На прво место

СРЕЌЕН 23-ти ОКТОМВРИ БРАЌА И СЕСТРИ

UV Verni na Organizacijata

UV Verni na Organizacijata

23 октомври и ВМРО се преродба во македонското ослободително движење,

23 октомври и ВМРО се завет на македонските револуционери, предвесник, темел на еден период наплатен со животите на многу македонски синови – жртви за слободна и независна Македонија. Темел на Илинденската Република, симбол на непокорноста на македонскиот народ, визија за македонската автономија.

Токму 23 октомври беше денот кога почна се’, денот кога првпат во македонската историја се создаде организација што го поведе народот во организирана борба за идејата за македонска држава.

Тој датум беше денот кога се поставија темелите на идната македонска државност, почеток на каузата за самостојна и независна Македонија.

Знаете ли за подостоен празник за Македонците кој би го славеле?

Овој ден се слави љубовта кон Македонија, која е поголема од љубовта кон соспствениот живот, кога се станува саможртва, со верба во Господ, ден оставен како аманет на нашиот пат, ден во кој се испишува вечната страница на Македонизмот.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формираа Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО).

Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

На овој ден било разгледувано прашањето околу дејствувањето и работењето и идејната поставеност на новата македонска организација. Било одлучено организацијата да дејствува револуционерно и сите активности да ги спроведува строго конспиративно.

Дејствувањето да се извршува исклучиво на територијата на Македонија во нејзините природни етнички и историски граници и во неа да членуваат лица родени или исклучиво кои живеат во Македонија, без да се гледа верската и националната припадност.

Дискусиите се одвивале во правец на автономија на Македонија со цел да се искористи чл. 23 од Берлинскиот договор.

ВМРО била формирана, една година подоцна се приклучил и Гоце Делчев, по што идејата за автономија добива поголема сила, потоа следеле Ѓорче Петров, Христо Матов и другите, по што Организацијата успеала да изгради еден импресивен паралелен систем, безмалку државен, кој функционирал до 1903 година и врвот во нејзиното дејствување, Илинден.

Знаеме ли за друга историја, знаеме ли за друга Македонија? може ли некој да ни го земе националниот идентитет на сите заложби и жртви? Има ли таков и кој е тој?

Да прославиме браќа и сестри македонци, наследници на Македон, наследници на Филип таткото на Александар Македонски, ние сме библиски народ, ние сме божји чеда, ние сме пород на паталци и патриоти, ние сме потомци на револуционери, а Македонија е ветена земја, зeмја на патриоти во свое време, време на интегритет, економска моќ, независност и автономија, време за европска Mакедонија, со сопствена историја и самобитие…

СРЕЌЕН 23-ти ОКТОМВРИ БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ- Верни на Организацијата!

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство во анкетата на МКД.мк

За ВМРО-ДПМНЕ би гласале 19,3 отсто од испитаниците, а за СДСМ 5,6 отсто. Мицкоски има доверба од 20,4 отсто, наспроти 3,8 отсто за Филипче. ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски имаат значителна предност пред СДСМ и Венко Филипче, покажува последната анкета на МКД.мк, спроведена од агенцијата „Маркет вижн“ од 11 до 27 септември 2026 година, […]

На 10 октомври 1946: Гоце Делчев почива во главниот град на слободна Македонија

На 10 октомври 2026 година се навршуваат 80 години од положувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни, воени и црковни почести. Со тој свечен чин бил исполнет заветот запишан на неговиот ковчег во 1923 година: неговите коски да почиваат во престолнината на независна Македонија. […]

ВМРО му оддава признание на Михаил Чаков за зачувувањето на моштите на Гоце Делчев

Писмото до Михаил Чаков: сведоштво за почитта кон Гоце Делчев и за идеалот на независна Македонија Документот од 1923 година сведочи дека посмртните останки на Гоце Делчев биле чувани како светиња, со длабока почит кон неговото дело и кон борбата за независноста на Македонија. Писмото на Тодор Александров до Михаил Чаков од 1923 година претставува […]

mile-aleksievski

За 21 ден го изрезбале саркофагот на Гоце Делчев: Дело што ја чува македонската почит од 1946 година

Нестор Алексиев Мирчевски го изработил саркофагот со помош на својот дванаесетгодишен син Миле. По 68 години, во 2014 година, Миле повторно го допрел оревовото дрво и со солзи се присетил на татко му и на деновите кога заедно создавале дело достојно за Гоце. Саркофагот на Гоце Делчев: Изработен во 1946 година, повторно допрен по 68 […]

Манасиевски: Филипче ги застапува бугарските позиции и молчи за останките што му се припишуваат на цар Самуил

Манасиевски го обвини Венко Филипче дека ги става бугарските интереси пред македонските, посочувајќи ги неговите ставови за уставните измени и молчењето за пренесувањето на останките што му се припишуваат на цар Самуил во Бугарија. Манасиевски упати остри критики кон Венко Филипче, нарекувајќи го „бугарски амбасадор во Македонија“ и обвинувајќи го дека ги застапува позициите на […]

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

To top