Коментари

Европа пред тест

1Mane

9-mane 2 copy copy copy

Мане Јаковлески

Во време кога европската интеграција повторно се претставува како единствениот пат напред, од Брисел доаѓа документ што отвора суштински дилеми – не само за Македонија, туку и за самата Европската Унија.

Нон-пејперот инициран од Томас Вајц не е обичен технички документ. Напротив, станува збор за иницијатива со јасна цел – целосно разјаснување на правниот статус на вториот протокол од договорот со Бугарија. Тој е огледало на една подлабока криза: судирот меѓу правото и политиката во процесот на проширување.

Во неговата суштина стои прашањето кое долго време се избегнуваше – дали протоколот претставува обврзувачки дел од преговарачката рамка со Унијата или е само билатерален инструмент без директно правно дејство? Ова не е формалност. Ова е линија што ја одредува рамнотежата меѓу европските принципи и националните интереси.

Документот јасно предупредува дека доколку протоколот содржи идентитетско-политички услови – како толкување на историјата, јазикот или образовните содржини – тогаш тоа може да биде во судир со темелните вредности на Унијата. Членовите 2 и 49 од Европската Унија не се само правни формулации; тие се гаранција за заштита на човековите права и почитување на националниот идентитет.

Но токму тука Македонија се соочува со нешто што ретко се гледа во европската практика.

Како што нагласува Вајц, ниту една друга земја-кандидат не била изложена на ваков степен на идентитетско-политички условувања од страна на земја-членка. Ова го отвора прашањето за еднаков третман во процесот на проширување и го става под знак прашалник кредибилитетот на европската политика.

Нон-пејперот предупредува и на нешто уште поважно: опасноста од создавање трајна асиметрија на моќ. Со сегашната поставеност, протоколот ѝ овозможува на Софија во секој момент да го користи како инструмент за блокада, без јасни временски или правни ограничувања. Тоа значи дека процесот на пристапување може да се претвори во бесконечна политичка преговарачка игра, наместо во предвидлив правен пат.

Во тој контекст, иницијативата на Вајц добива дополнителна тежина.

Таа е поврзана со амандман во извештајот за Македонија и има за цел да обезбеди поширока поддршка во Комитетот за надворешна политика (AFET). Како можни решенија се наведуваат две опции – барање правно мислење од Советот на ЕУ или усвојување резолуција од Европскиот парламент што ќе го отвори прашањето на институционално ниво.

Истовремено, реакциите од Софија не оставаат простор за илузии.

Активностите на Илијана Јотова и најавената дипломатска офанзива во Брисел покажуваат дека ова прашање нема да остане во рамките на правната дебата. Тоа ќе биде политичка битка со сериозни последици.

Затоа, ова не е само момент за дипломатска внимателност, туку и за јасна стратегија. Македонија мора да инсистира на принципите, не на импровизациите.

Европската интеграција не смее да се гради врз правна несигурност и политички компромиси што го доведуваат во прашање националниот идентитет.

На крајот, прашањето не е дали Македонија ќе влезе во Европската Унија. Прашањето е – каква Европа ќе ја пречека. Европа на вредности и право, или Европа на условувања и преседани.

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top