На прво место

Поднесете си неотповиклива оставка, доста ги срамевте Македонците

Македонски манифест му порача на Заев: Поднесете си неотповиклива оставка, доста ги срамевте Македонците

Премиере, во Атина за грчките медиуми изјавивте дека „Македонците краделе светска, балканска и туѓа историја”. Оваа ваша изјава можел од име на Македонците да ја даде само еден помрачен и морално атрофиран ум. Еден бездушник на кој не му е јасно ништо: ни што е тоа Име, ни идентитет, ни меморија, ни народ. Како резултат на тоа Македонците се сега идентитетски убиениот и најпонижен народ на Земјата, се вели во отворното писмо на Македонски манифест

Македонскиот манифест упати отворено писмо до премиерот Зоран Заев по повод неговата срамна изјава во Атина кое го пренесуваме во целост:

Отворено писмо до Премиерот Зоран Заев

Поднесете си неотповиклива оставка, доста ги срамевте и понижувавте Македонците

Премиере, во Атина за грчките медиуми изјавивте дека „Македонците краделе светска, балканска и туѓа историја”. Оваа ваша изјава можел од име на Македонците да ја даде само еден помрачен и морално атрофиран ум. Еден бездушник на кој не му е јасно ништо: ни што е тоа Име, ни идентитет, ни меморија, ни народ. Како резултат на тоа Македонците се сега идентитетски убиениот и најпонижен народ на Земјата. Но и покрај тоа гледаме, вие сте горд, иако меѓународната си игра мајтап со вас, играјќи си така мајтап и со македонскиот народ, мерејќи ги Македонците според вашиот ум, интелегенција и етика, а сите тие кај вас се нула според сé она што го правите, масакрирајќи го докрај достоинството и самопочитта кај македонскиот народ, и убивајќи ја докрај неговата трпелива и благородна душа. Душата која многу повеќе ја знаат и спознале странските дипломати во земјата, дури и оние чии држави учествуваа во идентитетскиот геноцид на Македонците, пред сé благодарение на вас, отколку вие што се покажавте како најголем бездушник кон сопствениот народ, кој ве смета и секогаш ќе ве смета за изрод од неговиот род.

Но вие за сé ова, премиере, не чувствувате никаков срам, очекувајќи за вашите злодела кон родот уште и Нобелова награда. А не е чудно дури и да ја добиете, бидејќи и шведскиот нобелов комитет одамна е вклучен во валканото оро на политиката, од што се превртува во гробот донаторот на наградата Алфред Нобел, кој се покаја што го измисли динамитот оти виде дека со него повтеа да се служат пред сé злосторниците на човештвото. Вас мува не ве лази, премиере. Напротив, во Атина уште на Грците, „срцем светци, лицем волци” како што вели Прличев, уште гордо, наместо да се скриете во глувчова дупка од срам, им изјавивте дека ќе бидете запаметени по тоа што сте ѝ го смениле името на Македонија со онаа идиотска, како и сите што работеа на тој геноциден проект, придавка Северна со која е активирана повторно по Бастилја морбидната справа за ликвидација на месје Гилотен, темниот архиереј на Француското Просветителство. А поарно ќе беше да речевте дека ќе бидете од Македонците запаметени како најголемиот злосторник во неколку милионската историја на Македонија, оти на никој пред вас не му текнало да направи такво страшно злосторство, со само еден потег идентитетски да ја избрише целокупната историска меморија на еден исконски народ кој дал неброено културно – цивилизациско благо и на Исток и на Запад. Благо кое сега вие најбесрамно тврдите, и тоа кај оние кои него безмилосно го крадат, а им е и подарено, дека ние го крадеме него од нив. Такво незнаење и таква глупост навистина, како што би рекол Крлежа, заслужуваат метафизички ореол.

Не знаеме дали сфативте што сакаме да ви кажеме, премиере, оти тоа е дефинирано децидно уште во насловот на ова отворено писмо до вас: поднесете си неотповиклива оставка, доста ги срамевте и понижувавте Македонците! Вие, конечно, не сте за Македонија и Македонците, по идентитетскиот геноцид што го направивте, туку за некоја Северна и некои Северни. Таму ви е местото: не во Македонија и меѓу Македонците, тие што не се и нема никогаш да бидат Северни.

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top