На прво место

БЕЗУСЛОВЕН КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ДРЖАВНОТО ИМЕ!

todor

ПРВ И ЕДИНСТВЕН УСЛОВ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И МИР ВО МАКЕДОНИЈА И РЕГИОНОТ Е БЕЗУСЛОВЕН КРАЈ НА РАЗГОВОРИТЕ ЗА ДРЖАВНОТО ИМЕ!

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

Македонија не пати од дефицит на демократија туку од суфицит на врховизам. Врховизмот е историски феномен, претставува сервилност на определена номенклатура која во отсуство на доверба од сопствениот електорат, мандат за власт во Македонија бара од некоја друга и туѓа метропола. Во 20 век тие биле Белград, Софија и Атина, во 21 век тие се Брисел и Стразбур. Врховизмот не е етничко туку геополитичко прашање. Производ на врховизмот е анархизмот.

И после 100 години од окупацијата врз Македонија и геноцидот вез Македонскиот народ, се’ е исто! Исти се актерите, исти се интересите, исти се извршителите… Впрочем, Македонија не ја поделиле во Балканските војни за да го решат, или некогаш да реинкарнира, туку конечно да го затворат македонското прашање.

Но, и покрај се’ и после се’ и покрај сите разлики меѓусебе, Македонија е единствен заеднички именител и единствен заеднички содржател на Македонците дома и во светот.

Прв и единствен услов за стабилизација и мир во Македонија и регионот е безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција на Грција и југо-западна провинција на Бугарија, без латинична транскрипција на македонскиот јазик Republika Makedonija, туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат!

Претседателот на Републиката има историска одговорност, веднаш да достави писмо до Генералниот секретар во кое се заблагодарува на мисијата на специјалниот пратеник Метју Нимиц во разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина и го известува дека Македонија своето членство во Обединетите Нации го продолжува безусловно со државното име Македонија. Истовремено, претседателот на Републиката треба да достави резолуција до Есенското заседание на Генералното собрание во која се вели дека Македонија го продолжува членството во Обединетите Нации под државното име Македонија! Одлуката на Генералното собрание на Обединетите Нации се носи со мнозинство од присутните за време на гласањето! На овој начин, се елиминираат сите обиди од било кого за дестабилизација и контролирана нестабилност на државата Македонија поради името и се создаваат услови за траен мир во Македонија и регионот!

Македонците во светот го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата, поради грчкиот и бугарскиот антимакедонизам, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, и наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата Македонија и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на историјата на Македонскиот народ како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Софија и Атина!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

Македонија не изврши сукцесија од поранешна СФР Југославија за да се фрли во прегратките на Србија, Бугарија, Грција и Албанија или во прегратките на Европската Унија и НАТО Алијансата, туку да биде суверена и самостојна држава, надвор од било кој сојуз на држави!

Македонците отфрлаат референдум, промена на Уставот и ратификација на меѓународен договор за промена на името на државата!

Во мултиполарниот свет, каде што американскиот унилатерализам и европскиот центризам се трајно минато свршено време, Македонија треба да гради политики на активен мултилатерализам – од пријатели никогаш доста, врз пинципите на меѓународното право – еднаква сувереност, што подразбира заемно почитување, немешање во внатрешните работи на суверените држави во светот, реципроцитет во билатералните односи и почитување на територијалниот интегритет и суверенитет!

Macedonia erga omnes!

Македонија од исконот до бескрајот! Македонија вечна! Сите Македонци еден за друг! Амин!

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top