На прво место

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XV

tren

Martin TrenevskiМ-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, поранешен министер за информации и иселеништво и екс-амбасадор на Република Македонија

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – XV

1. Најпопуларен и најцитиран македонски политичар деновиве во соседна Бугарије без конкуренција е Стево Пендаровски. Разбирливо: па Стево даде изјава што е музика за нивните уши: дека Гоце Делчев “се декларирал дека е Бугарин”!? Иако, жонглираjки со зборови, Стрево сепак се обиде да се корегира (и да ја намали штетата што самиот ја направи), со додавката дека Гоце “се борел за самостојна македонска држава”.
За политичарите карактеристичен е еден феномен: кога ќе дојдат на повисока позиција во кариерата сметаат дека по автоматизам се многу попаметни од што биле порано!? Но тоа во животот не е така! Напротив! И во конкретниов случај Стево заплива во немирни води, во кои ниту е стручен, ниту пак е доволно искусен – но штетата (политичка и многуслојна), за жал на сите нас, е направена! Му препорачуваме на Стево да ја замоли Проф. Др Наташа Котлар да му објасни што значи “историска дистанца”, за конечно и самиот да свати дали Гоце така се декларирал и ако е така во кои околности и зошто така се декларирал, пред да истресе уште некоја зелена и да направи дополнителна непроценлива штета.
Сосема нормално, по сето ова што го испровоцира Стево, се поставува прашањето: дали тој сега веќе сосема очигледно почна да одработува за некого, на пример на тие што го што го номинираа и го устоличија на позицијата на која се наоѓа (на Калето), или пак се работи за нешто друго!? Според мене, станува збор за првото, во што немам никаков сомнеж.
2. Како ехо на изјавата на Стево Пендаровски уследи коментарот на бугарскиот премиер Бојко Борисов кој од Брисел ни порача дека ние, македонците, сме требале “да зрееме”!? Oх, Боже мој!!! Да ти порача такво нешто некој Норвежанин (каде министер даде оставка бидејки го носел службениот телефон на годишен одмор), или Финец, Данец…, па ајде да голтнеме кнедла, ама еден Бојко Борисов!? Именуваниот му беше личен бодигард на диктаторот Тодор Живков, па природно е да се очекува дека попримил нешто од својот поранешен и по зло познат шеф (Живков)!
Пред неколку месеци независни медиуми во Бугарија објавија дека истиот тој Борисов “тежи” над три милијарди долари!? Дали е тоа точно или не, не навлегувам, но факт е дека не видовме и нечувме никаков демант од негова страна, ниту пак дека институциите задолжени за борба против корупцијата во таа земја превзедоа некаква конкретна акција за да се утврди вистината. А сепак станува збор за премногу сериозна квалификација!
Но вистина е дека ќерката на Борисов била запрена од сообраќајна полиција во Калифорнија, каде што студира, бидејки возела “Бугати вејрон”, ауто што чини 3,5 милиони долари (Борисов, колкава плата примаш за ќеркати да вози вакво возило?) и тоа 380 километри на час (бројкава ја препрочитував десетици пати за да се уверам дали е вистина тоа што го читам).
Не знам дали констатацијата за зреењето по моделот на Бојко Борисов е стандард на ЕУ кон која што тежнееме, или пак самиот тој се обидува да наметнува сопствени – балкански стандарди!?
3. За многу актуелната тема: “Чиј е Гоце Делчев”, или што бил по националност Гоце, најдобро говори приложената фотографија од бугарски весник за пренесувањето на моштите (коските) на Гоце во октомври 1946та година од Софија во Скопје, каде и денес почиваат.
Нагласуваме, фотографијата е од бугарски весник, на бугарски јазик и под неа стои следниот напис преведен на македонски јазик: “Во текот на минатата недела од Софија беа испратени за Македонија коските на големиот македонски револуционер Гоце Делчев, што од сега натаму ќе почиваат во Скопје – главниот град на земјата за која тој го даде својот живот“.
Сметам дека со самата фотографија и легендата под неа се е кажано и нема потреба за никакво тумачење или дообјаснување! Но, дали тоа допира до Софија каде е во тек вистинско крешчендо на антимакедонската шовинистичка кампања на сите нивоа!?
Бугарите се познати ширум светот како позајмувачи (крадци) на туѓи вредности, а не е само ликот и делото на Гоце Делчев. Да потсетиме што се искрадоја од охридските цркви и манастири (круната на Охридските архиепископи и илјадници други црковни предмети, икони, ракописи, реликвии…..). Анатема за нивниот крадечки порив деновиве стигна дури лично и од Вселенскиот патријарх Цариградски Вартомломеј кој ги нарече бугарите:”Банда од 60 престапници”, бидејки во 1917 година украле илјадагодишни стари ракописи од некој манастир во Егејска Македонија и ги продале на Универзитетот Принстон, во САД.
4. Министерот за надворешни работи со полициско досие во ЈуКеи (за поседување 300 парчиња синтетичка дрога) Никола Димитров неодамна изрече една колосална глупост поделувајки ги македонските дипломати на “наши”, демек професионалци (!?) и “ваши”, т.е политички именувани (непрофесионалци). Кога ќе чујам за терминот професионалци од МНР, во контекст на македонската дипломатија, морам да признаам дека ми се крева косата бидејки и самиот бев во неколку наврати во таа фела и имав можност ди ги видам и почуствувам работите непосредно, од внатре.
И самиот Н. Димитров очигледно не сватил една основна работа, а тоа е: да се биде на платниот список на МНР само по себе не подразбира дека секој таму вработен е професионалец! Според мене, професионалноста или непрофесионалноста треба да се оценува според односот на лицата, особено тие што се на платниот список на МНР, кон работата; неговата посветеност и умешност да ја афирмира земјата што го/ја праќа и го/ја плаќа во мисија и пред се и над се одговорноста да ја афирмира на најдобар можен начин, а не да ја резили (што е многу чест случај во македонската дипломатија) сопствената земја и дипломатија и да има, кога е на мандат, должен респект кон земјата домаќин или организацијата каде е номиниран.
Ќе наведам само неколку примери за илустрација на погрешното тврдење на Н. Димитров. Пример, бр 1. Во Париз еден од првите наши амбасадори беше непрофесионалец (?), т.е. познат културен деец, драматург кој во текот на мандатот во француската престолнина направи над 120 културни активности, манифестации за афирмација на Македонија (изложби, промоции, драмски претстави, литературни читања…). Него го наследи “професионалец” од МНР кој, според изјавите на неговите соработници од македонската амбасада, се капел еднаш во три месеци!? Коментарот мислам дека е излишен. Пример бр. 2. Во една многу важна мисија во Виена “професионалец” од МНР е регистриран од власта на земјата домаќин – Австрија, за педофилија; Пример бр. 3. ”Професионалец” од МНР одбива да ги продолжи веќе воспоставените активности што ги воспоставил неговиот претходник – непрофесионалец, Пример бр. 4. Како да се гледа што амбасадор, по вокација дуќанџија, а сега ”професионалец” во МНР, на кого прва работра што ќе направи по превземање на раководната функција во многу важна мисија е – да подигне кредит од 50.000 евра, за да си купел стан во Скопје, а неводи сметка за професионалните обврски да прима и да се дружи и приватно со колеги-дипломати од други земји!? А ако ги наведам и примерите со кражби на парфеми и слични работи сторени од професионалци, злоупотреби и сл. листата Богами ќе биде многу, многу подолга.
За професионални дипломати можат да зборуваат пред се држави со големи традиции во областа, како една Германија, Франција Англија, Русија, Турција…..! Кај нас дипломатијата сеуште е во пелени. Впрочем, за жал, еве која е реалноста денес за професионалните (?) критериуми на Н.Димитров: по превземањето на таа функција тој почна да праќа во мисии, на мандат, преведувачи, курири, чиновници од МНР (ваќно да се на платниот список на МНР), но се разбира и понекој навистина солиден дипломат.
Осем тоа. Н.Е. Н. Димитров како да заборава дека Република Македонија е мултиетничко општество, што подразбира и потреба од ангажман на кадри од етничките заедници и во македонската дипломатија.

5. Водечката опозициона политичка партија ВМРО-ДПМНЕ по повод кадровските промени во актуелната македонска влада изрази чудење дека вршителот на должност премиер Зоран Заев си го задржа за себе и пoртфолиото министер за финансии. Паријата изрази чудење во стилот – како е можно, според нив “аболициран криминалец за финансиски криминал да биде министер за финансии”!?

Според Партијата, сега се отвора дирекна можност на Зоран Заев сите пари да се слеваат кај Вицето (братот на Зоран) и кај Зоран Заев. Во Македонија ќе продолжи да се кpаде, ќе продолжи кpиминалот на власта, ќе продолжат тендерите во четири очи!?
За реконструкцијата на владата ВМРО-ДПМНЕ тврди дека всушност станува збор за старо-нова влада со засилен кopупциски и кpиминоген капацитет, на која врвен приоритет ќе и биде продолжување на личното богатење, кopyпцијата и кpиминалот, наместо потребите и барањата на граѓаните. Ако досега некој имаше резерва, сега веќе таа не постои. Граѓаните се уверија дека со оваа власт на чело со Заев, кој сега ќе има директен пристап до буџетот, економијата и натаму ќе тоне, стандардот на граѓаните ќе пaѓa, а Македонија ќе ocиромашува. Со ваква Влада за жaл од Европа и европски вредности ќе бидеме уште подалеку, а принципот „Евро за Вицето – евро за црквата“ ќе биде зaкaна по целиот државен буџет на Република Македонија, речено е на пресот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top