Коментари

Не по секоја цена: Македонија не смее во бескраен процес на отстапки

1Mane

9-mane 2 copy copy

Мане Јаковлески

Во политиката, како и во животот, најопасно е кога чекориш напред без да знаеш каде одиш. Уште поопасно е кога те убедуваат дека секој следен чекор е „последниот“, а патот никако да заврши. Токму тука лежи суштината на актуелната дилема околу уставните измени – не во самите измени, туку во прашањето: што потоа?

Ставот дека уставни измени треба да има само кога ќе постои јасна предвидливост за следниот чекор не е тврдоглавост, туку рационална позиција. Државата не е експеримент, а народот не е статистичка грешка што може бесконечно да се коригира. Македонија веќе еднаш, двапати, повеќепати покажа дека е подготвена на компромиси. Името, симболите, институционалните отстапки – сето тоа беше направено со една цел: отворање на европската перспектива. Но, наместо затворање на едно поглавје, секогаш се отвора ново.

И токму затоа денес се поставува клучното прашање: дали ќе продолжиме да правиме чекори во неизвесност или конечно ќе поставиме јасни правила на игра?

Не може држава да влегува во процес што наликува на бескраен тунел без светло на крајот. Не може секој нов услов да се претставува како „последен“, а утре да се појави нов. Тоа не е европски процес – тоа е процес на исцрпување, не само политичко, туку и идентитетско.

Терминот „обезличување“ не е случајно избран. Кога една држава постојано прави отстапки без гаранции, таа не само што губи позиции, туку почнува да го губи и чувството за сопствена вредност. А без тоа, ниту една интеграција нема смисла. Европската идеја не подразбира бришење на идентитетот, туку негово почитување во рамки на заеднички вредности. Ако тој принцип се наруши, тогаш се губи и суштината на целиот процес.

Затоа, барањето за предвидливост не е блокада, туку обид да се воведе ред таму каде што досега владееше импровизација. Тоа е порака дека Македонија не бега од Европа, туку бара фер пат кон неа. Пат со јасни чекори, јасни рокови и јасни гаранции.

Во спротивно, ризикот е очигледен – да останеме заглавени во процес кој трае со децении, додека постепено се откажуваме од се што нè дефинира како народ и држава. А тоа не е напредок. Тоа е тивко исчезнување.

И токму затоа, прашањето не е дали треба да има уставни измени, прашањето е под кои услови, со каква цел и со какви гаранции, зашто држава што не знае каде оди, лесно може да стигне таму каде што никогаш не сакала.

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top