На прво место

ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА КОЈА СЕ НАОЃА ВО ОПАСНОСТ

doom
????????????????????????????????????

doom 1Македонска нација

ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА КОЈА СЕ НАОЃА ВО ОПАСНОСТ ДА БИДЕ ПРОМЕНЕТА ВО ПОЛЗА НА НАШИТЕ НЕГАТОРИ

Од среда 14.8.2019 година во електронското списание на „Македонска нација“  во рубриката „Историја“ читајте го ексклузивниот историски фељтон под наслов: „МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД“ од Александар Донски. Во фељтонот (кој ќе излегува во продолженија секоја среда) ќе бидат претставени автентични сведоштва и документи  за македонското национално самосознание на револуционерите во Илинденскиот период. Меѓу другото ќе прочитате дека:

Бугарските весници во 1905 година жестоко ја напаѓале македонската револуционерна дејност на Гоце Делчев, а овие податоци  денес се кријат од пошироката јавност во Бугарија! Ќе прочитате автентични написи од овие весници од тоа време во кои се напаѓа Гоце Делчев!

Водачот на Илинденското востание Борис Сарафов во своите интервјуа за странски весници, давани пред и по востанието,  сосема јасно тврдел дека Македонците не се ни Бугари ни Срби, туку само Македонци! За ваквите негови ставови пишувале и странски новинари, а овие изјави целосно ќе бидат претставени во фељтонот. Ќе прочитате и зошто Сарафов (за кого Крсте Мисирков напишал дека бил „идол на Македонскиот народ“) неправедно беше оцрнет од македонската комунистичка историографија само затоа што бил десничар. Овде нападно се поставува прашањето до бугарските историчари: како е можно сите илинденци да биле „Бугари“, а нивниот водач, кој им бил идол, да се декларирал себеси како Македонец!?

Претседателот на Крушевската република Никола Карев во интервју за грчки весник јасно себеси се декларирал како потомок на античките Македонци!

Водачот на Горноџумајското востание од 1902 година полковник Атанас Јанков (инаку етнички Македонец, кој подоцна учествувал и во Илинденското востание), пред почетокот на востанието до востаниците упатил еден од најпатриотските говори во македонската револуционерна историја, кој во целост гласи: „Македонци! Сетете се за светскиот победител, за свет¬ската слава на Македонија – великиот Александар Македонски! Се¬тете се за храбриот цар Саму¬ил, македонскиот великан, за прек¬расниот Марко Крале, општо¬слвенската слава – дека во сите нив течела македонска крв. Тие сега од небесните височини бдеат над нас и го благословуваат нашето започнато дело. Да се покажеме како нивни достојни потомци!“ Денес во Бугарија овој повик се крие од пошироката јавност.

Директни изјави и посредни сведоштва  за македонската  национална свест на војводата Благој Биринчето, Димитар Мирасчиев, Јордан Ангелов, Матеј Геров и други.

Признание од бугарскиот егзархиски агент Ефтим Спространов, кој во ноември 1903 година разочарано констатирал дека дека Македонците (цитат): „со мака го учеле бугарскиот јазик“.

Бројни сведоштва од странски автори кои ја посетиле Македонија во илинденскиот период при што јасно сведочеле дека народот овде се национално се определувал како Македонци.

Сведоштва за подготовката за отворање училишта на македонски јазик во илинденскиот период и многу други повеќе или помалку познати сведоштва, кои никого нема да остават рамнодушен.

Авторот Донски овој фељтон го посветува на академик Блаже Ристовски (1931 – 2018) од чии дела се преземени добар дел од изнесените факти.

Фељтонот „МАКЕДОНСКОТО НАЦИОНАЛНО САМОСОЗНАНИЕ ВО ИЛИНДЕНСКИОТ ПЕРИОД“ ќе претставува и сериозно предупредување до нашата историска Комисија која преговара со своите бугарски колеги околу македонската историја да ги третираат и историските факти кои овде се изнесени.

Најново од: На прво место

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

To top