Коментари

Не сме Грци, Македонци сме!

tihomir-karanfilov-2

tihomir-karanfilov-2
Тихомир Каранфилов

Во периодот меѓу двете светски војни, колку и да се обидувале, Грците не успеале да го асимилираат македонскиот народ во Егејска Македонија. За тоа голема заслуга има  формирањето и ширењето на ВМРО (Обединета) која како илегална национално-револуционерна организација која што се борела за национално-политичко ослободување и обединување на македонскиот народ, како и за негова рамноправна положба во една федерација со другите балкански народи, била поддржана од македонскиот народ во Егејска Македонија. Поврзувањето на ЦК на ВМРО (Обединета) во Виена со приврзаниците во Егејска Македонија беше извршено со најактивно учество на Димитар Влахов, и на познатиот македонски револуционер Неделко Поп Неделков, кој во Солун организира канали за добивање и растурање низ Егејска Македонија на весниците „Балканска федерација“, „Македонско дело“ и разни пропагандни материјали од централата. Тајното пренесување на материјалите беше сврзано со големи тешкотии и опасности, поради што дојде до убиството на Ѓорѓи Кронцелчев од грчката полиција во Солун 1934 година.

Формирањето на ВМРО (Обединета) во Егејска Македонија дојде со задоцнување во споредба со другите делови на Македонија. Во март 1934 година е одржана конференција во Воден за основање на ВМРО (Обединета). На конференцијата присуствуваа делегати од Воден, Костурско и Ениџевардарско. Конференцијата избра раководство на ВМРО (Обединета) за Егејска Македонија на чело со познатиот македонски револуционер Андреа Чипов. Во раководството влегоа уште Христо Галабов, Михаил Кљонев и Алеко Тенекеџиев.

Седиште на организацијата стана Солун, каде што беше организирана мала илегална печатница, која печатеше летоци и друг пропаганден материјал на македонски јазик. И некои месни организации на ВМРО (Обединета) со примитивна техника печатеа изданија на македонски јазик. Така леринската организација го покрена и го издаваше на македонски јазик илегалното гласило „Земјоделско знаме“. Воедно локалните весници, како што беше весникот „Несторион“ за иселениците во САД, Канада и Австралија, се ползуваа да се објавуваат македонски песни и народни умотворби.

Македонците од Егејска Македонија во овој период почнаа да се организираат. Така и во Воденско, каде се формираат групи. (Македонските дружини од Арсен и Вртикоп -Воденско, Рузоспастис, XVIII. ар. 182/711, 12. IX. 1934) За тоа во статијата објавена во весникот Ризоспастис од 1934 година пишува:

„Не сме ниту Бугари, ниту Грци! Македонци сме!

Горе по северните периферии на капиталистичка Грција, цел еден народ стенка под стапот на двојна економска и национална експлоатација и притисок; тоа е македонскиот народ.

Со оган и железо грчките капиталисти, спахии и генерали, си поставија за цел да го „погрчат“, него да го претворат во роб. Но многу измачениот македонски народ, кој претрпел толку многу жртви на својот пат, не мисли да се предаде како роб во канџите на своите угнетувачи. Се бори за своето ослободување за својата независност. Заедно со него, на негова страна се неговите сојузници Грците работници и земјоделци, кои што знаат дека „не може да биде слободен народ којшто угнетува друг народ“. Подолу објавената дописка од Западна Македонија покажува дека Македонците се разбудуваат и го наоѓаат правиот пат за своето ослободување.

Во селото Арсен, Воденско, живееме 165 македонски фамилии и околу 80 просфиги (грчки колонисти во Егејска Македонија).

Освен тешките даноци што ги плаќаме, освен сиромаштијата што не` стега и притиска, го имаме и дивиот терор што се спроведува врз нас од страна на државните органи по заповед, се разбира, на владата на Цалдарис (Панагус Цалдарис (1863-1936), грчки политичар, водач на Популистичката партија. Повеќепати бил претседател на грчката влада), исто така како што се случуваше порано кога владееше Венизелос. Не смееме да се жалиме во округот зашто не` бркаат со клоци и не нарекуваат бугарски комити, зашто сме Македонци.

Но ние гласно викаме: „Не сме Бугари, ни Грци! Македонци сме! Ќе се бориме за полната независност од бугарскиот, грчкиот и српскиот стап“. И знаеме дека во тоа ќе успееме – само со нашата организација и со поддршката на работниците и земјоделците на Грција.

Во конференцијата што ја одржуваме, еден другар ни ја изложи програмата и дејноста на Внатрешната Македонска Револуционерна Организација (Обединета).

Основавме две дружини со десет члена и се формира тричлена комисија која ќе организира дружини во сите македонски села на теренот на Вртикоп (Воденско).

Ги покануваме на натпревар сите земјоделци од Леринско и од Ениџевардарско, да издадеме весник на Македонците во Западна Македонија на наш мајчин јазик“.

ВМРО (Обединета) почна да истакнува барања за отворање на македонски училишта и за употреба на мајчиниот јазик во општествениот живот, како и за други национално-културни права. Овие барања беа тогаш поддржувани од раководството на грчките комунисти, кои преку истапување на шефот на парламентарната група Склавенас пред грчкиот парламент на 25 април 1936 година ќе истакнат дека: „Уште едно прашање што го игнорира владата во своите декларации е прашањето за давање полна рамноправност како на месното население така и на националните малцинства што живеат во Грција. Тоа главно се однесува на македонската нација. Оној што поминал низ Македонија, особено во оние околии што се населени од компактни маси на Македонци, сигурно го почувствувал посебниот притисок што се врши над нив. Правото да имаат училишта, да го употребуваат македонскиот јазик и своите обичаи строго им е забрането. Ваквата ситуација го тера македонското население да се организира и да води борба за извојување на тие права, во што ние не можеме да не ги поддржиме“.

Промената во искажувањето на грчките комунисти значеше и промена во ставовите на грчките комунисти во однос на македонското национално прашање. Односно на шестиот конгрес одржан во декември 1935 година, грчките комунисти ја истакнаа потребата за заменување на паролата за обединета и независна Македонија со паролата за „полна рамноправност на малцинствата“, објаснувајќи ја оваа замена со тоа што во грчка Македонија се извршила промена во националниот состав на населението, како и поради промената на условите со оглед на општата балканска и меѓународна ситуација, која бара единство на сите прогресивни сили.

Овие факти колку и да се кријат пред светот, сепак излегуваат на виделина и грчката страна не ќе може да ги побие доказите дека во Егејска Македонија живеел и ќе живее македонскиот народ.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top