На прво место

Ристески: Нема предвремени избори, фокусот на ВМРО-ДПМНЕ останува на реформите и проектите до 2028 година

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24 изјави дека годинава нема да има предвремени парламентарни избори и дека владејачката партија останува фокусирана на реформите, евроинтеграциите и реализацијата на инфраструктурните проекти.

Според Ристески, приоритет на Владата е исполнување на реформската агенда и обврските кон европските партнери, а редовните парламентарни избори ќе се одржат во 2028 година.

„Оваа година дефинитивно нема да има предвремени парламентарни избори, бидејќи ова е реформска година во која треба да го испорачаме она што сме го ветиле пред граѓаните и она на што сме се обврзале во делот на евроинтеграциите и реформската агенда. Редовните избори се во 2028 година. ВМРО-ДПМНЕ секогаш е подготвено за избори, бидејќи голем дел од ветувањата веќе се реализирани“, изјави Ристески.

Тој посочи дека во изминатиот период Владата реализирала значителен дел од предизборната програма, при што ги издвои зголемувањето на пензиите, колективните договори во здравството и образованието, како и инфраструктурните проекти низ државата.

„Пензиите беа зголемени во два наврати – прво за 5.000 денари, а потоа за дополнителни 2.000 денари, односно вкупно за 7.000 денари. Потпишани се и колективни договори со синдикатите во здравството и образованието, што предвидува раст на платите до 60 проценти до 2028 година. Паралелно се реализира и инфраструктурен бум низ целата држава“, нагласи Ристески.

Тој додаде дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува целосно посветена на реализација на ветените проекти, реформите и продолжување на евроинтегративниот процес.

 

 

Најново од: На прво место

Кога Македонија стои исправено, светот ја препознава и ја уважува

По повод јубилејната 35-годишнина од Денот на независноста на Македонија, потврдена со референдумот од 1991 година, најпознатиот симбол и препознатлива икона на Брисел – статуетката „Манекен Пис“ – на 8 Септември, за првпат во историјата, беше облечена во македонска народна носија. Станува збор за традиционална машка носија од селото Кучевиште, во Скопска Црна Гора. И […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

8 Септември денот на самостојноста на Република Македонија одбележан во Берлин

БЕРЛИН, 8 септември 2026 година На свечен прием во Берлин, организиран од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, а со поддршка од македонски и германски стопанственици, беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Свеченоста се одржа во репрезентативните простории на Претставништвото на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Настанот го […]

35 години независност – државата сме ние!

Пишува: Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на М6 Едукативен Центар Годинава на 8 Септември  одбележуваме голем и значаен јубилеј- 35 години од независноста на Македонија! По тој повод сакам лично да Ви се обратам не само со желба да Ви го честитам празникот, туку пред се со повик до сите за –Чекор Напред! Да, чекор напред во оваа наша […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Триесет и пет години откако македонскиот народ ја потврди својата желба за независна Македонија – држава која и денес е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија. […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

По повод 35-годишнината од прогласувањето на самостојна и суверена Република Македонија, редакцијата на „Македонска нација“ упатува искрени честитки до македонскиот народ, до сите граѓани во татковината и до Македонците ширум светот. На 8 септември 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство ја изразија својата волја да живеат во независна и суверена држава. Тој историски чин претставуваше […]

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември!

8-ми септември пред 35 години беше остварен вековниот сон на генерации Македонци, празник што достоинствено го слави секој Македонец, каде и да се наоѓа – во татковината или низ светот. На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија излегоа на референдум и ја изразија својата волја за самостојна и суверена држава. Над 95 проценти од […]

Македонски историски календар: 8 септември

8 септември 1991 година – Македонија ја избра независноста На 8 септември 1991 година граѓаните на Република Македонија излегоа на референдум и со огромно мнозинство се изјаснија за самостојна, суверена и независна македонска држава. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави […]

To top