На прво место

Јанева е институционалниот извршител на милионскиот рекет

Прес на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Снимката која ја емитуваа италијанските медиуми е крунски доказ дека Јанева е институционалниот извршител на милионскиот рекет

Правда во Македонија нема и нема да има се додека судот и обвинителството работат по политичка нарачка на аболицираниот Заев.

Денеска целата јавност го виде тоа за кое што се говореше и пишуваше со недели и месеци.

Италијанскиот весник „Ла Верита“ објави снимка од која јасно се гледа како Боки 13 или по ново Боки Тредичи зема милион ипол евра и во име на Катица Јанева ги договара чекорите кои ќе ги превземе СЈО во случајот „Империја“.

После денешната снимка станува јасно зошто истрагата тапка во место, а Русковска заедно со Катица Јанева се на одмор.

Невозможно е целата јавност да зборува и да знае за рекетот, само Вилма Русковска да не знае што се случувало!

Невозможно е целата јавност и медиумите да говорат за улогата на Катица Јанева, Кики, Фрики, Шеки и останатите, а Вилма Русковска да не слушнала ништо.

Невозможно е да исчезнуваат суштински докази во предметот, да се губат и форматираат телефони и компјутери, а Русковска да ја врти главата без некој да и каже да го прави тоа.

Дури и обвинител почетник би ги поврзал конците, би пресметал колку се два и два и би се потрудил да ги обезбеди доказите и за останатите инволвирани.

Денеска гледаме дека Русковска цел месец само ја замајува јавноста и се труди да ја минимизира политичката штета по Заев, обидувајќи се да ги прикрие трагите, наместо да ги докажува сомненијата за останатите инволвирани.

Цел месец Русковска се труди да не убеди дека Боки Тредичи сам влегувал во домовите на бизнисмените и без ничија поддршка изнудувал милиони евра.

Одговорност за овој меѓународен скандал мора да има. Одговорност мора да има за извршителите и за нарачателите, но одговорност мора да има и за  оние кои го покриваат криминалот целиот овој изминат период. Исто така одговорност мора да има и од  Русковска затоа зошто одлучи да не покрене истрага и против Катица Јанева, и против Кики и Фрики. Со што тие ја имаат задолжено неа или Зоран Заев? Имаат ли дополнителни информации за криминалите на власта?

Почитувани,

На снимката јасно се слуша разговорот на Боки 13 во кој вели: „Нема да употреби Катица сега никакви вонредни правни лекови да го продужува и да го одолговлекува моментот, во понеделник или вторник сте на слобода“.

Снимката која ја емитуваа италијанските медиуми е крунски доказ дека Јанева е институционалниот извршител на милионскиот рекет. Но и дека Боки 13 и Кичеец се само пипките на криминалниот октопод на власта. Овде се работи за злосторничко здружување од судии, обвинители и политичари, кои со години харале низ државата и уценувале. За ова одговорност мора да има веднаш.

Пет месеци по настанот, гледаме дека се што Боки 13 ветил и се остварило. Имено исто како што ветува во снимката, барањето за укинување на мерката притвор е одбиено од Апелација. Дополнително одлуката на Врховен суд за укинување на притворот е донесена во понеделник, на 4-ти март. Значи буквално исто онака како што ветува.

Наместо на плажа, Јанева сега требаше да се наоѓа во притвор. Вилма Русковска треба да одговори зошто дозволи Катица Јанева да се шета на слобода, со целосно одврзани раце да влијае на сведоци и уништува докази, да го повтори делото, па дури и да се впушти во бегство.

Русковска треба да одговори дали свесно ја оставила Јанева на слобода за истата да уништува докази, за што постои отворен сомнеж во јавноста дека истото и го направила. Имено Јанева првин тврдеше дека го загубила телефонот, за подоцна истиот да и биде пронајден кај девојката на нејзиниот син, за на крај да се испостави дека истиот е форматиран.

Почитувани,

Од снимката се гледа и слуша дека Боки и Кичеец се само обични извршители, а вистинските организатори се други. Ваков милионски рекет кој траел со години, а бил вршен со помош на уцени и ветувања за слобода или затвор директно од Катица Јанева, не може, а да не бил со амин на Зоран Заев, кој ја има апсолутната власт во Република Македонија.

Зоран Заев, СЈО и ЈО на Русковска по денешната снимка се целосно компромитирани и не компетентни да бидат носители на функција. Потребна е итна оставка на владата и организирање на предвремени парламентарни избори.

https://makfax.com.mk/makedonija/

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top