На прво место

Филипче смета дека само партиските истомисленици се негов таргет

22046683 10210376103180548 6920674211433825199 n

22046683 10210376103180548 6920674211433825199 n

Прес на Лоран Страшески-Претседател на ОК Гостивар

Здравството и здравствениот систем во Гостивар е на многу ниско ниво. И покрај предизборните ветувања на Владата дека главен акцент ќе се стави на подобрување на условите за лекување на пациентите, набавка на нова апаратура, покачување на платите на специјалистите, капитација на лекарите; пациентите се соочуваат со недостик на специјалисти, здравствен персонал, услови за нормално лекување. Градот секојдневно се соочува со заминување на медицинскиот кадар, кој својата подобра егзистенција си ја бара во Европските земји. Така, за неколку години, Гостивар ќе остане без специјалисти во скоро сите области. И ако главна парола на оваа власт беше да ги вратиме младите од странство, сега немо гледаат како секојдневно ни се празни градот, но и државата.

Преку медиумите дознавме дека вчера министерот за здравство, Венко Филипче, го посетил нашиот град, со цел, цитирам: „Преку комуникација и интензивно присуство на терен, отворени сме кон граѓаните во решавање на нивните проблеми. Активно работиме, ги слушаме потребите на граѓаните и ги исполнуваме дадените ветувања. Работно лето и средби со граѓаните во Гостивар“. И сето ова постирано на неговиот фејсбук профил, со слики од партискиот штаб на СДС Гостивар.

Прашувам, кои места ги посети Министерот, со кои граѓани разговараше? Очигледно Филипче смета дека само партиските истомисленици се негов таргет за посета и разговор, па затоа повеќе од сигурен сум дека не слушнал како медицинскиот персонал со срамење им кажува на пациентите, дека сами треба да си купат основни работи, бидејќи болницата е во дефицит, дека Брзата помош располага само со две возила, дека нема никаква едукација на докторите во високостручни центри, а за покачување на платите, не станува ни збор. Се што стои во предизборната програма е лага.

Тука се вели: на матичните доктори и стоматолозите ќе им се покачи капитациониот бод – ништо од тоа; набавка на нови софистицирани медицински апатарти – лага; бесплатно лекување – пациентите купуваат сами неопходни лекарства; изградба на нов Клинички центар, Детска болница со Ургентен, стоматолошки амбуланти во училиштата – и се е осанато на хартија. Реализација од ветеното е нула.

Затоа господин Министер, кога ќе ги посетувате населените места, поразговарајте со граѓаните, тие ќе ви ја кажат фактичката состојба, посетете ги болниците, видете ги условите за работа и лекување, само така ќе видите дека „Зборот не ви е збор“.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top