На прво место

Порталот Македонска нација продолжува да биде чувар на националните интереси

Мане Јаковлески „Годините се менуваат, но нашиот стремеж останува ист, да го чуваме гласот на секој Македонец каде и да се наоѓа.“

Имавме застој во објавувањето на текстови на нашиот портал. Искрено се извинуваме за паузата и ви благодариме за трпението, довербата и поддршката.

Овие денови се враќаме со нов, помодерен изглед и со нова енергија – подготвени да продолжиме со објавување содржини, анализи и ставови од значење за Македонија и Македонците ширум светот.

Воедно, упатуваме отворен повик до сите кои сакаат да соработуваат со нас: испраќајте ваши текстови, размислувања и информации поврзани со Македонија, Македонците во дијаспората, Егејска и Пиринска Македонија, Мала Преспа и Гора на нашио меил: novo_skopje@yahoo.de

Вашиот глас е важен, заедно да создадеме силна и достоинствена национална трибина.

Кратко потсетување за нашите корени и континуитет:

Првиот број на печатеното издание, гласник на ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија) беше објавен во 1971 година, со главен уредник Драган Богдановски.

Во 2009 година „Македонска нација“ продолжи како портал, со главен и одговорен уредник Мане Јаковлески и администратор Дејан Донев.

Во 2026 година продолжуваме со нов лик, со истиот стремеж и посветеност, главен и одговорен уредник Мане Јаковлески, администратор Дејан Донев.

Порталот „Македонска нација“ www.mn.mk е местото каде се објавуваат вистините за Македонија.

„Македонска нација“ е широка национална трибина во која може да соработува секој што сака да придонесе за доброто и среќата на Македонија.

На македонската национална кауза може да ѝ служи секој чесен човек, без разлика на неговата партиска или верска припадност.

Велат, годините се менуваат, но болките остануваат, и тоа е точно.

И денес, во време на демократија, повторно се соочуваме со истите, само поинаку обликувани предизвици. Повторно некој се обидува да не негира кои сме.

Повторно некој се обидува да ни го одземе чувството на припадност.

Повторно некој се обидува да ја менува историјата, да ги занемарува фактите и да ги извртува вистините.

Но ние знаеме кои сме.

Знаеме дека сме Македонци, и знаеме дека не можеме да бидеме ништо друго освен Македонци, ете затоа повторно „Македонска нација“.

Овој пат уште послободна, да ја изнесува вистината која со децении се приеше.

Да ги истражува и објавува неправдите, колку и да се тие тешки или непријатни за некого.

„Македонска нација“ www.mn.mk е место каде секој може да се пронајде.

Место без задни намери и без скриени агенди.

Место каде мислата е слободна.

Да се чуе гласот на Македонецот.

Затоа што вистината и мислата мора да живеат.

Татковината мора да опстои.

А ние, мора да се бориме за да нè има.

Македонија вечна!

АМИН!

Ве информираме дека сите текстови од „стариот“ портал на Македонска нација и понатаму се достапни за читање. Истите може да ги пронајдете преку копчето „АРХИВА“, кое се наоѓа во горниот десен агол на новиот изглед на порталот Македонска нација.

Главен и одговорен уредник:
Мане Јаковлески

Технички уредник:
Дејан Донев

Најново од: На прво место

Свети Нестор – празник на верата, народните верувања и есенското садење

Меѓу празниците што ја поврзуваат духовната традиција со секојдневниот живот на македонскиот народ е и празникот на светиот маченик Нестор Солунски. Неговиот спомен, кој се празнува на 9 ноември, ден по Митровден, во одделни македонски краишта е проследен со обичаи за заштита на житото, садење овошки и почитување на мајсторскиот труд. Именден на овој ден […]

Од „живи луѓе ќе јадеме“ до секојдневно сервирање страв и паника

Заев ја збогати политиката со угостителски речник, а неговите наследници на чело со Филипче ја усовршуваат кујната: секој ден ново црно сценарио, секоја прес-конференција нова порција вознемиреност. Сметката, по обичај, му ја носат на народот. „Живи луѓе ќе јадеме“ — изјавата на Зоран Заев од партиски настап во Валандово во 2010 година остана запаметена заедно […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Свети великомаченик Димитриј Солунски – Митровден

Именден слават: Димитар, Димитриј, Димитрија, Димитрие, Диме, Димо, Митре, Митко, Мите, Димитрина, Димитрија, Димка, Митра и Митка На 8 ноември, односно на 26 октомври според јулијанскиот календар, Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски. Празникот, кај народот познат како Митровден, со векови зазема значајно место во духовниот и […]

Заевци ја уништија и испокрадоа Еуростандард, а Алта банка е увезен проблем

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДС за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека со своите настапи опозициската партија создава паника и ја поткопува довербата во банкарскиот систем. Од партијата посочуваат дека одлуките за банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Воедно, го отфрлаат тврдењето […]

Семакедонска средба на 14 ноември во Штип

Традиционалната Семакедонска средба годинава ќе се одржи на 14 ноември 2026 година, сабота, со почеток во 12:00 часот, во хотелот „Оаза“ во Штип. Организатори на средбата се Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „МАКЕДОН“. За […]

-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy_copy

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење). Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот. Ваквата […]

Милиони потрошени, а вода нема: каде заглави системот за наводнување „Равен – Речица“ од 2018 година?

Додека се најавуваат нови инвестиции во наводнувањето, Полог чека одговор: кога ќе биде завршен системот што требаше да обезбеди вода за над 3.300 хектари земјоделско земјиште? Потребна е целосна проверка на потрошените средства, изборот на изведувачот, нерешената експропријација и причините за повеќегодишниот застој. Најавата за поставување камен-темелник за новиот систем за наводнување „Страиште“ во општина […]

To top