На прво место

Марена се слави секоја година на 30 Јули во с. Зубовце, и во с. Туминец, Мала Преспа

Mane-Kire 41

1Mane-kire

Сите православни христијани го слават празникот на Светата маченичка Марина, позната во народот како Огнена Марија, почитувана како борец за верата Христова и заштитник на жените.

Според народното верување, Света Марина пали и казнува со оган, како Свети Илија кој казнува со молњи и таа спаѓа во “огнените” светци. Вообичаено е на овој празник, кога заради жештините “гори небото и земјата, не се работи “ниедна работа”.

Во народната традиција сочувани се примери на пожари, во топлите празнични денови изгореле жито на луѓето кои работеле на празникот на Свети Марина.

Празникот Света Огнена Марија или Марина – Марена се слави секоја година на 30 Јули во с. Зубовце, и во село Туминец на манастирот Света Марена.во Мала Преспа.

Село Туминец е едно од десетте населени места во Мала Преспа. Се наоѓа на самиот брег на Преспанското Езеро во близина на граничниот премин Стење-Горица и е второ село по големина, со околу 800 жители.

Поголем дел од моштите на Света Огнена Марија-Марина се наоѓаат во манастирот Света Марина, во село Туминец во областа Мала Преспа, каде се уште се случуваат чуда над нејзините мошти.

Селска слава – Света Огнена Марија (Марина) – Марена, село Зубовце.

На 30 јули во подножјето на Шарпланина секоја година чиниш ќе се собере сиот македонски народ,во Зубовце, а таму Зубовце и зубвчани пречекуваат гости кои доаѓаат од секаде.

Гости кои срдечно и гостопримливо се пречекани од зубовчани во нивните домови, но и гости кои се пречекуваат во една од трите цркви, црквата Св. Марена, на денот кога во село Зубовце е селската слава во чест на Света Огнена Марија-Марена

Црквата Света Огнена Марија е изградена пред повеќе од 160 години, од камен и дрво, врз темелите на многу постара црква.

Во 1859 година надалеку познатиот Дичо Зограф, со својата тајфа, ги има насликано живописот на црквата и 50-тина икони, а се потпишал и на престолната икона на Св.Марија.

Во организација на Црковниот Одбор, Зубовчани и оваа година ја продолжуваат и негуваат традицијата оставена со векови од нивните предци.

Ден пред празникот на 29 јули , во воздухот се шири вибрацијата на традиционалната македонска народна, фолклорна музика, таму се диши фолклорот на македонија.

Нека е честит празникот, и нека вечно духовно живее и се памети овој убав ден, денот во чест на Света Огнена Марина-Марена.

АМИН!

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top