На прво место

На лагата и се кратки нозете

s-2

s-2

“На лагата и се кратки нозете…”

Денес Зоран Заев без никаков план и без никаква методологија ќе најави инвестициски циклус од ни помалку, ни повеќе, туку точно 5 милијарди евра. Ако се прашувате дали е ова исечок од некое реално шоу, одговорот е НЕ, ова е вистина, тој, оној истиот Зоран Заев кој велеше дека ќе има загарантиран откуп за родот на земјоделците, 500км нов автопат, плата од 500€ и раст на економијата од мин. 5% секоја година. Доктори со 100.000 денари на сметка секој месец, реновирани студентски домови, реформирано образование и здравствени установи, задоволни пензионери со повисоки пензии и државна администрација со покачена плата секоја година од 5%. Рестартирани “Еурокомпозит” и “Југохром”.

Зоран Заев кој ветуваше ‘0’ толеранција за корупцијата, а секоја година тонеме ли тонеме на сите скали по нивото на корупција. Оној истиот кој се колнеше додека дишел дека немало да го менува името, идентитетот, револуционерот кој бојадисуваше низ Македонија, редеше чевли пред Владата и ветуваше дека ќе ги врател младите, најмилите.

Зоран Заев кој ветуваше дека нема непотизам и партизација, а денес ако не си роднина на Мира Дизел или Катица тешко дека ќе можеш и да помислиш да добиеш елементарна шанса, а доколку сакаш да отвориш бизнис, принципот е јасен, пола – пола од ќарот со ортакот, а место на исплата дополнително ќе ти биде кажано, но најчесто провереното, во еден ресторан во југоисточна Македонија.

Насмеаниот Зоран Заев кој од владиниот авион заедно со соработниците пред повеќе од една година ќе обзнани дека добил радосна вест и дека Македонија ги започнува преговорите со ЕУ. Отогаш поминаа јуни и јули 2018, поминаа јуни и јули 2019 ќе помине и октомври 2019, а освен изгубената држава, уништеното достоинство, цунами економијата, пљачката и криминалот кој цветаат, разочарани луѓе со празни паричници, млади кои ја напуштаат татковината и родители кои невешто ги кријат солзите кога ги испраќаат најмилите, блескањето на ортаците на Заеви, ништо на подобро не се промени. Големите очекувања, сега се уште поголеми разочарувања.

Дека ова е уште една голема лага и дека тешко лажливците го менуваат својот карактер говори оваа прес конференција кога градоначалникот на Струмица пред повеќе од 8 години ќе најави дека успешно е завршена продажбата на 396.000 м2 градежно земјиште, ќе се граделе нови 16 фабрики, 12 од домашни инвеститори, 4 од странски и ќе се отвореле нови 1.500 работни места за струмичани и за околните општини:

https://m.youtube.com/watch?v=QxxDc8D0rtA

А каква е реалноста 8 години потоа:

https://tv21.tv/…/arsovski-tuka-zaev-vetuvashe-16-fabriki-…/

А дека изградбата на новиот клинички центар всушност е уште еден обичен обид за пљачка, криминал и богатење на тие истите што и сега блескаат, говори објавениот јавен повик за конкурентен дијалог. Имено, во минатото додека Зоран Заев го распродаваше националното достоинство, го менуваше законот за јавни набавки и тоа, најпрвин го укина Советот за јавни набавки, а потоа го укина критериумот најниска цена и стави акцент на субјективната категорија квалитет.

Почитувани, се подготвува најголемата пљачка во поновата историја на Република Македонија од половина милијарда евра, пари кои ќе се обезбедат од заем и ќе ги плаќаат сите граѓани и полека, но сигурно ја носат Македонија во должничко сценарио. Доказ за тоа се сликите во прилог на оваа објава.

За проектите во енергетиката, далноводот кон Албанија, Чебрен, гасификацијата ќе зборувам во следните постови. Месеци ја делат Македонија од вистинска #ОбноваНаМакедонија, да покажеме дека веќе нема место за повластена политичка каста, туку за политичари кои ќе служат на граѓаните и Македонија, а тие кои се огрешиле пред законот и се посрамотиле пред граѓаните да понесат одговорност!

MickoskiХристијан Мицкоски-Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top