На прво место

Простонароден расказ кон житието на св. Никола

sveti-nikola

sveti-nikola

Од верување до легенда

Стар ет свети Никола. немат место рисјанско кај да се не знајт негоото име и да не се празнуат негојот празник. И комшииве него го имаат за светец. Тие го викаат Ад’рбаба. Едно време позавиделе сите други светци, оти свети Никола на ет толку честен.

Се собрале сите и се згоориле да направат една поплака и да се оплачат Господу за таа свети Николо’а непра’ина, оти сите цркви и зел на свое име, а пак на некои од светците ни името им се знаело. Релчено, сторено. Ја напишал поплаката еден од светците и ошол да ја дајт Господу. Зел Господ сполај му, ја испеал и часокот пратил двајца анѓели да појдат по свети Никола, да му кажат оти имат поплака на него и да го заберат пред себе.

Излегле анѓелите и преглеале порвин на небо, свети Никола тамо го немало. Слегле на земи. Цела ноќ барале кутрите анѓели од црква в црква, немат светец никаде. Пукнала зора и тогај дури одвај едниот анѓел заглеал стреде море една ѓемиа, ломење напраена и готоа да потонит и при неа сам свети Никола. Ошле прао тамо и му кажале оти требат да тргнат со нив, зашто имат поплака на него.

– Аманс луги Божји, прогоорил светецот, елате еден од вас покрепете а гемиава, ја оту пак поможете да ја куртулиме од далгава побрго за да не падните и вие кабаетлии со задоцнуењето. Се попоглеале ангелите, немало што да праат, виделе-не виделе, зеле ја спасиле гемијата и ја исплинале близу до скелето. После го забрале свети Никола како што бил изводенен вир-вода, со испокинати алишта, со полетите запрегнати и со солупен грб од крепење кораби. Ете на таа пересиа тој излегол и паднал ничкум пред Господа, кај што биле собрани и сите даудџии-светци. Анѓелите искажале Господу се со ред како го барале цела ноќ свети Никола од црква в црква и одвај пред зора го нашле среде море под една искршена гемија, од кај што го забрале.

Од како искажале се анѓелите се завртел Господ консите светци и ништо не прогоорил. Ама од погледот негов сите разбрале оти им рекол: „Ојте и вие, прајте истото (као што прајт свети Никола), ако сакате да бидите честени од сите рисјани“. И се поклониле Господу светците, и си ошле секи на својот конак.

И наредил од тогај Господ на секој светец да му се празнуат празник по еднуш во годината, ана кутриот светец што се нашол да ја пишит поплаката, на четири години еднаш да му се празнуат празник. (Тоа е преподобен Касијан Римјанин, споменот му е на 29 февруари, с.с.)

Преподобен Касијан бил Римјанин по потекло, умрел 435 година. Тој е основоположник на монаштвото на запад,

Запишал јероѓакон Јосиф од кичевскиот манастир Пречиста.

Новини, Цариград, бр. 40, 1893 г.

Свeти Никола гради црква

Цркви гради стар свети Никола, градил ги е од злато и сребро,
оште малко не са доградени – не стигнало злато и па сребро,
па се чуди стар свети Никола, дел да најде злато и па сребро,
да догради цркви, монастири. Па си зема златна патерица,
па си шетна на горе на доле отиде си крај Белото море
там си виде таја мрена риба, дек играе по дно на морето,
криљето и злато позлатени а в устата бесцен камен носи,
та си свети по дно на морето. Удари се стар свети Николса
удари си с златна патерица, удари си това Бело море,
раздели си това Бело море, улезна си стар свети Никола,
па си фана таја мрена риба, риба му се милно помолила:
-Пушти мене, стар свети Никола, алал да е златото и сребро!
Проговарја стар свети Никола:- С’ сребро, злато цркви ќе дограда,
безцен камен у олтар ќе става, тебе рипке, курбан ќе те колам!

Свети Никола раздава морски песок за бериќет

Се пее на трпеза на Свети Никола заспал задремал свети Никола,
во стреде море на мермер плоча, малку ми поспал тој три години.
До три години сонце не огреа, до три години ветор не веа,
до три години дош не ми врна, да се не роди нишчо бериќет,
да ми станала тешка скопија. Туе помина Богородица,
да си разбуди свети Никола: -Стани ми стани, свети Никола.
Од сон ми стана и се поклони. – Да што ме дигаш, ти света мајко?
– Да е станала тешка гладија ти да си земеш кола с волови,
да си наполниш од море песок, от да си тргнеш по сета земја,
коде да минеш, се да си сееш. Тој пак си фпрегна кола с волови
оту си тргна по сета земја, сос мрва семе многу берикет.
КОде со рока, коде с два прста, по мрва фрлат, блаосовуват:
– Од мрза семе, многу берикет! Тој ми ишетал по сета земја,
коде со рока, коде с два прста,во пусто Скопје сос сета кола.

Испеана од Теофил Јанков од с. Тресонче, Дебарско.

Од зборникот на Атанас Илиев.

Заспал задремал Свети Никола

Заспал задремал свети Никола, меѓу два пота, меѓу два друма,
тује помина света Недала. Во рока носит стребрено котле,
а во котлето крст и босилек. Ми поштрка свети Никола
ми го поштрка и се разбуди. -Еј, брате, брате, свети Никола!
Зашчо си ми се тује успало? -Еј сестро, сестро, света Недело!
Мрва си легнав голем сон видов: беше израсло едино дрво,
едино дрво дрво дафино, а на дрвото ветки парови.
-Еј бреате, брате свети Никола! Ветки парови – божји анѓели,
широки лисје – божји рисјани.

Од Галичник од збирката на Риста Огњеновиќ – Љоноски.

Марко Китевски

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top