На прво место

Поздравно слово на Архимандрит Партениј на свеченото молитвено бдение на Иванден

24 јуни/6 јули 2015 лето Господово

Ваше Високопреосвештенство, достојнопочитуван Митрополит брегалнички г. Иларион,

Особена чест и радост ми е што благоволивте да претстоите на ова сеноќно бдение во чест на раѓањето на светиот Претеча и Крстител Господов Јован – закрилникот на ова наше големо светилиште. Голема е милоста Божја што ни го даде за покровител овој моќен столб, овој огнен факел што гори крај Престолот Божји за целото човештво. Тој е избраникот на Промислителот за спасението на светот, преку кој Бог си приготви пат во срцето на луѓето. Се роди од неплодна утроба, според благовестието што Aрхангелот му го возвести на Захариј, и токму тоа необично раѓање го славиме денес. Не можам да му искажам подостојна благодарност на овој наш славен патрон што преку благослов на нашиот надлежен Архиереј, многупочитуваниот Митрополит г. Тимотеј, Ве донесе Вас, возљубен Владико, на ова молитвено торжество, и тоа токму во годината кога одбележуваме 20 години возобновен општежителен монашки живот. Тоа не е случајно, бидејќи најголемиот меѓу родените од жена (Мт. 11, 11) отсекогаш имал големо место во мојот и Вашиот живот. Токму пред 20 години, на денот на свети Атанасиј Атонски – зачетникот на општежителното монаштво на Светата Гора Атонска, тој – горештиот предвесник на Јагнето Божјо, преку устата на Mитрополитот Тимотеј, нѐ повика овде, ни ги отвори вратите на својот свет дом покрај Радика и ни го испрати својот благослов заеднички да го започнеме делото кое сѐ уште трае. Под неговата молитвена заштита ги направивме првите чекори кон заживувањето на овој некогаш запустен и духовно замрен Манастир. Иако не беше лесно – почетоците секогаш се придружени со големи искушенија – сепак, благодатта што ја чувствувавме и која нѐ водеше напред, направи тие заеднички мигови да останат во прекрасен спомен.

Вас, Божјата милост Ве удостои со навистина големо достоинство – Ве повика да бидете духовен архипастир на една голема и значајна Епархија, дело кое Вие навистина одговорно го исполнувате, грижејќи се татковски за спасението на многуте души што Бог Ви ги доверил со Својата промисла за духовното напредување на нашиот благоверен народ. Но многу ни значи тоа што иако заминавте, Вие никогаш духовно не ја напуштивте оваа Света Обител, постојано застапувајќи се за нас пред Бога и просејќи од Него благодатни сили за нашето преуспевање во подвигот на монашко себераспнување и смирено носење на крстот. И не само тоа, туку и често нѐ радувате со своите посети, споделувајќи го со нас благодарното чествување на Светиот Пророк и големата љубов што ја чувствувате кон него, која ете и сега, во овие свечени мигови, Ве донесе кај нас.

И навистина, таа неовоземна љубов што во нашите срца гори за великиот Предвестител на Новиот Завет, нѐ собра сите вечерва на овој духовен подвиг за да ги сплоти нашите скромни молитви во еден силен молитвен сноп и да ги издигне високо на небесата, во духовните пространства, каде што Свети Јован претстои пред Бог, принесувајќи Му го овој наш благодарствен дар. Затоа оваа ноќ нека биде еден достоен одблесок на нашата љубов кон оној кој уште од утробата на својата мајка со весело играње и поклонение Го навести доаѓањето во тело на Спасителот на светот, Господ Исус Христос.

Владико свети, благословете го претстојниот молитвен собор.

Добро бдение на сите!

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top