На прво место

Илинденските идеали и аманети

1 8
Киро-Кипроски

Ако една битка е загубена, војната за Македонија продолжува и ние ќе ја добиеме праведната војна што ја водиме единствени и сплотени во идеалите. Таа војна можеби и ќе потрае, ама истрајноста ќе го донесе вистинскиот резултат; да бидат вратени историското име на државата Македонија, достоинството на македонскиот народ и сѐ што е наше, македонско

Манифестациите и свеченостите посветени на одбележувањето на Илинден, големиот македонски национален, државен и црковен празник, започнаа, а ќе кулминираат на 2 август, на легендарниот Мечкин Камен, во славното Крушево, во Скопје и Пелинце, со што ќе бидат одбележани 116 години од Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ.

1 8

Пред неколку дена коњаниците од скопската општина Аеродром, како и од гостиварското село Зубовце, горнореканското село Врбен и кичевската коњаница, величествено беа испратени кон славното Крушево. Од блиските места на Крушево се очекува да се упатат и неколку пешачки чети. Коњаниците и четите претежно ги сочинуваат млади луѓе, а има и повозрасни, кои со голема љубов и верност го изразуваат македонскиот патриотизам. Со голема почит и силно изразени патриотски чувства, понесени од идеалите на Илинденското востание и на исконските потреби на македонскиот народ, даваат сѐ од себе за да ја продолжат традицијата на вечна борба и непокор, за сопствениот идентитет. Нивната света цел е да не се заборават придобивките од борбата за независна, демократска и слободна Македонија, која вечно живее во нивните срца.

Никој со декрет не може да ни го одземе македонскиот идентитет, да бидеме безимени, со револт говореше крушевчанецот, Јово Мазаревски, војвода на коњаницата „Бигорски манастир – патот на црешовото топче“. Никој, ама никој, не им дал право на неколкумина политичари да ја обезличат Македонија, што го направија на шверцерски начин, не почитувајќи го Уставот и законите. Македонија да биде безимена, без срам и перде, продолжуваат да распродаваат сѐ што е македонско.

Токму тоа внесе голем немир и гнев кај нас младите и на ваков начин ги изразуваме нашиот револт и незадоволство од актуелната влада, која државата продолжува да ја уништува со несмален интензитет. Тоа ќе го спречиме по цена на сѐ. Ако една битка е загубена, војната за Македонија продолжува и ние ќе ја добиеме праведната војна што ја водиме единствени и сплотени во идеалите. Таа војна можеби и ќе потрае, ама истрајноста ќе го донесе вистинскиот резултат; да бидат вратени историското име на државата Македонија, достоинството на македонскиот народ и сѐ што е наше македонско.

20190727 100105

a 59

a 54

Благословувајќи ја коњаницата, патот до славното Крушево да го минат беспрекорно и здрави и живи да се вратат во своите домови, се помолија јеромонахот Доситеј и монашкото братство на Бигорскиот манастир. Доситеј им порача да ги чуваат високите морални вредности како луѓе, зашто и тоа е дел од остварувањето и чувањето на илинденските и другите идеали. Војводите, комитите, борците, имале високи морални вредности и затоа успевале во остварување на идеалите. Но, за жал, во нашата историја имавме и предавници што паднале во искушенија и нанесоа голема штета. Токму тие негативни примери треба да ни послужат да не ги повторуваме.

Низ планинските беспаќе, низ ридовите, по долините и речните клисури, низ рамниците и полињата, од грлата на младите и храбри комити и војводи, како во славната илинденска епопеја, ечат македонските патриотски песни, илинденски, песни посветени на славните војводи, кои животите го положија за слободна Македонија, во борбите за слобода од османлиското петвековно ропство и од другите.

Низ сите градови и села каде што минуваат коњаниците се поздравувани од месното население, им се приредувани срдечни пречеци и од срце се гостени со домашни специјалитети, како што тоа го правеле нивните предци. Комитите по патот ги посетуваат историските паметници на многуте знајни и незнајни македонски борци. Почит им беше оддадена и на македонските борци што за Македонија ги дадоа животите во поновата македонска историја, во 2001 година, во воениот конфликт и потоа.

https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/nas-stav/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top