На прво место

ВРЕМЕ Е ЗА ИЗБОРИ!

Мартин Ристевски: ВРЕМЕ Е ЗА ИЗБОРИ!

Корупција, скандали, продажба на име, на идентитет, на химна, на народот.
Кражба од буџетот, поткуп на пратеници, судии, обвинители, лажни сведоци.

Вистински егзодус на младата и надежна популација од Македонија, а се кројат планови да се примат мигрантите од арапските и африканските земји.

Уринирано здравство, пропаднато образование, МВР повеќе не знае на која страна да започне со работа а да не ја оплеска, општините добија свои ‘газди’, додека градот Скопје има на чело лик што нема појма зошто е таму.

Пратениците што заглавија на бело, црно им се пишува. Има и такви од нив кои цели фамилии вработија во јавните служби, со патни трошоци како да се возат со Авиони во А класа.Снимените разговори (бомбите), кои беа користени како оружје за да се дојде на власт, за уцени, за освојување поголем простор во Бизнис секторот.

Економијата оценета со голема 0, странските инвестиции ги нема. Груевски во Унгарија доведе повеќе странски инвестиции како азилант, отколку цела Влада на Заев откако се на власт, со сите разработени механизми од претходната власт.Имаме функционери од највисокиот врв кои се прислушувани како нудат поткуп, како договараат зделки со тендери за повисока провизија, снимени како паѓаат во сопствената кал. Им се врати како бумеранг се што направија, го излажаа народот и го повикаа на улица за да се бори за нивните идеали, а истиот тој народ го нарекоа СТОКА.

Ни се смее кој ќе стигне, ни удираат шлаканица секаде каде што ќе стигнат, не сметаат за неспособен народ затоа што такви не водат.
Не води власт што освен надворешната политика, ништо друго не спомна.

И се сопнаа таму каде што најмногу се крстеа и веруваа дека политиката е едноставна како 2+2.

Ветуваа додека беа во опозиција брда и долини со злато, ветуваа млеко и мед за граѓаните, а реалноста ги натера да го принудат граѓанинот да се задоволи со вода и паштета.Метлата замете само во партискиот двор, па оние кои почнаа да ја гледаат реалноста и почнаа да сфаќаат дека возот им оди во погрешна насока, гласно кажаа дека не може повеќе така, ја признаа грешката пред гласаќите и секако беа изметени и сменети од тие функции.

НИ МОРЕТО НЕ Е ТОЛКУ ДЛАБОКО, КОЛКУ ШТО ГО ДОПРЕВМЕ ДНОТО!

Изборите се единственото решение за да се издигнеме над сите проблеми.

Потребно е обединување против заедничкиот непријател на граѓаните, да го испратиме непријателот онаму каде што му е местото- НА ЦРНИТЕ СТРАНИ ОД МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА!

Пишува: Мартин Ристевски

– дипломиран политиколог на

Правен факултет ,,Јустинијан Први’’ – Скопје

http://www.bregalnicki.mk/martin-ristevski-vreme-za-izbori/

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top