На прво место

101 година од смртта на Тодор Александров

todor-aleksandrov

todor-aleksandrovТодор Александров е роден 1881, во Ново Село, Штипско. Ученик во Бугарското машко 3-то класно и педагошко училиште во Скопје и во Солунска машка гимназија “Св. Кирил и Методиј”, во времето кога Христо Матов, главниот идеолог на десницата на ВМРО бил директор.Во 1897 година се вклучува во организацијата што даде најмногу жртви за обединета и независна Македонија, ВМРО. За прв човек на ВМРО доаѓа после Балканските војни и 1 светска војна.Погрешно е прифатено дека Т.Александров е во групата на десните македонски револуционерни сили, кои имале пробугарска ориентација и кои сметале дека Македонија била бугарска територија, а Македонците – Бугари.

Повеќемина од историчарите тврдат дека зад залагањето на Александров за автономна Македонија секогаш стоела прикриена цел подоцна, кога ќе се зоздадат услови, да се приклучи кон Бугарија. Академик Иван Катарџиев подвлекува дека проекцијата на Александров за автономија на Македонија се сведува на следново:
Борбата за автономна Македонија продолжува сè додека не се добие барем автономно уредување за трите дела на земјата поделена меѓу Србија, Грција и Бугарија. Таа цел, обединета, независна или автономна Македонија може да биде поставена под заштита на Друштвото на народите или на една од големите сили, негови членки, или да влегува во југословенската држава како рамноправен член во една федерација доколку Србите прифатат федерално уредување на новата држава, пишува нашиот познат историчар во книгата “Македонија сто години по Илинденското востание“, издадена од “Култура”.

Според академик Катарџиев, потпишувањето на познатиот Мајски манифест во Виена е најголем дострел во револуционерната аквивност на Тодор Александров во 1924 година со кого е постигнат договор за обединување на левите и десните македонски револуционерни сили. Манифестот е потпишан по преговорите што ги имал Александров со претставници на тогашниот Советски Сојуз и со Коминтерната. Тогаш е потпишана и посебна декларација според која иднината на Македонија повеќе не се поврзува со Бугарија, туку во една наполно самостојна држава, обединета во нејзините етнички граници, која би можела да се обезбеди во рамките на една балканска федерација.

Ова е накратко ликот и делото на еден од најголемите македонски борци за обединета и независна Македонија, но да биде апсурдот поголем како шти и секогаш се случува во нашата многувековна историја, истиот тој „ Надвојводата “ е погребан во друга земја а не во земјата за која умре со отворени очи и лелек до небото за својата поробена и натопена со крв и инат Македонија.Во натамошните броеви на Македонска Нација ќе се свртам подетално и ке се обидам колку што можам пообјективно да го опишам патот и делата на овој оспоруван револуционер низ призмата на странските документи и неговиот личен ангажман во вечната борба за независна Македонија. За жалење би била нашата историја ако само се повикуваме на Иван Кантарџиев како докажан „вистинољубец на македонскиот непокор и вековната борба за независна и обединета Македонија“, туку треба и да се објаснат подетално, барем на помладите за значењето на пишаните и непишани а потврдени факти за „ Надвојводата “ Тодор Александров. Една од неговите мисли е објавена и во книгата „ Се за Македонија“ од г-динот Зоран Тодоровски кои имаше доволно храброст и достоинство да го објави истоимениот зборник, гласи :„Историјата се повторува, но длабоко верувам дека ќе се најдат родољупци да го запрат одењето удолу, за да се насочиме сите угоре и напред„!.Би сакал само уште да додам дека во овој мал предговор за Тодор Александорв се осврнав само на главните теми кои ќе бидат обработувани понатму во другите бореви на Мак НАција. Се надевам истотака ќе биде доволно интересно за сите патриоти да ја слушнат барем уште еднаш вистината за непокорот и интимните моменти на Надвојводата со вечната Македонија и дека неговата мисла е вечна : „Вистината е поголема и од светлината, но кој може и сака да ја види“.

БОГ.Македонија.ВМРО….ЗАСЕКОГАШ….

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top