На прво место

Битолчани и Стара Нова Година- со традиционален мазник со паричка за среќна година

Битолчани и Стара Нова Година- со традиционален мазник со паричка за среќна година

Битолчани и Стара Нова Година- со традиционален мазник со паричка за среќна година
Со сукан мазник со паричка и со познатите битолски бабари жителите на градот под Пелистер го одбележуваат доаѓањето на т.н. православна Нова година, како и празникот Св. Василиј Велики, познат меѓу народот како Василица. Спроти 14 јануари, за ручек, мазник со паричка се врти во сите православни куќи. Се јадат домашни колбаси, се игра комар и се пеат староградски песни до рано изутрина.

За ручек, мазник со паричка ќе се врти во многу домаќинства, а потоа ќе се подели на делови колку што има членови во семејството, еден за господ и плус еден за куќата.

Оваа традиција во Битола се негува со децении. Но, во последните години битолските домаќинки го менуваат обичајот и од семеен- Василица стана празник што се слави по кафеани. За разлика од другите градови каде што паричка во леб се крши за Бадник, битолчани го прават тоа на Василица. Згодите и незгодите од празнувањето се раскажуваат преку целата година.

„Моето друштво над 30 години се собира за прослава на Василица. Сите сме другари од детството и ова се најубавите моменти од дружењето. Домаќинката го сука мазникот и го дели на онолку луѓе колку што има на масата. Тој се врти до трипати, а среќникот добива пригодна награда“, раскажува еден битолчанец.

Ноќта спроти Василица, по вртењето на мазникот обично направен со кисела зелка, се јадат домашни колбаси и се пие домашно вино. Оној најсреќниот го фрла првиот зар и почнува коцкањето. А потоа се завршува со песна и оро до рано наутро. „Комар се игра на ситно, колку да си ја испробаме среќата. Играат и мажи и жени. Играта и песната не’ занесуваат“, велат битолчани.

Сепак, иако Василица е празник кој по традиција се одбележува во домашна атмосфера, собирањата на големите друштва им направија дополнителни обврски на битолските домаќинки, па под нивни притисок Василица веќе неколку години масовно се слави низ битолските кафеани.

Со домаќинлукот- на оној кој ќе му се падне паричката- тој е наредна година домаќинот- а со тоа кружи и една анегдота. Ако не сакаш да бидеш домаќин- голтни ја паричката.

Битолчани ,,вртат мазник“ на денот на Василица и на своите работни места, по институциите, чаршијата, фабриките… Насекаде се прославува со традиционалниот мазник, а нема пекара во Битола да нема мазник на тој ден и тоа со паричка. Врз мазникот сите кои се присутни ставаат пари, од кои на оној на кого ќе му се падне паричката ќе му се дадат парите да си купи домаќински подарок, а пак во некои кругови предходи собирањето на пари еден ден пред денот на вртење на мазникот и се купува подарок.
Каде има Битолчани се пренесува оваа традиција, така е и во Америка, Европа, Австралија и насекаде по дијаспората.                                 

Битолчани од дијаспората прославите на Стара Нова Година и Василица ги прославуваат во ресторани и си организираат и мазници со паричка.

Оваа паганска традиција се практикувала и кај македонците од егејот.

– Мојата баба и дедо беа македонци од Егејскиот дел на Македонија. Потекнуваа од две различни села во близина на Солун – Ајватово (денес Лити) и Ново Село (денес Неохоруда). Баба ми цел живот правеше погачи со парички и за Бадник и за Василица, оти двете села имале различен обичај, па на сите да угоди. Притоа да не заборавам да го кажам фактот дека обичаите ги наследиле од нивните семејства кои тука живееле со генерации,-  раскажува Лефтер- по потекло од беломорска Македонија кој денес живее во Битола.

Во Австралија се прославува во “Баркли” ресторанот во Рокдаел во свечена и весела атмосвера во убав амбиент и прекрасна Македонска музика.

Традиционално секоја година на секоја маса се сервира мазник а, во еден од нив се наоѓа Василичарското паре. Најсреќниот кој ќе го пронајде парето добива вредна наградата од организаторите.

Оваа прекрасна вечер вообичаено е збогатена исто така и со лотарија подарок од Македонските бизнисмени. Лотаријата секогаш е пропратена со големо интересирање од присутните поради убавите и вредни награди.

Инаку приходот и од оваа вечер оди во фондот за хуманитарни цели.

И годинава Битолскиот социјален клуб од Мелбурн организира дочек на Стара Нова година и свечено ја прославува Василица. Социјалниот клуб на Престон Македонија е местото на настанот, а за добрата атмосфера се грижат македонски оркестар и интерпретатори.

Најголема атракција на вечерта традиционално се мазниците. На секоја маса има мазник, а во еден од нив е паричката.
Гостите расположени уживаат до доцна во ноќта или до раните утрински часови.

Па Македонци- Среќна Македонска Стара Нова Година 2010.

Клаудија Лутовска

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top