На прво место

НИКОГАШ северна САМО МАКЕДОНИЈА!

roseana
roseana

Розеана Новоселска

Скрнавењето на најсветото за Македонскиот Народ, Мечкин Камен, од страна на Заев и власта на СДС, е многу извитоперен чин во нивните намери за бришење на Македонизмот. 
Озлогласениот Заев кој диктаторски наметна државно-општествени решенија кои категорично и со огромен револт беа отфрлени од народот, сака да ги прикаже пред странската јавност и делегации како општо и еуфорично прифатени од Македонскиот Народ.
Со организираното и присилно носење граѓани од малцинствата како и толпа од малата група поддржувачи на неговите политики на терор врз Македонскиот Народ,Заев со ефект на Потемкини села и платено и оркестрирано викање “северна, северна“ претстави режирана но лажна слика за чувствата на Македонците, додека позадински се апсеше и потиснуваше со репресија Македонскиот Народ кој сакаше на најсветлиот ден од своето постоење да биде на едно од своите Најсвети Места. Ваквата хистерија ги потсети Македонците на викањето на грчката морнарица “ Ќе дериме кожи на живо од Циганоскопјаните( Македонците) и од нив ќе правиме тапани“ и тоа на официјална државна парада. 
Тиранинот Заев со примитивност на пештерски поглавица и со страшна бруталност непримерена за 21 век, со агресија, малтретирања, корупција, уцени, тортури, терор, се обидува да направи асимилација на Македонскиот Народ во од него новосоздадена неприродна вештачка Нација “северна“ ,и тоа во насилно натурена измислена и окупирана држава од мала група бандити. Таквата новосоздадена Заева Нација нема историја и минато , идентитет, етнолошко потекло,    своја суверена држава, нема јазик, нема традиција и култура, културно наследство, нема свои институции, нема право на достоинство. 
Монструозноста на овој Расист и Македонофоб не завршува само со скрнавење на најсветото за Македонците и со театарот за меѓународната. За него е храна да ги навредува и труе со својата омраза Македонците и со својот говор на омраза кој го блуе во секоја можна прилика и да ја покаже својата решеност за терор врз Македонскиот Народ. Додека инсталирањето на репресивниот фашистички диктаторски режим во окупираната Македонска Држава се засилува според потпишаниот Преспански Акт на окупација, Заев не ја пропушта ниту една можност за да посее страв, грозоморни навреди и да им покаже на Македонците дека само тие се дискриминирани во својата Држава. Да ги потсети дека им се одземени елементарните човекови права и слободи и дека не смеат да се спротивставуваат на таквата сегрегација, затоа што ќе бидат изложени на репресија и невидена тортура. Не помина ниту една седмица откако јавно го нарече Македонскиот Народ, на чии плеќи финансиски е заседната неговата корумпирана власт, Коњски Народ т.е. Букефализиран Народ. 
Омразата на Заев спрема Македонскиот Народ е немерлива и деструктивна. Под паролата “едно општество за сите“ Заев ја украде Државата на Македонскиот Народ од Македонците. Заради понижување на Македонскиот Народ донесе туѓа културна група на албанци,на најсветиот Македонски ден Илинден, кои со играње на муслиманско оро шота, оро на славење на омразата спрема се што е православно христијанско, сака да зададе уште еден удар на терор за покажување на своето насилие со кое владее. Исто како пеењето на странска албанска химна во домот на Македонскиот Народ ,Собранието на Република Македонија на 27Април 2017 кога со диктатура и пукање, преку пуч и насилно назначување на Спикер, амнестиран злосторник против човештвото од Албанската војна за анексија на македонски територии во 2001, го отпочна диктаторското преземање на Државата. 
Илинден од вчера 2ри Август 2019, на Мечкин Камен, докажа без сомнеж дека Заев е невиден злосторник кој заедно со злосторничкото здружение на СДСС, 80те Проклети во Собрание и цела Влада, се крвници и смртни непријатели на Македонскиот Народ и Држава. 
Оваа окупација без официјална најава, МОРА да падне! 4-ти Илинден МОРА да се случи!
СМРТ НА РАСИЗМОТ СЛОБОДА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД !
НИКОГАШ северна САМО МАКЕДОНИЈА! 

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top