На прво место

Отворено писмо до премиерот Зоран Заев: Поднесете си неотповиклива оставка, доста ги срамевте и понижувавте Македонците

Отворено писмо до премиерот Зоран Заев: Поднесете си неотповиклива оставка, доста ги срамевте и понижувавте Македонците

Македонскиот манифест упати отворено писмо до премиерот Зоран Заев по повод неговата срамна изјава во Атина кое го пренесуваме во целост:

Отворено писмо до Премиерот Зоран Заев

(По повод неговата срамна велепредавничка изјава во Атина)

Поднесете си неотповиклива оставка, доста ги срамевте и понижувавте Македонците

Премиере, во Атина за грчките медиуми изјавивте дека “Македонците краделе светска, балканска и туѓа историја”. Оваа ваша изјава можел од име на Македонците да ја даде само еден помрачен и морално атрофиран ум. Еден бездушник на кој не му е јасно ништо: ни што е тоа Име, ни идентитет, ни меморија, ни народ. Како резултат на тоа Македонците се сега идентитетски убиениот и најпонижен народ на Земјата. Но и покрај тоа гледаме, вие сте горд, иако меѓународната си игра мајтап со вас, играјќи си така мајтап и со македонскиот народ, мерејќи ги Македонците според вашиот ум, интелегенција и етика, а сите тие кај вас се нула според сé она што го правите, масакрирајќи го докрај достоинството и самопочитта кај македонскиот народ, и убивајќи ја докрај неговата трпелива и благородна душа. Душата која многу повеќе ја знаат и спознале странските дипломати во земјата, дури и оние чии држави учествуваа во идентитетскиот геноцид на Македонците, пред сé благодарение на вас, отколку вие што се покажавте како најголем бездушник кон сопствениот народ, кој ве смета и секогаш ќе ве смета за изрод од неговиот род.

Но вие за сé ова, премиере, не чувствувате никаков срам, очекувајќи за вашите злодела кон родот уште и Нобелова награда. А не е чудно дури и да ја добиете, бидејќи и шведскиот нобелов комитет одамна е вклучен во валканото оро на политиката, од што се превртува во гробот донаторот на наградата Алфред Нобел, кој се покаја што го измисли динамитот оти виде дека со него повтеа да се служат пред се злосторниците на човештвото. Вас мува не ве лази, премиере. Напротив, во Атина уште на Грците, “срцем светци, лицем волци” како што вели Прличев, уште гордо, наместо да се скриете во глувчова дупка од срам, им изјавивте дека ќе бидете запаметени по тоа што сте ѝ го смениле името на Македонија со онаа идиотска, како и сите што работеа на тој геноциден проект, придавка Северна со која е активирана повторно по Бастилја морбидната справа за ликвидација на месје Гилотен, темниот архиереј на Француското Просветителство. А поарно ќе беше да речевте дека ќе бидете од Македонците запаметени како најголемиот злосторник во неколку милионската историја на Македонија, оти на никој пред вас не му текнало да направи такво страшно злосторство, со само еден потег идентитетски да ја избрише целокупната историска меморија на еден исконски народ кој дал неброено културно – цивилизациско благо и на Исток и на Запад. Благо кое сега вие најбесрамно тврдите, и тоа кај оние кои него безмилосно го крадат, а им е и подарено, дека ние го крадеме него од нив. Такво незнаење и таква глупост навистина, како што би рекол Крлежа, заслужуваат метафизички ореол.

Не знаеме дали сфативте што сакаме да ви кажеме, премиере, оти тоа е дефинирано децидно уште во насловот на ова отворено писмо до вас: поднесете си неотповиклива оставка, доста ги срамевте и понижувавте Македонците! Вие, конечно, не сте за Македонија и Македонците, по идентитетскиот геноцид што го направивте, туку за некоја Северна и некои Северни. Таму ви е местото: не во Македонија и меѓу Македонците, тие што не се и нема никогаш да бидат Северни.

Македонски манифест

Извор:Курир.мк

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top