На прво место

Тајане (Иванден)

tajane

tajane

Тајане (Иванден)

Тајане (Иванден) претставува македонски календарски обичај поврзан со празникот Раѓање на Свети Јован Крстител – Иванден (7 јули /24 јуни).

Најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушевско. Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено вечерта спроти празникот се бере папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.

Во македонската народна традиција овој празник е поврзан со летниот солстициј, односно со периодот на долгоденицата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божиќ, денот поврзан со зимскиот солстициј, односно со периодот на краткоденицата. Овие два празници ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред се со сонцето. Во таа насока се и обичаите и верувањата поврзани со огновите. Ритуалите со билките, исто така претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак исто така се остаток од старите словенски верувања. Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.

На ден Иванден арно е да се збираат секакви билки и тревки, многу за арно било: за година здрав ќе бил

Марко Цепенков

Обичајот по региони

Прилепско

Вечерта спроти Иванден групи момчиња и девојки собирале билки, со кои закитувале едно ѓумче и го полнеле со вода од три чешми. Едно го носело ѓумчето на главата и него го викале Тајане, а другите оделе околу него и му пееле пригодни песни. Утрото групата со Тајането одела по дуќаните, каде што исто така пееле песни и собирале дарови, од кои подоцна правеле заедничка вечера. Притоа се пеело:

Tајане, Бојане, имам брат Свети Јоване,

ункеши, ункеши, ункеши по маглата.

По магла, по магла, по магла ситна роса,

по роса, по роса, по роса мома боса.

Играле момите крај манастирот,

калуѓер гледа од пенџериња,

фрли си шапка на герамиди,

од герамиди на трендафилот,

белата брада на берберница

црната брада на касапница.

Битолско и Крушевско

Во Битола спроти Иванден на ѓум нанижувале секакви цвеќиња и му клавале тељ од невеста што гувеела. Во Крушово во ѓумот момите клавале прстења и на онаа што ќе бидел пообелен, таа мома побрго ќе се мажела.

Преспанско

Во Преспа со многу обичаи и верувања девојките правеле кукла Иванка која ја шетале низ улиците, пееле песни и собирале дарови. Во Мала Преспа на Иванден се пеела песната:

Ивано, Иван девојко,

качи се горе на Иван,

на Иванови врвови,

да видиш поле втасано,

фтасано и обелено!

да видиш пченица класана,

да видиш снопје врзани.

Ивано, Иван девојко,

што си вечера зготвила?

-Погача, пресна ржена,

циронќи со штир варени.

Радовишко

Во Радовишко за Иванден односно Јајновден жените одат во полето или по ридиштата и берат миризлива трева (повечерница) за од молци. На самиот ден пред сонце берат нане – мирудија, која ја врзуваат во вид на букети и ја оставаат да се суши. Исушена, во секоја прилика ја употребуваат како лек против повраќање и стомачни болести. Мирудијата набрана на Иванден се употребува и како лек против детски проливи на тој начин што ја иситнуваат меѓу рацете и ја стават на препечена кора од леб напрскана со оцет. Обичај е секоја домаќинка кога ќе излезе сонцето да ја вади целата волнена постела и облека надвор, во дворот на јажиња спроти сонце. Така ги остават да стојат по неколку часа, а потоа ги тресат и повторно ги прибираат во ковчезите. Помеѓу алиштата стават од набраната трева (повечернина) за од молци. Веруваат дека алиштата што ги фанало јајновденско сонце не ги напаѓаат молците.

…тој ден во Воден, треви лековити „висеет на дуќаните за да имает повеќе покупници”…
—Зборник на Миладиновци

Дебарца

Во Дебарца, вечерта спроти Иванден се бере папрат, а тоа е поврзано со верувањето во апотропејската моќ на ова растение. Помал дел од папратот се откорнува од корен другиот се сече над земјата. Овој папрат се става во постелата и на него се спие за здравје, што значи тој ќе ја чува постелата (со луѓето што спијат на неа) од разни болести и други несреќи. Утрото на Иванден, рано пред изгрејсонце, од папратот откорнат заедно со коренот се плетат венци што се стават во бавчите. Тоа се мали венчиња со пречник од околу дваесетина сантиметри што на четорошни (разгранети) стапчиња се стават на пиперот, празот, компирите и другите градинарски култури. Овој папрат треба да ја чува бавчата од разни непогоди како и други несреќи. Чува да нема погано и да не ги јадат растенијата гриж (бубачки) за, како што се вели „Да го јадат папратот, да не го јадат пиперот“. Папратот на овој ден се користи и за прогнозирање здравјето и напредокот на семејството. Навечер во стреата на куќата се заденува папрат, за секој човек во семејството по еден корен. Следното утро се гледа: чиј папрат е повенат, тој не ќе има напредок во годината што следува, се вели: не е на арно. Истотака вечерта спроти Иванден или на самиот ден рано наутро жените берат растение што расте на ридските места и што се вика Иванден. Тоа растение набрано по овој повод се става во ковчегот со алиштата и тука се чува во текот на целата година со цел да ги заштитува од молци. Утрото на Иванден целата руба се распростира на чардаците на сонце и така се остава да стои цело претпладне. Освен верувањето дека тие алишта ќе бидат заштитени од молците овој обичај е добра можност да се покаже која девојка или невеста има повеќе руба. Обичајот добил и натпреварувачки карактер зашто по рубата се гледало не само богатството туку и работливоста на девојките, а тоа било решавачко при изборот на младите (бендисувањето) некаде задржано до неодамна.

Извор:

Лепа Спировска, Кон проучувањето на обичајот Тајане во некои места на Македонија, „Македонски фолклор“, VI, 12, Скопје, 1973;

Сборник за народни умотворения наука и книжнина, т. VII, София, 1896, 144.

Најново од: На прво место

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ на 9 октомври 1934 г. во Марсеј ја потресе Европа

Убиството на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, извршено од Владо Черноземски во акција на ВМРО на чело со Ванчо Михаилов и усташкото движење на чело со Анте Павелиќ, ги изнесе пред европската јавност длабоките национални и политички судири во Кралството Југославија. На 9 октомври 1934 година, свечениот пречек на југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ во […]

Атентатот врз кралот Александар не е пострашен од насилствата на неговите жандарми во Македонија

Американски новинар во 1935 година го осудувал политичкото убиство, но ја повикувал американската јавност да ги согледа и репресијата, присилната асимилација и одземањето на правата на Македонците во Кралството Југославија. Само неколку месеци по Марсејскиот атентат, во кој на 9 октомври 1934 година бил убиен југословенскиот крал Александар I Караѓорѓевиќ, американскиот новинар Џон Бејклес објавил текст […]

ВМРО-ДПМНЕ одржа предизборен митинг во Милетино

Мицкоски најави победа на 18 октомври, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на Брвеница и порача дека ќе работи за сите жители на општината. Мицкоски од Милетино: Победуваме на 18 октомври во Брвеница затоа што ја сакаме Стојанчо Радичевски ја претстави програмата за развој на општината и порача дека ќе […]

Филипче јавно обвини за криминал од 37 милиони евра — сега нека ги достави доказите до ЈО

Сериозните обвинувања за набавката на хеликоптери бараат докази и институционална истрага. Граѓаните заслужуваат одговори, а не внатрепартиски пресметки. Венко Филипче не смее да си поигрува со јавноста кога станува збор за милионски тендери и сомнежи за злоупотреба на државни средства. Филипче јавно ја прозва Славјанка Петровска во врска со набавката на хеликоптери и договорот за […]

Бугарски европратеници го бранат ветото, Кос порачува: Билатералните спорови немаат место во пристапниот процес

Предлозите за поефикасно одлучување во ЕУ предизвикаа остри реакции кај бугарски европратеници. За Македонија, клучно останува прашањето дали европскиот пат ќе се оценува според реформите или ќе продолжи да зависи од билатерални условувања. Бугарски европратеници остро реагираа на новите предлози за подготовка на Европската Унија за проширување, бранејќи го правото на вето како значаен инструмент […]

Што однеле бугарските окупациски власти од територијата на етничка Македонија?

За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други културни добра. За време на Втората светска војна, бугарските окупациски власти спровеле и конфискација на имотот на македонските Евреи. Наведените предмети и категории претставуваат преглед на познати случаи. Целосниот обем […]

Штетата врз имотот на македонските Евреи за време на Втората светска војна и окупацијата од фашистичка Бугарија

15 страници со имиња и износи на пријавена имотна штета — сведоштво за материјалните загуби зад кои стојат човечки судбини, уништени семејства и прекинат живот на еврејската заедница во Македонија. За време на војните и окупациите во XX век, од различни делови на Македонија биле одземени и однесени црковни реликвии, ракописи, археолошки наоди и други […]

Светозаревиќ: Охридските реликвии биле дадени на привремено чување — македонската влада има право да ги бара назад

Бранислав Светозаревиќ „ВНИМАВАЈТЕ! Еве дел од предадените скапоцени реликвии од страна на некои охриѓани на бугарските власти во 1916 год. Под бр. 10 е и сребрената реликвија со моштите на Св. Матрона, која пред некој ден Бугарија ѝ ја подари на Грција во замена за коските од непознат човек. Но, ВНИМАВАЈТЕ! Отстапени се на привремено […]

Најнови вести

To top