На прво место

Никогаш да не се заборави – 78 години од Холокаустот на македонските Евреи

evrei-makedonija

evrei-makedonija

Еврејската заедница во Македонија ја одбележа 78 годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во нацистичкиот логор на смртта Треблинка. Од Македонија беа депортирани 98 отсто од еврејската популација, од кои 50 беа деца. Статистичките податоци за судбината на македонските Евреи, за жал, ги става на врвот во поглед на процентот на Евреите од која и да е земја, убиени во текот на Втората светска војна од нацистите и нивните соработници.

Во Македонија се` уште не бледнеат сеќавањата на денот кога нивните сограѓани беа депортирани во логорот на смртта за никогаш да не се вратат во нивните домови. По наредба на тагашните фашистички бугарски власти, во ноќта меѓу 10-ти и 11 март 1943 година биле уапсени сите Евреи во Македонија и пренесени во скопскиот Монопол, денеска Тутунски комбинат, кој тогаш бил привремен концентрациски логор.

На 11 март 1943 тие биле собрани во сточни вагони и од Битола и Штип сите заедно доведени во скопскиот Монопол, каде што останале до крајот на март во екстремно тешки хигиенски и психолошки услови. Сиот имот им бил земен, а накитот и парите конфискувани. Потоа повторно биле натоварени, меѓу 80 и 120 во еден вагон, и транспортирани во тогаш окупираната Полска, во логорот на смртта Треблинка, каде веднаш биле егзекутирани.

Најмногу Евреи имало од Битола, Скопје и од Штип и по неколку семејства од помалите градови. Веќе на 22, 25 и 29-ти март 1943 година, 2.150 семејства, со вкупно 7.144 члена, во три транспорта, биле упатени во логорот на смртта Треблинка 2 во Полска, од каде никој не се вратил.

По 11.03.1943 година еврејските маала останаа пусти, без детски жагор и смеа. Улиците и дуќаните опустеја. Се згасна вообичаената работна раздвиженост. На портите повеќе ги немаше стариците со плетала и старците потпрени на бастуми на пролетното сонце. Немаше повеќе раѓања, свадби и умирања.

Може да прости, но не и да се заборави, бидејќи заборавот го влече човекот кон нови злосторства и историски проклетија.

Македонска нација

Најново од: На прво место

Што може една будала да расипе, сто паметни не можат да поправат

СДС ги стави потписите, а сега Филипче прашува зошто Мицкоски не ги поправа последиците! Има ли нешто во политиките на СДС на чело со Филипче што е во интерес на Македонија, или целата политика им се сведе на потсмевање со последиците од сопственото владеење? Настапот на Филипче во Собранието ја покажа токму таа политичка логика: […]

Филипче би го победил Мицкоски, само ако не мора да оди на предвремени избори

Ракавицата за предвремени избори од Мицкоски е фрлена, ама Венко Филипче никако да ја крене. Ја гледа, ја анализира, па ја повторува големата стратегија: „Нема да му бидеме алиби“. Или поинаку кажано: „Почитувани граѓани, условите за нашата храброст сè уште не се исполнети“ Мицкоски порача дека ќе прифати предвремени избори ако ги побара здружената опозиција. […]

СДС бара истрага за парите што влегуваат во Македонија — а каде е истата загриженост за парите што излегувале?

Портпаролката на СДС, Богданка Кузеска, побара Јавното обвинителство да отвори истрага поради наводите за префрлање големи суми пари преку Алта банка од Србија на сметки на правни лица во Македонија. Но има ли некој во раководството на СДС што ќе постави прашања и за парите што излегувале од Македонија додека партијата беше на власт? Читам […]

Скопје го менува ликот: Нови булевари, мостови и 100 еколошки автобуси

Илустрација генерирана со вештачка интелигенција Скопје се менува со конкретни дела, капитални инвестиции и проекти што носат подобар живот за граѓаните. По години наталожени проблеми, фокусот е ставен на реализација на значајни проекти, финансиска стабилизација и обновување на градската инфраструктура. Скопје заслужува и ќе биде модерен, уреден и функционален град, со развиена инфраструктура, ефикасен јавен […]

Милошоски: Филипче би разговарал за се, само не за состојбите во СДС која пропаѓа

На телевизија Алфа во емисијата „Колегиум“ гостуваше Антонио Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник кој посочи дека однесувањето на претседателот Венко Филипче е обид да се избегне разговорот за состојбите во сопствената партија, за неговиот рејтинг и внатрепартиската кохезија, посочувајќи дека наместо за овие прашања, Филипче зборува за состојбите во Србија. „Однесувањето на […]

Македонија на крстопатот на Европа: Коридорите 8 и 10 како стратешки адут во НАТО и ЕУ

Вкрстувањето на Коридорот 8 и Коридорот 10 ѝ дава на Македонија можност да стане важен транспортен, трговски и логистички јазол на Балканот, со поголема политичка тежина во НАТО и во односите со Европската Унија. Двата коридора ја поврзуваат државата со различни пазари и пристаништа: Коридор Поврзување Значење за Македонија Коридор 8 — исток–запад Преку Албанија […]

27 октомври е Петковден, ден кога душата се смирува, а домот се осветлува!

Честит Петковден на сите што го слават! Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка… Во народната вера, Света Петка се почитува како заштитничка од несреќи и болести, поради што народот ја нарекува и мајка Параскева. Со нејзиното име се поврзуваат многу извори, познати како петочни води, на кои народот им припишува лековитост. Во многу домови во […]

1 petkovden 92 5

Петковден 1992 – спомен што времето не го избриша

Фотографиите чуваат мигови што животот никогаш не ги повторува. Ги гледам овие лица и се навраќам на Петковден во 1992 година, на нашата домашна слава, на молитвата, песната и разговорите во семејниот дом. Поминаа многу години. Некои од присутните заминаа во вечноста, а со некои животот нè однесе на спротивни страни. Но, подоцнежните несогласувања не […]

To top