На прво место

Мицкоски: Оставка од Заев! Сè друго е неприфатливо

Мицкоски: Оставка од Заев! Сè друго е неприфатливо

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека премиерот Зоран Заев наместо да се извинува требало веднаш да ја напушти премиерската функција и да распише предвремени парламентарни избори, доколку сакал да биде почитуван од сопствените граѓани. Ова, рече Мицкоски, само дополнително ќе ја зголеми неговата лична агонија, неговата лична фустрација, но и фустрацијата на граѓаните.
Мислам дека единственото извинување што требаше господинот Заев денеска да го каже на неговата прес-конференција требаше да биде содржано во две реченици, се срамам од тоа што го направив и веднаш ја напуштам функцијата претседател на Владата на Република Македонија, предлагам парламентарното мнозинство во најскоро време да се состане, да се формира техничка влада и во рамките на 100 дена од овој ден да се одржат предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Паетровец.

За мене, додаде Мицкоски,  е катастрофално она што може да се чуе во разговорите што Заев ги водел, а се објавени.

Како што успеав да разберам патувајќи до овде, тој не ја негираше оваа снимка, туку напротив ја потврди нејзината автентичност и практично потврди низа работи кои што граѓаните во Македонија, но и во Европа можеа да ги слушнат , меѓу кои согласноста за поткуп на верскиот лидер, на стотици милиони православни христијани во светот, а тоа е Патријархот Вартоломеј. После таков скандал единственото извинување требаше да биде оставка веднаш и распишување на предвремени парламентарни избори. Сето останато е лицимерие, рече Мицкоски.

Предвремените избори, според него, се единствениот спас за земјава.

Ајде да седнеме веднаш уште денеска да завршиме со сите протоколарности,  да ги собереме пратениците во рамките на парламентот, да одржиме состанок со пратеничките групи, секој претседател на политичка партија одделно, да договориме техничка влада и да одиме на предвремени избори. Ова веќе станува неподносливо и за граѓаните, државата ни се празни луѓето се разочарани, луѓето се исфрустрирани, не гледаат перспектива. Јас ја разбирам сета онаа иницијативност која што Зоран Заев и малкумина неколку негови послушници сака да ја покаже наивно извинувајќи се, но мислам дека помина времето за извинување, веќе трета година за сите овие неуспеси ние слушаме извинувања, редно време е одговорност. Редно време е одговорност да понесе некој во оваа држава, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

На новинарско прашање дали фактот што Грција има нов премиер значи дека е можно доколу ВМРО-ДПМНЕ победи на избори да се разговара за некакакви ревидирање на делови од Преспанскиот договор, тој вели дека ставот на неговата партија и негов во врска со ова бил кажан најмалку стотина пати и за нив договорот е капитулантски  и директно задира во националните и идентитетски прашања на македонската посебност, на македонската држава.

Така што сето она кое што е во насока на подобрување, сето она кое што е во насока на зголемување на квалитетот и враќање на изгубените позиции кој што овој уценет што го видовме денеска премиер под притисок ги потпиша, ние сме тука да ги репреговараме и да ги повратиме, рече Мицкоски. Тој додава дека е подготвен со секого да разговара и оти ќе е и ќе биде на браникот на одбрана на македонските национални интереси и на интересите на македонската држава.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ostavka-vo-ovaa-drzava-konechno-nekoj-mora-da-snosi-odgovornost/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top