На прво место

Велигден – победата на љубовта и животот

93842

93842

Велигден – победата на љубовта и животот

Бог страдаше и воскресна поради Својата безмерна љубов кон човекот. Божјото доаѓање меѓу луѓето и воскресението имаат смисла единствено преку љубовта, а делото на спасението на човекот е невозможно без подвигот на љубовта.

Украсувајќи го својот живот со вера, а срцето со чистота, да го исполниме благословот на светиот апостол Јован, кој вели: „Кој го сака брата си, тој е во светлината“ (1. Јн. 2, 10).

Чеда, Македонци, верници – се наоѓаме во велигденскиот пост, период на духовна подготовка пред најголемиот христијански празник – Велигден, Воскресението на Исус Христос. Ова е време што нè потсетува на неизмерната Божја љубов кон човештвото и на повикот да го сакаме својот ближен со искрена и чиста љубов.

Постот не е само воздржување од храна. Тој е и духовно прочистување – време кога внимаваме на зборовите, не мислиме зло, не озборуваме, не лажеме и ги почитуваме Божјите заповеди. Тоа е пат кон внатрешен мир и духовна зрелост.

Има ли поубав празник од Велигден?

Празникот над празниците, денот на победата на животот над смртта, на светлината над темнината. Велигден е празник што македонскиот народ го празнува со длабока вера, надеж и љубов.

Велигденските пости продолжуваат – зад нас се Лазарова сабота и Цветници, а пред нас е Страсната седмица, време на тишина, покајание и молитва. По Велигден следи Томината недела, период на радост во кој не се пости, дури ни во среда и петок.

Ова е време на смирение и преиспитување. Време кога треба да ги прочистиме своите души, да се приближиме кон Бога и да најдеме мир – и во себе, и меѓу нас. Нека верата нè обедини, нека љубовта нè води, а црквата нека биде место на помирување, разбирање и заедништво.

Зашто без вера во Христовото воскресение, нема вистинска вера во Христа како Спасител. Како што јасно сведочи светиот апостол Павле: „Ако Христос не воскресна, празна е нашата проповед, празна е и вашата вера“.

Затоа, да го дочекаме Велигден со чисто срце, со вера и со љубов – подготвени да ја примиме светлината на Воскресението.

1aaa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top