборовите:

„Дали сте чуле, Манедонци, стари људи штоговорат:

„Од Македонци појунаци над них не било.

„Цар Алансандар македонски триста лета предХриста”

„Со ^Македонци сву вселену повладал.

Наш крал Филип — Славјании е,

цар Алексавдар— Славјанин е.

Наши баби (славјанони то родиле.

Македонци! Сетете се за јунакство македонско,

Та спроти старих вие сега да следувате!”

Ова значи дака „старите луѓе зборувале за тоа”, и дека ова предание има длабоки корења во народот. Дури оваа теорија некое време ја застапува и Димитар |Миладинов, кој во препирка со некој Грк во Кукуш, истакнува, дека древните Макадонци се Славјани.

Иако праку Македонија минаа векови и народи како варварите, Римјаните, Византијците, Србите, Бугарите и Турците, славата на Старомакедонците надвиснуваше над сите.

Сеништата на Старомакедонците беа присутни на секој чекор и притискаа, како кошмар врз живите.

Урнатините на македонската престолнина Пела, каде што е родан Алансандар Македоски, старомакедонските монети со ликот на овој голем владетел романите, песните и преданијата во народот, сето тоа ја оживуваше фантазијата на македонските

Славјани во тоа време и ги потикнуваше да истраат во борбата за ослободување и создавање на своја македонска држава.

Така, пред очите на македонскиот човек ,почнаа да минуваат и да воскрснуваат фалангите на Александар Македонски, кои порано ја разнасоа славата на Старомакедонците од Македонија далаку на исток во Азија.

„Оваа замја е Македонијаи ако ја погледате природата, наравот, обичаите, карактарот на населението, нивниот живот, нивната физиономија, во нив иаполно ќе ги  препознаете истите оние мажи што во стари времиња ги составуваа фалангите на Александар Македонски“ зборуваше македонскиот народ тогаш :и подоцна.

Со зборовите „,ние сме то имале цар Алансандар Велики”, македонскиот народ  го доловуваше блескавиот период на величината на македонската држава и тоа беше мотивот кој го водеше македонскиот народ низ вековната борба за национална држава.

По создавањето на еден дел од Македонија на македонска независна држава, Александар Македонски стои ‘пред лицето на денешниот Македонец како национална гордост.

Таа национална гордост денеска има за него интелекгуално ‘значење во однос на постигнувањето на идејата за самостојност.

Старата македонска слава ,со славните имиња со кои не може да се мери ниеден европски владетел, има опсесивна моќ над македонскиот народ, кои и по речиси нецели три децении од осамостојувањето сеуште се бори да се потврди себаси како посебен народ.

Грците и после повеќе од два милениуми сеуште треперат од страв од името на Александар Македонски. Затоа бараа името на аеродромот и автопатот Александар Македонски да се острани, како и остранување на воинот на коњ од плоштадот Македонија.

Затоа бараат да се промени името, идентитетот и историјата на Македонија. Со тоа тие сакаат да ја уништат македонската национална гордост, да се понижи и да се обезличи македонскиот народ.

Но, забораваат дека сеништата на минатото повторно јаваат, а Грците и нивните сојузници забораваат дека, еден ден од ловци можат да станат плен.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top