На прво место

13 август 1951 – Убиството на петтемина струмички студенти

На 13 август 1951 година, кај селото Дорломбос на планината Беласица, биле убиени петтемина струмички студенти Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев, Ѓорги Јармов и Ѓорги Костуранов. Тогашната власт го оправдувала убиството со тврдењето дека младите се обиделе нелегално да ја преминат границата.

Според сведоштвата и тврдењата што со децении се пренесувале меѓу нивните семејства и сограѓани, петтемина студенти една августовска вечер биле насилно собрани од струмичкото корзо, оттргнати од прегратките на своите девојки и одведени кон границата. Кај Дорломбос биле свирепо убиени, по наредба на локален комунистички функционер.

Петтемина млади луѓе биле припадници на ВМРО и се залагале за слободна и независна Македонија. Нивната определба била неприфатлива за тогашната комунистичка власт, која по убиството ги прогласила за народни непријатели.

Случајот со струмичките студенти со децении бил табу-тема. За нивното убиство не се говорело јавно, а семејствата ја носеле болката во молк. Дури во 1991 година, со демократските промени и осамостојувањето на Република Македонија, првпат бил одржан парастос за покој на нивните души.

До 1990 година во Македонија главно се истражувало и пишувало за жртвите на фашистичкиот режим, додека пристапот до документите за жртвите на комунистичките прогони бил ограничен или целосно оневозможен.

Надвор од јавниот и научниот интерес останале бројни трагични настани и човечки судбини: одведувањето на стотици лица на Голи Оток, мистериозните убиства на Скопското кале, масовните убиства во Куманово, настаните во Ресен во 1945 година, стрелањето без судење во Велес, како и бројните поединечни убиства, затворања и интернирања.

Меѓу прогонуваните и политички отстранетите биле истакнати македонски дејци како Андон Чулев, Панко Брашнаров, Павел Шатев, Методија Андонов-Ченто, Петре Пирузе–Мајски, Венко Марковски и многу други. Нивните судбини, како и случајот со убиството на Лена Стојчевска, остануваат дел од потиснатата и недоволно истражена историја на комунистичките репресии во Македонија.

„Струмичката петорка“ останува симбол на насилно прекинатата младост и на борбата за историска вистина. Споменот на Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев, Ѓорги Јармов и Ѓорги Костуранов е трајно вграден во колективната меморија на македонскиот народ.

Слава им на сите што се бореа и ги положија своите животи за слободна и самостојна Македонија.

Најново од: На прво место

Кој ќе одговара за 14-те жртви во Тетово – СДС да престане со двојните стандарди за Кочани

СДС да престане да ја политизира трагедијата во Кочани – кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница? СДС треба да престане да ја злоупотребува трагедијата во Кочани за дневнополитички пресметки и собирање политички поени. Кога се зборува за човечки животи, мора да важат исти аршини за сите, а јавноста има право да праша: […]

Осум дена притвор за 39-годишник од Черкези поради закани кон премиерот Мицкоски

Осум дена притвор му е определен на 39-годишниот А.Д. од кумановското село Черкези, поради закани упатени преку социјалните мрежи кон премиерот Христијан Мицкоски. Според изјавата на премиерот, во објавените пораки имало тешки навреди, пцовки кон него и неговото семејство, како и закана дека ќе биде „колен на плоштад“. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека за заканите […]

Правдата не смее да има партиска адреса – Македонија мора да ја врати довербата во судството

Шеснаесет загинати кај Ласкарци. Четиринаесет изгубени животи во пожарот во модуларната болница во Тетово. Зад овие бројки стојат човечки судбини, семејства и прашањето кое со години ја прогонува македонската јавност: ќе има ли конечно правда и одговорност? Македонското правосудство со години се соочува со сериозна криза на доверба. Во јавноста постојано се поставува прашањето дали […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

14 септември – почеток на црковната Нова година и Начало на Индиктот

На 14 септември според граѓанскиот календар, односно на 1 септември според стариот црковен календар, Православната црква го одбележува почетокот на црковната Нова година – Начало на Индиктот. Со овој ден започнува новиот годишен богослужбен круг и новото патување на верниците низ празниците и настаните од Христовиот живот и историјата на Црквата. За разлика од граѓанската […]

Македонски историски календар: 14 септември

14 септември 1924 – Убиен е Арсениј Јовков Во Горна Џумаја, Пиринска Македонија, е убиен Арсениј Јовков, македонски револуционер, поет, публицист, новинар и филмски сценарист. Јовков е роден на 25 март 1884 година во селото Селци, Струшко. Уште како млад се вклучил во македонското револуционерно движење, а во 1903 година учествувал во Илинденското востание. Значајно […]

„Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија (ФХЕМ) во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејска Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски, Македонец кој […]

Македонски историски календар: 12 септември

На 12 септември 1924 година, само десетина дена по убиството на Тодор Александров, во Горна Џумаја, денешен Благоевград во Пиринска Македонија, започнале драматични пресметки во редовите на ВМРО. Убиството на Тодор Александров на 31 август 1924 година предизвикало голема организациска и политичка криза. Истакнати дејци на Организацијата договориле средба во Горна Џумаја на 12 септември, […]

To top