Култура и туризам

Во Штип ќе се одржи манифестацијата „Во чест на поетот“ посветена на Ацо Шопов

Штип со низа активности ќе го чествува животот и вонвременското творештво на Ацо Шопов, чувајќи го од заборавот книжевното наследство на еден од основоположниците на македонската поезија.

Во организација на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, на 22 април (среда) со почеток во 12:00 часот, во Спомен собата на установата, ќе се одржи манифестацијата „Во чест на поетот“, посветена на Ацо Шопов, по повод 44 години од неговата смрт.

Настанот е посветен на животот и творештвото на еден од најзначајните македонски поети и има за цел да придонесе кон негување и афирмација на неговото литературно наследство.

Во рамки на манифестацијата ќе бидат доделени признанија за посебен придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов на Божин Павловски, како и на ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“ при Друштвото на писателите на Македонија.

Проектот е целосно финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

Најново од: Култура и туризам

АПОКРИФИТЕ ЗА ЖИВОТОТ НА МАЈКАТА ДЕВА МАРИЈА (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН Според Евангелието од Лука, Господ го испратил својот ангел Гаврил во Галилеја, во градот Назарет, при девојката Марија, свршена за Јосифа, од родот Давидов, и ѝ рекол: „Радувај се благодетна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!” Оваа вест […]

Охридското Езеро прогласено за најубаво место во Европа: Македонскиот бисер е подобра и подостапна верзија од езерото Комо

Македонскиот бисер ги победи Тоскана, норвешките фјордови и Лондон: Престижниот „Time Out“ го рангираше Охрид како апсолутен лидер на убавината во Европа.

Македонија со павиљон и уметнички настап на „Muse-X Expo Festival“ во Тирана

Фестивалскиот дел започна со 40-минутен сценско-визуелен перформанс на истакнатата македонска пијанистка Ема Попивода и Камерниот оркестар „Профундис“, во соработка со оркестарот на Албанската радио-телевизија.

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти

По завршување на проектите ќе следи јавна набавка за архитектурата и почеток на реализацијата, која од Министерството ја најавуваат за јуни годинава, а за сите овие активности се обезбедени 720.000 денари.

To top