Коментари

ИЗНОГУД

iznogud

iznogud

Мирко Трпески

Текстов никако не смее да се сфати како нешто против СДСМ. На авторот на овој текст матична партија сепак му била Сојуз на комунисти на Македонија, а сега е речиси аполитичен, колку што во сегашна Република Македонија може да се биде аполитичен.

Постои еден многу популарен стрип кој со години се читал и се чита. Зборува за везир на калифот. Калифот е многу добар, дебел човек кој има голема доверба во својот везир. Везирот е слаб, испиен, нервозен човек, нашите соседи Србите би го нарекле прзница. Се вика ИЗНОГУД. Името за шега е изведено од Англиските зборови Is no good, што на Македонски би се превело како Не е добар. Е, овој Изногуд во сите епизоди на стрипот прави се’ да постане Калиф наместо калифот, но никако не му успева и на крајот од секоја епизода постанува насанкан.

Се чини дека и Република Македонија има таков, односно таква, чија единствена желба и цел е да постане калиф наместо калифот. Може да се претпостави на кого се однесува. Таа прави се’ да постане калиф, но никако не и’ успева. Своите методи ги применуваше уште од времето на Бранко Црвенковски, но и во времето на неговите наследници. Кратко време беше и калиф, но тоа кратко време е запаметено како неуспешно за партијата. Сега е Заменик на сегашниов калиф. Ако се анализираат нејзините методи на дејствување ќе се види дека ги применувала и ги применува сличните методи како Изногуд во стрипот. Затоа и не и’ се успешни. Затоа го заслужува името Изногуд. Во стрипот Изногуд не применува ништо што е добро и позитивно за народот кој калифот го води, туку применува медоти и средства што треба да доведат до тоа тој да постане калиф. За жал, од тие нејзини постапки губи Република Македонија, губи народот, губи угледот на земјата.

Интересно е што агресивна, како и Изногуд од стрипот, е и кога нејзината партија е на власт, но и особено кога е во опозиција. Тие нејзини агресивни и ненародски ставови внесуваат само немир, несигурност, замразување на блискиот и негово губење, бесперспективност, негледање на позитивните работи што му се случуваат во неговата земја, но и во околината, а се однесуваат на неговата земја, прифаќање на општиот став дека неговата земја е лоша и без перспектива … Ова, меѓу другото, доведува и до иселување на населението, особено на младите.

Логично се поставува прашањето дали таа ги креира ставовите на нејзината партија, кои честопати се против народот? Се чини дека нашата Изногуд нема особени контакти со тој народ. Веројатно живее во облаци и во квазибогато опкружување па не е свесна дека кај нашиот народ нејзините ставови не поминуваат, не му се блиски, затоа што народот богатството не го гледа само како пари и материјален имот, туку и како духовно и душевно богатство, имање пријатели, имање некој со кого може да се сподели и добро и помалку добро, приземни работи како добра ракија со мезе, но изгледа основно му е сакањето на својата земја. Треба ли повеќе потврда за последново сакање на својата земја од резултатите на референдумот? НЕ.

Да не зборуваме повеќе. Подобро е да предложиме нашиот Изногуд да се свести, да сфати дека е неуспешен политичар кој знае да шири само дефетизам и лоша крв – И ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ПОЛИТИКАТА. Значи, да ја ослободи од нејзините стеги-клешти и својата партија, и нејзините членови, особено калифот, оттука и цела Република Македонија. Потоа да се обиде да научи да направи барем нешто добро за себе и за својата околина и да научи дека манџа се прави со вода, како што прави народот. Ако сеуште не сака да се повлече, би било добро на тоа да ја натераат тие што ја внеле во политиката. А може да се претпостави дека ја имаат повлечено колегите од Електротехничкиот факултет, од кои некои постанаа навистина успешни политичари. Ако и тоа не успее, би било добро од политиката да ја отстранат нејзините сопартијци.

П.С. Кога СДСМ се вселуваше во зградата на Бихаќка бр. 10 (адресата сега е поинаква, но сите ја знаат како Бихаќка), им беше укажано дека во таа зграда има духови. Таа зграда е градена на старите Скопски гробишта и таму во двориштето сеуште има коски, черепи, надгробни плочи. Се случува на полноќ и една минута да чукне нешто и да започне тивко шепотење што трае до првите петли. Навечер се има чувство дека нешто протрчува низ објектот.

И најинтересното, како кој ќе се вработи во таа зграда, наскоро му починува постар член на неговото семејство. Може да се заклучи дека на СДСМ не му оди откако е во таа зграда – и веројатно нема да му оди, оттука и на Република Македонија.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top