Коментари

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја има мојата апсолутна поддршка

Александар Велјановски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја има мојата апсолутна поддршка затоа што до крај остана доследен на програмските определби на партијата и волјата на огромното мнозинство на граѓаните за отфрлање на капитулантскиот договор со јужниот сосед.

Претседателот ја има мојата поддршка затоа што не прифати да биде соучесник во промената на името на државата од Македонија во Северна Македонија.

На чело со Христијан Мицкоски ВМРО ДПМНЕ покажа дека има визија за достоинствена и економски силна Македонија во рамки на ЕУ и НАТО.

Токму затоа деновиве сме сведоци на жесток фронтален напад од сдс потпомогнат од одродени “браќа и сестри” а се со цел уништување на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата како единствена партија која се спротистави на погубните политики на Заев.

Сакам да им порачам на сите наши членови и симпатизери дека ВМРО ДПМНЕ е многу посилно од оваа организирана хајка.
Сценаристите и актерите на оваа хајка забораваат дека нема сила која може да ја спречи волјата на народот.
Димната завеса која ја создава сдс заедно со уценетата клика ќе се расчисти многу брзо и ќе се види цела слика.
Жестоките и ниски удари кои деновиве ни се случуваат се само уште еден силен мотив за ВМРО-ДПМНЕ уште поодлучно да се консолидира и да ги збие своите редови.

ВМРО ДПМНЕ е многу повеќе од партија. ВМРО не можете да го победите.
ВМРО е народот.

Да живее Македонија!
Да живее ВМРО ДПМНЕ!

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top