На прво место

Велес но и цела Македонија никогаш нема да го заборави Миле Поп Јорданов

Миле Поп Јорданов

Миле Поп Јорданов
На денешен ден пред сто и седум години загинал еден од најголемите великани на македонската историја Миле Поп Јорданов. Речиси и да не постои Македонец кој што не ја знае песната Болен ми лежи Миле Поп Јорданов, песна која народот му ја отпеаа на овој славен македонски војвода, со што сакаше да му се одолжи но и на полесен начи да ја преболи неговата херојска смрт. Роден е во Велес во 1877 година а се школувал во Битолската гимназија и Духовната семинарија во Цариград. Бил исклучен од обете образовни институции поради својот бунтовнички темперамент. И откако се враќа во својот роден крај се посветува на учителската дејност. Како активист во револуционерната организација, се вклучил во реонската чета која дејствувала во Радовишко. Загинал под трагични околности како жртва на непријателска заседа во близина на родниот град. Имено не сакајќи жив да падне во рацете на непријателот се самоубил. Бил македонски револуционер и просветен деец и член на ТМРО. Брат, на познатиот велешки гемиџија Јордан Поп Јорданов и на Петар Поп Јорданов.

Панихида за Миле Поп ЈордановПо повод 107 годишнината од смртта, на овој македонскиот револуционер, денеска ќе се одржи панихида на неговиот гроб кој се наоѓа во црквата „СВ. Пантелејмон“. На панихидата ќе чиноначалствуваат свештеници од велешкото архиерејско намесништво. Во Среда во негова чест ќе се одржи и традиционална крводарителска акција во Одделението за трансфузиологија. Денешното чествување го организира окружниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со општината и епархијата Повардарска. Не случајно одбележувањето на смртта од Миле Поп Јорданов се случува во Велес, тоа е неговот родно место, каде неговиот лик и дело никогаш нема да бидат заборавени. А како доказ за тоа е и тоа што песната „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ од пред некоја година е прогласена за официјална химна на Општина Велес.

М.М.

Болен ми лежи Миле Поп Јорданов

Болен ми лежи Миле Поп Орданов (х2)
над глава му стои стара му мајка,
жално го жали, милно го плачи.

Стани ми, стани, мое мило чедо, (х2)
твојте другари по сокаци одат,
жални песни пеат, тебе те спомнуват.

Бог да го прости Миле Поп Орданов, (х2)
Миле Поп Јорданов за народ загина,
за народ загина, за Македонија.

Неговите сестри в’ црно облечени, (х2)
свадба ќе прават, брата ќе женат,
брата ќе женат за Македонија.

Неговата мајка в’ црно облечена, (х2)
свадба ќе прави, сина ќе жени,
сина ќе жени за Македонија.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top