Коментари

За да дојдат на власт подготвени се да ја жртвуваат и државата

Македонска Нација

Македонска Нација

Изјавата на Борисов ја урна тезата дека уставните измени се последната пречка за ЕУ и повторно го отвори прашањето колку далеку СДС е подготвен да оди во отстапките за да се врати на власт.

Токму на ова прашање денес нема одговор.

Граѓаните не го испратија СДС во опозиција поради една грешка или еден неуспешен потег. Ги испратија во опозиција поради политика во која партискиот интерес премногу често беше ставен пред националниот интерес. Поради политика на отстапки претставувани како историски успеси, на ветувања што никогаш не се остварија и на компромиси кои секогаш требаше да бидат „последни“, а никогаш не беа.

Постои суштинска разлика меѓу политиката како служба на народот и политиката како средство за освојување на власта. Кога државата се доживува како дом, одлуките се носат со одговорност кон идните генерации. Кога се доживува како плен, тогаш националните интереси стануваат монета за поткусурување, а граѓаните средство за политички опстанок.

Историјата на Македонија јасно покажува дека најголемите национални отстапки се случуваа токму во периодите кога СДС беше на власт. Од промената на знамето, преку промената на името, па сè до прифаќањето на обврски и условувања поврзани со историјата, јазикот и идентитетот – секогаш постоеше некое „повисоко добро“ со кое се оправдуваше секоја нова отстапка.

Но најсилниот удар врз политиката на СДС не дојде од нивните противници во Македонија. Дојде од Софија.

Со една единствена изјава, Борисов ја урна приказната што со години ја слушаше македонската јавност. Ако уставните измени не се крај, туку почеток, тогаш целата политичка конструкција на СДС паѓа во вода. Паѓа тезата дека само уште еден чекор нè дели од Европа.

Паѓа тезата дека повеќе нема да има нови услови, а што следува потоа?

Нови блокади во текот на преговорите?

Нови барања за учебниците?

Нови барања за историјата?

Нови барања за јазикот?

Нови барања за идентитетот?

Особено загрижува фактот што Венко Филипче не покажува суштинска разлика од политиката на Зоран Заев. Наместо да извлече поука од грешките што го доведоа СДС до историски пораз, тој продолжува по истиот пат. Наместо да бара цврсти гаранции за Македонија, тој ги релативизира бугарските барања и уверува дека идентитетот не е загрозен.

Во време кога од Бугарија повторно доаѓаат пораки со кои се оспоруваат делови од македонската историја, јазик и културен идентитет, таквиот пристап не е државнички. Сè повеќе се создава впечаток дека за СДС и Филипче поважно е да добијат поддршка од надвор отколку доверба од сопствениот народ. А токму затоа денес се во опозиција.

Македонија има потреба од европска иднина, но не по цена на сопственото достоинство. Европскиот пат мора да биде пат на заемна почит, а не пат на бескрајни уцени и нови условувања. Националниот идентитет, јазикот, културата и историјата не смеат да бидат предмет на политичко пазарење.

Граѓаните веќе еднаш ја испорачаа сметката за политиките на отстапки, понижувања и лажни ветувања. Ако СДС продолжи по истиот пат, нема само да остане во опозиција – ќе стане политички симбол на една погрешна епоха во која за власт беа подготвени да се откажат од сè, освен од сопствените амбиции.

Затоа СДС денес е во опозиција. А ако и понатаму заради власт е подготвен да ја жртвува државата и националните интереси, ќе остане таму сè додека македонскиот народ ја препознава и ја казнува таквата политика.

Народот може да прости грешка, но никогаш не простува предавство на сопствените национални интереси.

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top