Коментари

БЕЗУСПЕШНИ ОБИДИ НА ГРЦИТЕ ДА ЈА СИМНАТ ОД ЈУТУБ СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Aleksandar_Donski

Donski 2Александар ДОНСКИ

Документарната серија (снимена на англиски јазик) под наслов „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ беше континуирано поставувана на Јутуб во 2016 и 2017 година. Серијата содржи четириесет епизоди и во нив се претставени сведоштва од над педесет антички автори кои сосема јасно тврделе дека античките Македонци не биле никакви „Грци“. Автор на серијата е Александар Донски, продуцент е Џим Стефан, а ко-продуценти се Горан Котев и Андрија Петревски (последните тројца од Сиднеј). Оваа серија практично претставува најголема збирка во светот во која на едно место се претставени толкав број антички сведоштва за посебноста на античките Македонци како народ. Серијата очигледно предизвикува нервоза кај многубројните грчки шовинисти, па некои од нив се обидоа да издејствуваат симнување на некои епизоди од Јутуб, што секако дека е доказ за нивниот страв од оваа документарна серија.

На 5 април 2018 година, од Јутуб беше остранета првата епизода од серијата, како резултат на поднесената жалба до Јутуб од страна на некој Грк. Но, веќе следниот ден, јас повторно ја вратив оваа епизода, а жалбата од Гркот ја искористив како реклама за истата. Истовремено до Јутуб испратив писмо на англиски јазик со следната содржина (каде подетално е објаснет овој инцидент).

Писмото гласи:Почитувани вработени во Јутуб,

Јас сум автор на документарната серија на англиски јазик насловена како „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ која е поставена на истоимениот канал на Јутуб https://www.youtube.com/channel/UCJnd4_NuUyQQZfbMqom64kQ и која претставува најголема збирка во светот на антички сведоштва според кои античките Македонци на кои припаѓал Александар Велики Македонски не биле никакви Грци.

На 5 април оваа година добив известување дека првата епизода од серијата (која имаше над 43.000 прегледи од целиот свет, а најмногу од Австралија, Грција и САД) привремено е отстранета од Јутуб поради жалба од некој си „Хеленик фајтер“ (Хеленски борец) кој се пожалил дека во епизодата е користен материјал на кој тој имал авторски права.

За материјалот употребен во оваа епизода, како и во целата серија (музика, најавна шпица, снимки од антички градби во близина на мојот град, како и некои фотографии) поседувам целосни авторски права и ова можам да ви го докажам во секое време.

Меѓутоа, вистина е дека во епизодата употребив и неколку фотографии и краток видео материјал на кој се прикажани современи грчки шовинисти, па токму поради овој материјал„Хеленскиот борец“ се жалел до вас.

Би сакал да се извинам на Јутуб затоа што ненамерно сум ги повредил вашите одредби за авторски права. Исто така би сакал да ве информирам и дека краткиот материјал што го презедов од грчки извори (заради кој „Хеленскиот борец“ се жалел до вас) е отстранет од првата епизода и истата веќе следниот ден повторно e поставена на Јутуб https://www.youtube.com/watch?v=hpBs–Hbd-o.

Меѓутоа, немам никаква намера да му се извинувам на „Хеленскиот борец“ (дури и ако навистина поседувал авторски права на тој материјал) поради тоа што искрено мислев дека нему ќе му претставува задоволство и чест што сум го искористил неговиот материјал во документарна емисија во која е презентирана историската вистина според која античките Македонци не биле никакви Грци.

Сега по отстранувањето на инкриминираниот материјал, верувам дека „Хеленскиот борец“ ќе биде задоволен и среќен што првата епизода, по само еден ден пауза, повторно е вратена на Јутуб.

Искрено ваш,

Авторот на серијата

Александар Донски

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Ги повикувам сите Македонци и пријатели на Македонија масовно да го шират низ западните субјекти линкот од веб-страницата на која се поставени сите 40 епизоди: http://www.macedonianswerenotgreeks.com/ Испраќајте го овој линк до западните универзитети, медиумски куќи (весници, телевизии, радија), историски здруженија, политичари, универзитетски професори, а секако и до што поголем број грчки субјекти. Еве го и линкот од првата и ударна епизода во која дополнително е уфрлен текст со објаснување за безуспешниот обид на Грците да ја саботираат оваа серија, која незапирливо дејствува како радиоактивна материја https://www.youtube.com/watch?v=hpBs–Hbd-o.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top