На прво место

Зоран Заев-“Јас сум чесен човек, и имам свое достоинство…”,

Mickoski

MickoskiХристијан Мицкоски

Зоран Заев-“Јас сум чесен човек, и имам свое достоинство…”,

беше тоа во еден прозаичен момент кажано, колку народот да поверува во чесноста и напатеноста на Зоран Заев, со една егзалтирачка смиреност и со рака ставена на срце, само како што тој знае. Претходно не уверуваше дека е дојден на оваа позиција затоа што има повисока цел, во случај некој да се поколеба и случајно да помисли дека се бори за премиер поради бизнисите и фирмите на семејството. Ова го споменувам не со намера да си поиграм со неговите чуства, туку да ги прикажам во вистинско светло лагите со кои се опслужува неговото работеНо сега да ги оставиме на страна маските кои Заев си ги менува по потреба, да се фокусираме на реалноста. А таа е дека како на тацна имаме сервиран криминален октопод, разголен и размонтиран речиси до последната келија. Главната закана и пречка за правдата во Македонија е токму врхушката на власт од која тој криминален октопод со сите негови учесници од првиот до последниот ја наоѓа својата сила. Ако веќе првите луѓе на власта се криминалци, молкот на заспаното обвинителство и судство кажува дека се нивни најверни слуги. Сега е јасен отпорот на Заев за реформите во обвинителството, јасни се и притисоците кон газдите на медиумите кои под дамаклов меч на партизираното судство и обвинителство мора да известуваат за работата на владата, а секоја критика мора да биде дозирана, иако голем дел од медиумите покажуваат пркост достојна за почит.

Никој не верува во оние алиби соопштенија на владата, ниту пак во правдањата на комрпомитираното СЈО, а уште помалку на оние правдачки и помалку комични настапи на злоупотребеното момче портпарол. Вистината е дека владата под маската за борба против криминал создаде и штити криминал. Таквото толерирање на криминал веќе прераснува и во навреда на интелегенцијата на граѓаните. Симплифицирано ова би значело, Катица, која е пуленот на Заев, треба да почекаме да се врати од “боледувањето” кое случајно го врви на море кај јужниот сосед, со надеж дека можеби и ќе залади за да се одоброволи да даде изјава за нејзиното учество во милионскиот рекет.

Кики и Фрики се заштитените светињи, не затоа што се невини, туку затоа што блиску до врхушката на власт, а Заев ако треба и би жртвувал по некој само за да се спаси себе си. Знаеме дека ова не е изолиран случај, туку случајот Рекет е само камче од системот на криминал и корупција кој владее во Република Македонија. На површина ќе излезат и заканите кон многу други луѓе кои оваа власт ги праваше. Но главното прашање е што добија граѓаните од сето ова? Упропастена надеж, изгубена верба, разочарување и стагнација. Македонија е трета година под власт на Заев, а е секој ден се подалеку од портите на ЕУ. Сега е совршено јасно зошто нема датум за преговори, затоа што во ЕУ првите луѓе на владите не произведуваат криминал, тие се борат против него. Алармантна е состојбата во економијата, здравството, образованието, странските инвестиции, енергетиката, јавните финансии. Паричниците на Заевци се пополни, но на граѓаните се попразни. Одговорот лежи во смена на оваа власт. И тоа не смена само поради смена, туку промена поради обнова на Македонија. На почетокот споменав две работи од изјавите на Заев, првата е јасно дека човекот не е чесен, во куфер политика нема чесност и втората околу достоинството, не верувам дека знае што е тоа достоинство. Затоа што тој истиот тргуваше со достоинството на цела држава. Името, идентитетот, рекетот, крвавите тендери, плантажите со марихуана, распродажбата на нашите херои….сето ова не го прави човек со достоинство.

Андриќ ќе напише, мирот и спокојот, се единственото богатство и најголемо достоинство за скромните и без временски луѓе. Заев со своите дела нема да има ниту мир, ниту спокој. Затоа што се во животот е бумеранг, или како што нашиот народ ќе рече тоа што ќе посееш, тоа ќе ожнееш.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top