Коментари

Сведоштва за грчкиот терор против Евреите во Солун

aleksandar-donski_copy

aleksandar-donski_copy
Александар ДОНСКИ

Во нашата јавност (но и пошироко) е речиси непознат фактот за грчкиот терор против Еврејската популација во Солун. Денес, низ интернет, но и низ други публикации, грчката пропаганда сака да ја претстави Грција како историски „пријател на Евреите“ (веројатно за да се додвори на Израел и на САД), но историските факти и сведоштва од самите Евреи кои живееле во Солун, нудат една поинаква вистина.

Во 2009 година авторот Авива Бен-Ур во САД објави книга под наслов „Евреите сефарди во САД“ во која нуди податоци за масовното доселување Евреи во САД во ХХ век (за добивањето на книгата искажувам благодарност кон г-дин Давид Кохен од Њујорк, САД). Во оваа книга е објавен многу интересен податок. Се работи за сведоштво на солунскиот Евреин Моис Сулам, кој го напуштил градот веднаш по поделбата на Македо­нија по што стигнал во САД. По извесно време таму објавил ностал­гична поема во која ги опишал потресните сведоштва за грчкиот терор против Евреите во Солун, поради што го напуштил овој град. Во поемата Моис Сулам револтирано ги квалификува Грците како „варвари“. Во врска со ова сведоштво во гореспомнатата книга (стр. 31 и 32), читаме:

„Загубата на отоманскиот Солун во полза на Грција и порастот на грчкиот националистички анти-семитизам биле причина за масовен егзодус на Евреите, што почнал во 1912 година. Недолго откако Моис Сулам побегнал од својот роден Солун, тој објавил носталгична и горчлива поема во која го опишал своето бегство. Во својата поема под наслов „Конечното збогување со мојот роден град“, која била објавена во септември 1913 година во едицијата „Ла Америка“, Сулам објаснува дека под влијание на жестокиот национализам мнозина Грци христијани направиле пустош среде Еврејската заедница и еврејскиот кварт во Солун.

Детали од поетското сведоштво на Сулам се потврдени во истиот број на „Ла Америка“ во напис во кој е опишано уништувањето на еврејскиот имот проследено со закани за крвопролевање континуирано упатувани од страна на грчките христијани.

Што се однесува до самата поема, пренесуваме извадоци од неа:

Како оние што бегаат од опожарената им куќа,

Така побегнаа илјадници од поранешна Турција

само за да се спасат од варварите Грци.

Солунските Евреи ко слепци побегнаа

и во Америка стигнаа со желба единствена

бргу да најдат спасение.

…И така се збогував со мојот роден град,

Со градот на моето детство и младост.

Збогум Солун, збогум засекогаш.

Солун, градот во кој живееја Евреи,

остана денес речиси празен.

Градот што до вчера беше полн со убавина,

денес ме исполнува со горчина.

Збогум граду на овената убавина…

Градот во кој до вчера течеше мед и млеко,

денес е исполнет со болка и гнев.

Збогум Солун, седиште на голема мудрост.

Денес дури и твоите студенти те избегнуваат.

Градот кој до вчера беше исполнет со јудаизам

Денес врие од омраза кон Евреите.

Во продолжение на книгата од Авива Бен-Ур читаме дека во Солун во 1917 година избувнал голем пожар кој главно го зафатил Еврејскиот кварт при што среде зима десетици илјади Евреи останале без кров над главата. Ова исто така била причина за заминувањето на Евреите од новоокупираните македонски територии на Грција.

Освен тоа нововоспоставената грчка власт во Солун ги поттикнувала Евреите да се иселат од државата и преку тоа што ги прогласувала за неспособни за служење на воениот рок, поради што можеле да ја напуштат државата.

Се смета дека во 1890 година во Солун живееле околу 55.000 Евреи што било речиси половина од населението, а по 1922 година, нивниот процент се намалил само на 20%. Во 1943 година германските нацисти депортирале во концентрациските логори околу 96% од преостанатите Евреи. Денес во Солун живеат одвај нешто повеќе од илјада Евреи или околу 0,25% од целокупното население во градот.

По окупацијата на Егејскиот дел на Македонија од страна на Грција, гледаме дека не само Македонците, туку и останатите народи биле тероризирани од грчката шовинистичка власт. Освен за грчкиот терор против Евреите, вакви сведоштва постојат и за грчки терор против Власите, а секако дека на удар се нашле и Албанците, па овие историски податоци треба што повеќе да се форсираат денес пред меѓународната јавност.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top