Коњаниците Бигорски Манастир до Крушево поминаа околу двеста километри
Во спомен на храбрите Илинденци, коњаницата “Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“ годинава го организираа традиционалниот Илинденски коњички марш.
Маршот на коњаницата прв пат се одржа пред десет години како иницијатива на група граѓани ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато.
На коњаницата “Бигорски Манастир–Патот на Црешовото Топче“ целото монашко братсво во Манастирот Свети Јован Бигорски, секоја година и` даваат благослов на патот кон Крушево, а со тоа и` ја даваат довербата на овој коњички марш да го носи името на ова Македонско светилиште.
За пет дена низ планините на западна Македонија, коњаниците поминаа околу двеста километри.
Коњаниците на 2 август, на македонскиoт национален празник Илинден, ќе учествуваат на централната прослава во славното Крушево, каде ќе се одржи центаралната прослава посветена на големиот јубилеј.
.

Од име на Управниот Одбор, сите коњаници и подржувачи на Здружението, им благодариме на сите кои ни помогнаа оваа коњаница успешно да го организира овој величенствен настан за оваа 2019 година.
Оваа година Манифетацијата ја помогнаа:
- Ненико ГВ
- МИ-МАК ДОО
- Ц.М.В.Г ДОЕЛ Центар за Моторни Возила ГВ Ацо
- Доломит Вардар-Ремзи
- Интер-Кафе
- Пермико-Тетово
- Зорел Транс – Тетово
- Бејби Блу-Кафич-ГВ
- Градител Б-ДООЕЛ
- Општина Гостивар
- Општина Врапчиште
- Монтенегро
- Полог Проект-Гостивар
- Евро Комерц-Мекиците од Стража
- Прогрес 1998 ДООЕЛ с. Вруток
- Бела Шпет-ДООЕЛ
- Багатела-ДООЕЛ
- Пелеон-ДООЕЛ
- Бас Комерц
- Клас-Цветан ДООЕЛ
- Интер Комерц
- Карнем месна индустрија-Зубовце