Коментари

Доаѓањето на исламот во Македонија и исламизацијата на македонското население

vasko-gicevski-2

vasko-gicevski-2
Васко Гичевски

Со појавата на исламот во 7 век од нашата ера тој почнува да добива на масовност токму таму каде што за прв пат се појавил на Арабискиот полуостров помеѓу паганското население. Подоцна со формирањето на Багдадскиот калифат тој уште повеќе се популаризира, но можеме да констатираме дека својата најголема кулминација и територијална експанзија ја доживува по создавањето на Османлиската Империја.       

Како што Империјата територијално се проширувала и исламот како главна религија на Империјата врз која и биле направени скоро сите закони полека почнува и да се шири и на европските земји и тоа по освојувањето на Константинопол од страна на Мехмед Освојувачот.

Во Македонија исламот стигнува по битката кај реката Марица помеѓу Волкашин и Угљеша на една страна и Лала Шахин Паша кој и ги поразил браќата и од 1371 година во Македонија започнува владеењето на Османлиите кое ќе трае се` до 1912 година.

На почетокот во првите години од владеењето на Османлиите постојат докази дека преминувањето во ислам било доброволно и ненаметнато.

Причината што луѓето ја менувале својата вера била главно од тоа што ако преминеле во ислам им следувале низа поволности: даночни олеснувања, не биле малтретирани од страна на башибозукот, можеле да учествуваат во власта, а некаде во некои случаи добивале и паричен надомест доколку преминеле во ислам.

Бидејќи овој начин на исламизација одел доста бавно, а им било потребно на Османлиите мнозинството од населението да е исламско за да може слободно да го управуваат и без приговор да се покорува на шеријатските закони тие од Мала Азија доселувале муслиманско население, па тоа подоцна ќе влијае на демографијата во државата но нема да се ретки и случаите на мешани бракови кога и цели фамилии се потурчувале поради среќата на децата (главно поради паричните благодети кои ги добивале).

Особено пак нечовечна е институцијата-јаничарство, преку која Турците ќе го земаат, исламизираат и асимилираат постојано и постојано, цветот на машката младина не само од Македонија, но и од другите христијански народи. Внесувајќи го во својата државна и војничка служба овој нов ред, ќе го насочат да војува токму против својот корен (народ) како и против други народи со кои Турција има проблеми.

Подоцна, откако доброволното примање на исламот земало многу мали размери, Турците започнале и со насилна исламизација на македонското население, која се остварувала или преку директно исламизирање, или преку принуда, најчесто со киднапирање на женски членови на семејствата, ослободување од плаќање на даноци итн. Македонците-муслимани, иако ја смениле својата вера, тие низ вековите не го примиле турскиот јазик и го задржале македонскиот јазик, а останале и македонските обичаи и традиции (прослава на Ѓурѓовден, посета и дарување во христијански храм кога се има болно дете, а во некои куќи на Македонци-муслимани сѐ уште се чуваат православни икони) итн.

Голем дел немуслиманско население се покрстило во ислам под сабјата на разбојничките банди од типот на крџалиите, понатаму од страна на арнаутските банди кои биле најбезмилосни во измачувањето на македонскиот народ па дел од населението изложено на теророт го прифатило исламот, а дел само јазикот.

Како последица на насилната исламизација се појавуваат практикување на две религии, односно во дадениов случај скоро сите биле крипто христијани, однсосно официјално биле муслимани, а потајно го практикувале христијанството (во домовите имале икони, крстот како симбол го користеле во везовите, славеле христијански светители итн). Дури во народот останала изреката “Предпладне Хасан, попладне Илија” која го покажува одност на новоисламизираните верници кон исламот.

Низ петвековното владеење на Османлиите на Балканот и во Македонија односот на двете религии христијанството и исламот станува се` позаплетен, па на етнографки план се појавуваат и Mакедонци со муслиманска вероисповед, се појавуваат и Шкретите –македонско население кое под напливот на арнаутските банди од Албанија го промениле само јазикот, а религијата ја задржале.

Тешкиот и мачен петвековен период на ропство во Македонија го претворило населението во една хомогенизирана маса, бидејќи подоцна во 18 и 19 век подеднакво ќе страдаат и христијаните, евреите и муслиманите од напливот на арамиите, кога веќе правниот систем на Империјата бил во колапс, а локалните паши и бегови уживале во самоволието од кое многубројни биле жртвите по македонското население.

Историски непобитен факт е дека исламот на овие територии се јавува по 1371 година, но тоа не значи дека ние денес со нашите сонародници муслиманите не треба да живееме во мир и хармонија, напротив сето зло кое што се случувало треба да не го повторуваме, меѓусебно да се почитуваме, бидејќи и тие заедно со нас ги делат истите маки, а токму во обединувањето и солидарноста помеѓу населението лежи силата и продуктивноста на државата.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top