На прво место

Граѓани на Македонија да не наседнуваат на американските обиди за предизвикување хаос во земјата

ВНИМАНИЕ: Означен официјалниот старт на втората рунда од Обоената револуција против Македонија

Освен монструзните обиди за предизвикување крвава граѓанска војна, втората рунда од Обоената револуција во Македонија, чиј старт беше означен со минатогодишниот обид за државен удар, ќе се одвива и во насока на диксредитирање на некои од столбовите на владеачката партија, но и на нивните досегашни изборни победи. За таа цел како што јавија дел од нашите медиуми, СЈО на големо бара сведоци кои што за поткуп лажно би сведочеле во процесот.

Марија Котовска

По спинуваната приказна за старецот претепан до смрт, за кого опозициските медиуми јавија дека наводно настрадал поради тоа што ја бранел Катица Јанева, што претставува обид за провокација на тензија меѓу Македонците симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ и оние на СДСМ, со брзина на светлината стигна и веста за претепувањето на Тодор Петров веднаш по поставувањето на крстот во Бутел. Ова пак е второт дел од стратегијата за предизвикување граѓанска војна во Македонија, кој што треба да резултира со судири меѓу македонските и албански сограѓани. Сега е и повеќе од јасно зошто опозицијата на чело со Бејли, Сорос и Заев бараше одложување на изборите во нашата земја.

Рускиот аналитичар и новинар Андреј Корибко неодамна во интервју за Нетпрес со неверојатна прецизност го предвиде развојот на настаните, упатувајќи порака до сите граѓани на Македонија да не наседнуваат на американските обиди за предизвикување хаос во земјата.

Во случај опозицијата или терористите да изведат некакви чинови на насилство, строго се препорачува граѓаните патриоти да ги следат упатствата на Владата и да избегнуваат да бидат вовлечени во стапица. Напаѓањето на опозиционери или етнички Албанци како одговор на сето она што може да се случува ќе претставува хранење на кругот на насилство што САД би сакале да го предизвикаат. Овде најдобро е да се дозволи властите да се справат со ситуацијата, како што тоа го сторија минатата година и тоа е најдобриот начин за ублажување на американските планови за хаос, предупреди Корибко.

Освен монструзните обиди за предизвикување крвава граѓанска војна, втората рунда од Обоената револуција во Македонија, чиј старт беше означен со минатогодишниот обид за државен удар, ќе се одвива и во насока на диксредитирање на некои од столбовите на владеачката партија, но и на нивните досегашни изборни победи. За таа цел како што јавија дел од нашите медиуми, СЈО на големо бара сведоци кои што за поткуп лажно би сведочеле во процесот.

Трет правец во кои што обоените револуционерни и петоколонаши ќе се движат се протестите, на кои што повторно ќе се обидат да испровоцираат насилство преку насилничко однесување врз полицијата, како што се случи во мај.

Сума сумарум, овие денови и официјално е означен стартот на втората рунда од Обоената револуција против Македонија, а самопрогласената меѓународна во состав САД и ним потчинетата ЕУ, ќе даде се од себе за предизвикување хаос во земјата, бидејќи сега е и повеќе од јасно дека ниту прислушуваните телфонски разговори, ниту пак терористичкиот напад во Куманово вродија со плод. Анкетите и натаму покажуваат значително или како што велат грчките медиуми, удобно водство, на лидерот на владеачката партија Никола Груевски.  Злото пак, исчезнува само тогаш кога ќе биде разоткриено, а потоа и игнорирано. А елементите кои што работат на предизвикување на крвави судири во Македонија, дефинитивно се наоѓаат при врвот на пирамидата на злото. Во првата рунда од Обоената револуција Македонија се чини го нокаутираше злото, а со Господ напред, ќе победиме и во втората, со мудрост, воздржаност и трпение.

НЕТПРЕС

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top