На прво место

Никола Груевски: ЈОГА МАЈСТОРИТЕ И ИЗГРАДЕНИОТ АВТОПАТ

65941924 10157510739502716 7240826510389542912 n

65941924 10157510739502716 7240826510389542912 n

Никола Груевски: ЈОГА МАЈСТОРИТЕ И ИЗГРАДЕНИОТ АВТОПАТ

Да прашам, за тие што веќе го пробале…како е новиот автопат Скопје-Штип?

Веќе неколку недели се вози низ него, па да прашам за оние кои го возеле или пак ги возеле: задоволни?

Се радувам што оваа “главна артерија” за источна Македонија се заврши. Не само што се започна, туку 85-90 осто овој автопат се заврши додека на власт беше ВМРО. Требаше да е готов до крајот на 2017 година, ама што од неспособност и неработење на актуелните функционери, се еден до еден “јога мајстори”, што од желба да направат перцепција дека над две години нешто божем многу работеле овие експертиве за држење говори на промоции на туѓи проекти и кај нас во земјата и низ соседните држави, го “влечкаа” завршувањето на автопатот до скоро. За да можат и тие нешто да прослават.

Првата идеја но и мислење за важноста за градба на овој автопат, првиот предлог дека треба да биде ставен во приоритетните проекти, ми ја даде еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ г. Васил Наумов, во првите година-две кога дојдовме на власт, при што скромно напомена дека ако само постојниот пат се прошири ќе биде голем успех.Тогаш ми се виде тешко остварливо и само го ислушав.

Бреин стормингот почна(бреин дреинот, што би рекол Заев). Ќе имало или не доволен број возила како критериум за да добиеме кредит, дали банките ќе го подржат, колку би чинел, дали е исплатлив и многу други прашања висеа над глава кога го размислував и дискутирав со соработниците.

По неколку години почнавме со првите активности. А кога ќе се почне нешто и ќе се заврши, па макар на крајот дошле на власт вакви “дрва за работа” и деструктивци како овие хохштаплери сега.

Сепак, за последните 10-15 % од изградбата и тие имаат заслуга што ги завршија и јас сакам чесно да го кажам тоа. Несакам да бидам како нив. Од “немај каде” беше нивново, ама го завршија. Иако тие ќе се “пењават”да не убедуваат дека наместо за Штип, трасата била промашена, па градбата тргнала за Зелениково, ама “нашиве спасители” го исправиле и уште и многу заштедиле итн, итн.

Се изнадржаа говори низ соседните земји на отворање патишта, па ајде нека “удрат” и еден говор за овој автопат, белким ќе ги фати “маја”.

Стариот пат кон Штип секоја година носеше поголем број жртви, особено во зима на неколку “црни точки”. Со новиот треба да е како по аеродромска писта…

Но, и стариот кој води од Штип кон Велес, го проширивме и од т.н. регионален пат со две коловозни ленти, го претворивме во експресен пат со четири коловозни ленти. Иако одамна е готов, немам против и таму “да удрат” по еден говор овие од неспособната влада, кои не започнаа ниту еден крупен проект, од почеток осмислен и подготвен од нив.

Голем труд за овој пат вложија Миле Јанакиески кому “за награда и благодарност” сега го малтретираат и се изживуваат со него по судови и затвори, Владо Пешевски, Зоран Ставрески, три директори на Државни патишта, Наташа Валкановска, Љупчо Георгиевски и Александар Стојанов, сите нивни соработници и администрација под нив, но и други институции кои не се гледаат а без нив не се може, како на пример Катастер, Управата за имотно правни односи, Агенција за просторно планирање, проектантскиот куќи и повеќе други. Вакви проекти бараат тимска работа и многу стручност, посветеност, организација и координација, време и енергија. Честитки за сите????

Без подршката со кредит со многу ниска камата од само 2% годишно од НР Кина, немаше да успее проектот, бидејќи сите други можни институционални кредитори не ни даваа согласност за кредит бидејќи по нивните интерни критериуми немало доволен број возила годишно. Немаше интерес ниту за јавно приватно партнерство. И тоа пробавме со меѓународен повик преку оглас во Фајненшел Тајмс. Благодарност до актуелниот кинески премиер и неговиот претходник но и до целата кинеската влада. Лично неколкупати ги молев да помогнат во повеќе наврати. Честитки и до изведувачот Синохидро и до македонските градежни компании кои всушност го изградија повеќе од половина. Најмногу честитки до сите вредни и стручни работници кои градеа на теренот.

Ова што ме прогонуваат на суд и што Заев наредил да ме осудат, не е за овој, туку за другиот автопат меѓу Кичево и Охрид кој во време на ВМРО се заврши над 50 осто. Обвинението ми е дека…, внимавајте…, сум вршел влијание на соработниците за неговата градба да биде побрзо и да заврши пред наредните парламентарни избори кои требаше ако беа редовни да се одржат во 2015 година, и тоа сум го правел со цел да остварам “корист”, а користа отценија дека била дека тоа ќе сум добиел повеќе гласови на изборите. Овие рекетарите што сега се на власт, не ги интересира таква корист. По друга корист се тие.

Да, така ми гласи обвинението, а се “потепаа” на јавноста да и го престават дека било за корупција, проценти, провизии и слични лаги, со аудио матерјали извадени од контекст во кои се договара висината на гаранцијата за градбата. Снимки кои воопшто СЈО не ги предложи како докази во обвинението кон мене, а ги користеа само преку “независните” медиуми за политичко- пропагандни цели. Да не е трагично, би било само смешно.

Но, како и да е, нека е аирлија автопатот Скопје-Штип за сите кои ќе го возат.
Овие лоповите од власта, нека се потрудат барем да го одржуваат како што треба????.

Немој кога ќе се вратам да го видам упропастен!

Поздрав од Будимпешта.

Најново од: На прво место

Музиката гради мостови меѓу Македонија и Кина – ФМУ потпиша Меморандум за соработка со Xiamen Institute of Technology

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка и одржувањето на заедничкиот концерт „Музиката нè поврзува“, се отвораат нови перспективи за академска, уметничка и културна соработка меѓу Македонија и Народна Република Кина. Факултетот за музичка уметност – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, и Xiamen Institute of Technology (XIT) од Народна Република Кина потпишаа […]

Промоција на капиталното научно дело „Лексикон на македонскиот фолклор“

Во понеделник, 30 ноември 2026 година, во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје, ќе бидат презентирани резултатите од капиталниот научноистражувачки проект „Лексикон на македонскиот фолклор“ – значајно дело за зачувување и афирмација на македонското духовно и материјално културно наследство. ЈНУ Институт за фолклор „Марко Цепенков“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил […]

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

To top