На прво место

ЉУБОМИР ДОНСКИ – СЛИКАР И ПИСАТЕЛ (АВТОР НА ПРВИОТ НАУЧНО-ФАНТАСТИЧЕН РОМАН ЗА ВОЗРАСНИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК)

ljubomir-donski

Деновиве се навршуваат десет години од упокојувањето на познатиот макеоднски сликар и писател Љубомир Донски (1926 – 2006).

Донски е роден во стариот дел на Штип наречен Ново Село. Неговата мајка Рајна Самандова Донска  (1888 – 1968) е опеана во познатата штипска народна песна „Мери Томчо стодрам алва“. Неговиот татко Милан Донски (1876 – 1947) е по потекло од штипското и светиниколско село Богословец. Свирел  на ќемане (еден вид виолина).

Љубомир имал  тројца браќа: Кирил (познат македонски иноватор и универзитетски професор), Методи (гимназиски професор  и резбар), Јордан (архитект и сликар), како и две сестри: Павлина и Голуба.

Уште од раното детство Љубомир се занимавал со цртање. На 17 годишна возраст заминува во НОБ во Четвртата македонска народноослободителна бригада, а по завршувањето на војната, во 1946 година ја отвора првата самостојна изложба во Штип со што практично ги удрил темелите на повоениот ликовен живот во Штип.

Во тој период учествува и во организирањето на првата етнолошка поставка на тогашниот Народен музеј во Штип кој бил во фаза на основање.

Во 1948 година заминува на работна акција на Мавровското Езеро каде исто така приредува самостојна изложба.

Во тој период почнува и неговото литературно творештво. Првата песна „Оро“ ја објавува во „Народен Глас“ во 1949 година, а следуваат и неколку есеи објавени во „Млада литература“ и „Млад борец“.

Во 1953 година ја објавува збирката раскази „Ода на љубовта“, која според објавената анкета во списанието „Разгледи“  во 1954 година, била една од најчитаните книги во тоа време среде средношколската младина.

Љубомир Донски се занимава и со класична музика.  Свири  на гитара и флејта, а се занимава и со компонирање. Во 1955 година негови композиции се изведувани во Радовиш, а во 2000 година неговата композиција „Серенада за флејта и виолина“ е изведена од членови на Македонската филхармонија под диригентската палка на Фимчо Муратовски.

По завршувањето на гимназијата во Скопје Љубомир Донски се запишува на Медицински факултет, но по апсолвирањето, дефинитивно се определува за сликарството и до крајот на животот работи како „слободен уметник“.

Во 1956 се жени со Љубица Накова (исто така сликар акварелист од Штип). Во бракот им се раѓаат децата Александар (1960 г.) и Татјана (1962 г.).

Во 1957 година, Љубомир Донски заедно со својата сопруга Љубица, се едни од основачите на Друштвото на ликовни уметници на Штип, кое до денес постои и редовно одржува годишни изложби.

Во 1966 година го објавува романот „Враќање од пеколот“ кој всушност опретставува прв научнофантастичен роман за возрасни на македонски јазик и овој податок е внесен во „Енциклопедијата за научна фантастика“ објавена во Белград 1990 година.

Во овој период ги создава и неколку свои најпознати ликовни дела. Вниманието на јавноста  го свртува со големата композиција „Враќањето на ослепената Самуилова војска“ која е со димензии од 1,7 на 2 метри и е на сликата во 1969 година по повод илјада годишнината од Самуиловото царство.  За сликата тогаш јавуваат сите позначајни медиуми и истата е претставена на самостојната изложба на Донски во Скопје. Сликата уште тогаш е откупена од претпријатието „Фото-центар“, а денес се наоѓа во Архиепископијата на Македонската Православна Црква во Скопје.

Во 1976 година ја слика исто така големата композиција „Разловечкото востание“, која е откупена од фабриката „Фротирка“ и денес се наоѓа во Делчево. Сликата е насликана по повод 100 годишнината од Разловечкото востание.

Сепак најдоминантни мотиви во сликарството на Љубомир Донски се: портретите, старата македонска архитектура и пејзажите.

Во 1978 година, на покана од најголемата уметничка галерија во Шафхаузен (Швајцарија) галеријата Ротенадлер“ Љубомир Донски отвора самостојна изложба, која трае еден месец и предизвикува интерес среде љубителите на сликарството од Швајцарија. Оваа изложба е дваесетта по ред самостојна изложба на Донски.Претходните изложби се отворени во Македонија и во некои од поранешните југословенски републики.

Во 1995 година Љубомир Донски ја објавува збирката раскази под наслов „Трагикомични раскази“, а ја објавува и драмата во стихови „Балада за еден борец“. Повремено објавува и есеи од областа на уметноста и фолклорот.

Сепак негова најголема љубов останува сликарството за кое се објавени голем број позитивни критики кај нас и во странство.

Љубомир Донски почина во ноември 2006 година, оставајќи зад себе богат сликарски, но и книжевен опус. Тој  е автор на неколку илјади слики кои денес се наоѓаат главно во приватни збирки на речиси сите континенти.

Постхумно за  творечкиот опус на Љубомир Донски во 2008 година е објавена Монографија подготвена од Нада Накова (најмала сестра на неговата сопруга) и Александар Донски (неговиот син).

ljubomir-donski
Љубомир Донски: „Разловечкото востание“ (голема композиција околу 1 на 2 м. насликана во 1976 год. во чест на 100 години од ова востание). Сликата уште тогаш беше откупена од делчевската фабрика „Фротирка“.

vladika-naum
Портрет на владиката Наум (починат во 1977), насликан во 1971 год.

Македонска нација

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top